РК Алкалоид

Член од
13 август 2023
Мислења
1.017
Поени од реакции
2.524
Според мене треба да остане уште сезона-две Митев во Алкалоид.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.393
Поени од реакции
7.041
Не знам дали е исправен потег или не, тешко е да се каже. Од една страна не ми се допаѓа многу, што прв трансфер па одма во двата тима што се борат за титула во најјаката лига во светот. На сличен начин се зафркнаа Кузмановски и Талески. Ако веќе одиш во бундеслига, подобро е да тргнеш од послаба екипа каде што сигурно ќе играш. Од друга страна факт е дека и Мелсунген и Магдебург имаат итна потреба од играч со карактеристики како Митев заради тешките повреди на нивните слични играчи. Тоа може да значи минутажа веднаш и можности да се докаже, какви што можеби инаку не би му се укажале.

Во секој случај, добро е што има можности за напредок. Само здравјето да го служи, а за тоа бундеслигата има лоша историја, а со оглед на стилот на игра на Митев, не знам искрено како е најпаметно да постапи. Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.107
Поени од реакции
10.144
Tоа се врвни тимови кои имаат свој концепт и игра, која мислам дека одлично ќе му одговара на Митев. Тамо за секој ракометар се знае што прави во одредено време. Посебно Магдебург цепа доста брз ракомет, што отвара многу рупи кај противникот кои Митев и тоа како би ги користел. Поентата е дали би добивал реално шанса покрај врвни ракометари. Ако не, итекако ќе стагнира во кариерата. Колку помалку играш тоа е погубно. Многу таленти така си поебале кариера па после пробувале да го направат потегот кој требале да го направат претходно. Једино оваа ситуација каде Магдебург има проблем со повреди па Митев да проба да ја искористи на најдобар можен начин и да се наметне.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.910
Поени од реакции
2.946
Не знам дали е исправен потег или не, тешко е да се каже. Од една страна не ми се допаѓа многу, што прв трансфер па одма во двата тима што се борат за титула во најјаката лига во светот. На сличен начин се зафркнаа Кузмановски и Талески. Ако веќе одиш во бундеслига, подобро е да тргнеш од послаба екипа каде што сигурно ќе играш. Од друга страна факт е дека и Мелсунген и Магдебург имаат итна потреба од играч со карактеристики како Митев заради тешките повреди на нивните слични играчи. Тоа може да значи минутажа веднаш и можности да се докаже, какви што можеби инаку не би му се укажале.

Во секој случај, добро е што има можности за напредок. Само здравјето да го служи, а за тоа бундеслигата има лоша историја, а со оглед на стилот на игра на Митев, не знам искрено како е најпаметно да постапи. Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата.
А и многу пари нудат швабите за Митев, тешко дека Алкалоид ќе одолее на таква сума. :D
Дупло од тоа што Рајн Некар плати за Талески во 2017.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.267
Поени од реакции
6.560
Мислам дека не би му било паметен потег во овој момент. Послаба лига или тим во Германија кој се бори за опстанок би му годело многу повеќе.
Марко има само 21 година, сеуште не е завршен со физичкиот развој, а Германската лига е многу физичка, тактиката е секундарна.
Како што кажа погоре @Xsago на сличен начин се изгореа Тале и Фитиљ. Мудар човек учи од туѓите грешки.
 
Последно уредено:
Член од
11 август 2017
Мислења
567
Поени од реакции
514
А и многу пари нудат швабите за Митев, тешко дека Алкалоид ќе одолее на таква сума. :D
Дупло од тоа што Рајн Некар плати за Талески во 2017.
Ист менаџер мислам имаат сите тројца
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.868
Поени од реакции
7.598
Милош Павичевиќ од Црна Гора му е менаџер на Митев, исто и на Талески и Кузмановски.

Има човекот јаки контаки во Германија, скоро сите трансфери на Балканци во Бундеслига се реализирале преку него, пред некоја година беше главен во рекордниот трансфер на Волф од Кил во Киелце.
Се плетка и во фудбалскиот свет и работи со одредени фудбалери, знам дека Дарко Велковски од Вардар го однесе во Ријека.

Стварно добро првенство имаше Марко и не е некое чудо што се поврзува со такви клубови, се надевам само ќе донесе правилен избор и нема да ја повтори грешката на Талески и Кузмановски.
И јас како и повеќето сум против трансфер во Магдебург, не е некоја филозофија, за играч од 21 година да се развива потребно е да има минуажа и секако битна улога во тимот, тешко дека тоа ќе го добие во клуб кој атакува на освојување на Бундеслига и Лига на шампиони.

Треба и медиумите наши и публиката да стават малку прст на чело и да не ја повторат грешката што беше направена со Талески и Кузмановски, не е потребен преголем хајп и правење лажна слика за квалитетот на играчот, само штета му се прави така.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.637
Поени од реакции
2.726
ако прашаме 100 ракометари на возраст од митев дали би потпишал договор со барцелона,веспрем или магдебург сите ке одговарат да ......јас не би праел споредба со нашите туку со Карабатиќ кој на 21 г отиде во Кил екипа шо дрмаше и полна со звезди па успеа....полесно е да играш со магнусон и другите во герм отколку со серафимов и компанија.
 
Тоа не го прави потенцијалниот трансфер добар.

Талески имаше шанса да игра со Шмид во своите најдобри години, со Петерсон, со Раинкинд, со Пекелер, со Мадс Менсах па апсолутно ништо не покажа. Светска класа тим имаше тие години РНЛ на располагање, не за џабе освојуваа неколку сезони по ред.

Најслабите тимови на табелата во Германија, средина на табела тимови во Франција, па дури и првите неколку шпански тимови кои играат во европа (а не се викаат Барселона) би биле многу попогодна средина според мене за Марко во овој момент.

Дај боже да грешам, меѓутоа искуството од минатото покажува дека е поверојатно дека ќе искочам во право.
 
Овие горе шо ги наброја никогаш не беа повредени Во магдебург имат доста повредени,швајцарецот ,феликс ,магнусон,бергендал повредени ,само гисли и вебер играат,дамгард мислам до налето е и мала минутажа имат ,митев утре да одит парче ке прает со исланџанецот....
едно време тренерот ги фаворизираше само ислаџаните смарасон/гисли/магнусон па внатре имаше мал проблем
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2022
Мислења
229
Поени од реакции
740
Овие горе шо ги наброја никогаш не беа повредени Во магдебург имат доста повредени,швајцарецот ,феликс ,магнусон,бергендал повредени ,само гисли и вебер играат,дамгард мислам до налето е и мала минутажа имат ,митев утре да одит парче ке прает со исланџанецот....
едно време тренерот ги фаворизираше само ислаџаните смарасон/гисли/магнусон па внатре имаше мал проблем
Не само ова туку доста има разлика меѓу митев и двајцава. Митев е стварно машина и повеќе личи на Лазаров него Талески. Митев веќе 2 првенства со ред игра премногу зрело и се гледа дека е играч шо реално кај нас се раѓа ретко.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom