Не верувам дека би го носел Кире сега затоа што сакаа да го земат како и секој друг играч од КЛ7 кога ја спука работата со Ѓоргоновски и газдата на Голден Арт и решија да го формираат Алкалоид со Мукаетов, меѓутоа Емилијан ги одби за да оди во Пелистер. Затоа мислам и дека Кире го игнорираше за репрезентативни повици потоа, веројатно сметаше дека сите од КЛ7 природно ќе си дојдат во Алкалоид. Исто и лани ги бараа браќата Атанасијевиќ ама овие ги одбија.
Во однос на засилувањата на бековските позиции, од муабети на луѓе околу клубот, намерно не е донесен ниту еден странец на бек годинава затоа што Кире сака да ги развива како играчи сите од тие позиции и за во репрезентација и смета дека ако донесе странец бек ќе му се повторува сликата од Металург кога секоја година носеа по еден добар бек, прво Божовиќ, па Обрадовиќ и на крај Јагањац и секоја година играта на нашите таленти кои им беа соиграчи на овие им се состоеше од барање на овие тројца по секоја цена да ги завршуваат нападите. Тотална контрола на нападите имаа они во однос на тогашните Талески, Кузмановски, Танкоски... Вака Кире сака да ги остави сами на себе да се научат да решаваат напади бековите кои сега ги има на располагање.