РК Алкалоид

Член од
6 февруари 2011
Мислења
640
Поени од реакции
2.641
Павле нема минутажа во напад но сепак заслужи да добие повик, во одбрана доста напреднат е, колку има досега 6-7 натпревари од лига на шампиони каде што изигра добри минути на позиција 3 и 4.

Незнам Лазаров како не гледа дека браќава ни се со најдобар потенцијал од младиве за да прераснат во играчи какви шо сакаме и никогаш сме немале, добри во два правци, а особено добри во одбрана, ко питбули се двата (тука има голема заслуга Јовиќ).

Мене чудно ми е шо Цветан е прва постава пред Петар во реп, во ситуација кога имаме 2 средни бека Митев и Ѓоргиев кој не можи да играат во одбрана на 5ка, а Петар е роден за таа позиција.
Целосно се согласвам, мора Павле да добива некоја минутажа во напад, за одбрана можи да се речи дека е и клучен играч, знај и фластер да изигра како лепенка е. Цветан има напредок исто како и Џонов максимално ги искористи сезонова минутите кој и да игра на лево крило е заслужено. Мора максимално форсирање на браќата имат страшен потенцијал.
 
Член од
22 ноември 2021
Мислења
55
Поени од реакции
24
Емилијан Ѓорѓовски би им дошол како кец на десетка.
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
640
Поени од реакции
2.641
Емилијан Ѓорѓовски би им дошол како кец на десетка.
Па веќе ако не добива минутажа во Пелистер, подобро да оди во Алкалоид. Припремите ги помина Емилијан скоро прва постава се изнаигра ,баш и Јовиќ имаше изјавено дека сметат на него , но од ко почна сезоната доби ептен скромна минутажа.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.669
На Алкалоид му фали некој искусен играч на бековска позиција, кој успешно ќе ја разигрува екипата и ќе биде ментор на овие играчи, сите ќе бидат ниво погоре доколку ангажираат таков играч.
Пробаа со Бинго, ама тој е крилен играч, неопходен им е таков бек.
 
Член од
23 март 2017
Мислења
313
Поени од реакции
521

Купуваат голман и крило глупост невидена, наместо три класа бекови да купат среден,десен и лев бек…….на овој тим му се потребни само три класа бекови а за тоа имаат пари ама треба некој да знае каде да ги вложи , од сите 100 десни бекови кој ги имаат у тим ниеден квалитетен.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.536
Поени од реакции
3.736
Емилијан Ѓорѓовски би им дошол како кец на десетка.
Не верувам дека би го носел Кире сега затоа што сакаа да го земат како и секој друг играч од КЛ7 кога ја спука работата со Ѓоргоновски и газдата на Голден Арт и решија да го формираат Алкалоид со Мукаетов, меѓутоа Емилијан ги одби за да оди во Пелистер. Затоа мислам и дека Кире го игнорираше за репрезентативни повици потоа, веројатно сметаше дека сите од КЛ7 природно ќе си дојдат во Алкалоид. Исто и лани ги бараа браќата Атанасијевиќ ама овие ги одбија.

Во однос на засилувањата на бековските позиции, од муабети на луѓе околу клубот, намерно не е донесен ниту еден странец на бек годинава затоа што Кире сака да ги развива како играчи сите од тие позиции и за во репрезентација и смета дека ако донесе странец бек ќе му се повторува сликата од Металург кога секоја година носеа по еден добар бек, прво Божовиќ, па Обрадовиќ и на крај Јагањац и секоја година играта на нашите таленти кои им беа соиграчи на овие им се состоеше од барање на овие тројца по секоја цена да ги завршуваат нападите. Тотална контрола на нападите имаа они во однос на тогашните Талески, Кузмановски, Танкоски... Вака Кире сака да ги остави сами на себе да се научат да решаваат напади бековите кои сега ги има на располагање.
 
На Алкалоид му треба играч каков што е Емилијан.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.669
Тешко се носат со посериозни противници, рутинска победа на Војводина.
Никола Маркоски сам во контра прави чекори. :facepalm:
 
Член од
19 април 2023
Мислења
144
Поени од реакции
158
Тешко се носат со посериозни противници, рутинска победа на Војводина.
Никола Маркоски сам во контра прави чекори. :facepalm:
Ова ли е клуб за Лига Европа. Се уште не се дораснати.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.669
Галевски солидно прво полувреме. :)
Овие Ла Риоха не се нешто посебно, ова е шанса Алкалоид да дојде до прва победа.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.669
Марко Митев :bravobe:
10 комада им стегна, страшна партија одигра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom