Пчеларство

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Населба Илинден. Иначе ако ги одгледувам планирам да живеам таму, кај и да биде тоа на негде 2 Км максимум одалеченост. Со колиба направена таму за работа.
Дали 5 декари фацелија ќе бидат доволни за 50 дупли?
Автоматски споено мислење:

Сега прочитав...500 Кг на 5 декари, што е добро. Би земал може под наем уште 5, за некои 100 евра годишно и таман ќе биде.
Рачунај и други пчели ќе ти собираат таму, нема сите 500кг да се за твоите пчели :D
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Нема во радиус од 2 Км пчели така да е ок од таа гледна точка. Иако јас си размислувам за некои 20 и кусур год. ова да биде, а во меѓувреме да научам се што има за нив. Иначе само со матична млеч ќе се хранам ако имам толку пчели :D
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Нема во радиус од 2 Км пчели така да е ок од таа гледна точка. Иако јас си размислувам за некои 20 и кусур год. ова да биде, а во меѓувреме да научам се што има за нив. Иначе само со матична млеч ќе се хранам ако имам толку пчели :D
За 20 години од сега да сме здрави и живи, можеби ќе се најдат сорти што сами ќе се опрашуваат + мед да се прави во лабораторија со ист состав како природниот :)

Ете скоро и да имаат откриено вештачко производство на месо со ист вкус како од прасе, може и за ова ќе најдат чаре до тогаш :D
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
За 20 години од сега да сме здрави и живи, можеби ќе се најдат сорти што сами ќе се опрашуваат + мед да се прави во лабораторија со ист состав како природниот :)

Ете скоро и да имаат откриено вештачко производство на месо со ист вкус како од прасе, може и за ова ќе најдат чаре до тогаш :D
Муабетот ми беше за во пензија. Сега немам волја а и сакам да се одморам искрено, а и да спортувам барем два саати дневно. Да сум со плата под 30 бона и да ми е тешка работата не би размислувал за пчеливе.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
За 20 години од сега да сме здрави и живи, можеби ќе се најдат сорти што сами ќе се опрашуваат + мед да се прави во лабораторија со ист состав како природниот :)

Ете скоро и да имаат откриено вештачко производство на месо со ист вкус како од прасе, може и за ова ќе најдат чаре до тогаш :D
Мене искрено ми се допаѓа неговиот приод кон работата, има желба, има пари, а и место има! Нема да крпи и да шкртари дали да купи сандаци од тишлер или српски! Плус неколку години ќе се едуцира, макар што книга и интернет е друго а преставата у живо е сосема друго.
Скиснато ми е веќе од сиромаси, искрено да ти кажам! Се мачат самите, пчелите ги мачат и се околу нив.
А тоа со лабораторискиот мед, може само плус да биде! Вистинскиот ќе има минимум тродупла цена!
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Мене искрено ми се допаѓа неговиот приод кон работата, има желба, има пари, а и место има! Нема да крпи и да шкртари дали да купи сандаци од тишлер или српски! Плус неколку години ќе се едуцира, макар што книга и интернет е друго а преставата у живо е сосема друго.
Скиснато ми е веќе од сиромаси, искрено да ти кажам! Се мачат самите, пчелите ги мачат и се околу нив.
А тоа со лабораторискиот мед, може само плус да биде! Вистинскиот ќе има минимум тродупла цена!
Шумарски факултет имам, сандаците ако сакам најубави во цела околија ќе ги направам :D Имам циркулар и секаква можна направија, од убодна пила, гер до компресор.
Плус се разбирам и од лимарија и фарбање....татко ми беше автолимар/лакер, и јас покрај него.
Се разбирам и од земјоделие :LOL:
Сам со две раце се би работел.
Проблем со вода ќе има, ама ќе им носам со цистерна ако треба.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Мене искрено ми се допаѓа неговиот приод кон работата, има желба, има пари, а и место има! Нема да крпи и да шкртари дали да купи сандаци од тишлер или српски! Плус неколку години ќе се едуцира, макар што книга и интернет е друго а преставата у живо е сосема друго.
Скиснато ми е веќе од сиромаси, искрено да ти кажам! Се мачат самите, пчелите ги мачат и се околу нив.
А тоа со лабораторискиот мед, може само плус да биде! Вистинскиот ќе има минимум тродупла цена!
Не е за сиромаси муабетот, од тоа што јас можам да го проценам мислам дека најидеално би му било да си бара работичка со убава плата по можност на државно и да не се замара да влегува во „земјоделските води“ и во пчеларството, бидејќи во тој свет ќарот и зијанот се браќа и не секогаш излегува математиката како што ја прави тука.
Колку и да не треба да ги гледаш пак си бараат внимание, а знаеш како викаат, жива стока мртов газда. Инвестиција треба, знаење треба и пак си оставен на милоста на природата.

Јас не штедев на ништо од страна на опрема, купив центрифуга уште пред да ги кренам до 10 семејства, купив сандаци уште од старт за 3 години однапред, се убив читање и гледање видеа исто како што ве гледам и вас на темава, не штедев буквално на ништо, зедов да се замарам и за нова локација за да ги пријавам за био мед, секоја недела кај нив фрлив еден куп пари за гориво и заборавив на слободни викенди и пак не успеав да ја предвидам годината кога болест не осакати цел регион и имавме сите огромни загуби (над 20 семејства во 1 месец) + истата година 2 семејства ми настрадаа од стршлен (демек ај убаво било летно време да им се отворат влезовите за да нема успорување кога се враќаат товарени и ги тргнав пластиките што се за заштита). 3-4 години беа катастрофа со мед не само кај мене туку скоро секаде (едната дожд не прекина цела пролет, другата суша), субвенциите тогаш беа пониски и само ако имаш над 34 семејства ако добро памтам (знам дека ризикував 2 години и не зедов воопшто мед одев само на роеви за да ги кренам до таа бројка) и ми дојде преку нос затоа и ги продадов.
Би се нафатил пак да чувам само ако некогаш дочекам пензија и имам време да гледам 10тина семејства чисто колку за да го тепам времето, по можност поблиску до дома колку да ми соберат мед за домашни потреби и за релаксација.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Што и да садиш во тие 5 декари или 2 колку и да се, основно е што имаш околу. Плус пресметка колку е далеку од дома, пристап, вода, ориентација! Каде ти се тие 5 декари?
Фацелијата му дава многу лоша боја на медот, а и нема толку значителен принос како што се рекламира. Плус ако сакаш да се откачиш тешко се искоренува, ќе расте уште најмалку 2-3 години од семето што го пушта.
Would not recommend.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Фацелијата му дава многу лоша боја на медот, а и нема толку значителен принос како што се рекламира. Плус ако сакаш да се откачиш тешко се искоренува, ќе расте уште најмалку 2-3 години од семето што го пушта.
Would not recommend.
На времето јас засеав малку 100-150 м2 до пчеларникот, не цветаше којзнае како, ама имаше цвет! Точно 2-3 години никнеа после по неколку корена! А за боја, јас имав доста такви растенија како синап, брест, чајлија кои не се баш по убавина на бојата, така да фацелијата немаше пресудно влијание ;)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Фацелијата му дава многу лоша боја на медот, а и нема толку значителен принос како што се рекламира. Плус ако сакаш да се откачиш тешко се искоренува, ќе расте уште најмалку 2-3 години од семето што го пушта.
Would not recommend.
Фацелијата е префалена, ништо повеќе. Не меди подобро од ливадската жалфија или комуниката.
За искоренување не е проблем. Едногодишно растение е, со косење не се дозволува формирањње на семе и проблемот е решен.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Фацелијата му дава многу лоша боја на медот, а и нема толку значителен принос како што се рекламира. Плус ако сакаш да се откачиш тешко се искоренува, ќе расте уште најмалку 2-3 години од семето што го пушта.
Would not recommend.
Две прашања до вас поискусните пчелари!
1- Не ми успеа со родни дрвца и сакам да посадам медоносни! Багрем нејќам оти знам каква зараза е, од овие новиве како колреутерија, еводија и слично имате искуство?
2- Кој има искуство од чување пчели во двор? Јас сакам да ги кренам на платформа едно 4 м повисоко од кај што обично се движиме ние! Од страна имам бариери од мрежа(зелената), летиштето е кон празен простор каде нема движења!
Кога бев мал имавме пчеларник со трмки на 10 метри од куќата и ако не ме чешаше да ги р'чкам, никогаш немавме проблеми! Сакам да чујам ваши искуства, теорија знам ;)
Се работи за 5-6 семејства(пчели, не луѓе:D)
 
Далеку од искусен, ама ајде веќе кога си ме цитирал...

Гоџи бери (Магарешки Трн во паланечко) е доста медоносно и апсолутно никакво замарање нема. Можеш покрај зелената ограда да ги засадиш и нема да ти сметаат ќе испадне нешто како жива ограда. За еводија многу ја зборат ама не сме пробале.
Немаш никаква потреба да ги ставаш на платформа доколку излезот не им е свртен према фреквентно место за поминување. Се додека не ги закачаш немаш гајле дури и на 5 метри од нив да си поминуваш. Може да ти дојде некоја случајно за време на ручек или навечер ако седите со запалена сијалица ама ништо страшно.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
Две прашања до вас поискусните пчелари!
1- Не ми успеа со родни дрвца и сакам да посадам медоносни! Багрем нејќам оти знам каква зараза е, од овие новиве како колреутерија, еводија и слично имате искуство?
2- Кој има искуство од чување пчели во двор? Јас сакам да ги кренам на платформа едно 4 м повисоко од кај што обично се движиме ние! Од страна имам бариери од мрежа(зелената), летиштето е кон празен простор каде нема движења!
Кога бев мал имавме пчеларник со трмки на 10 метри од куќата и ако не ме чешаше да ги р'чкам, никогаш немавме проблеми! Сакам да чујам ваши искуства, теорија знам ;)
Се работи за 5-6 семејства(пчели, не луѓе:D)
За под еден би ти советувал фацелија, по посетена билка во време на цветање не сум видел, исто ко багремот, а и доста медоносна е, јас во близина на пцеларникот имам посадено 10 декари и каква милина е да ги гледаш, мислиш во сандуците не останало пчела која не отишла по нектар.Медот од фацелија е светол и има некко посебен вкус,се разбира убав вкус.

За во двор не е добра идеја доколку не си некаде на крај на населба и нема жители и комшии околу тебе, Како прво во двор кога ке работиш со нив стануват агресивни ,пример ставаш сотни основи, менуваш матици, појава на грабежи, прихрана,прегледи .... итн , се тоа си бара работа а со тоа и почесто отварање а на тоа и поголема агресивност. Јас имав таков пример кога пчелите ми беа во двор , на неколку пати комшијата и неговата фамилија добиваа убоди, па бев принуден да ги отселам пчелите , сега пчеларам на две локации надвор од населено место и по безбедно е.Друга опасност е нели сите имаме по некое овошно дрво во двор, па така лугето ако не сите пола ги прскат со пестициди во време на цвет и така ете ти помор на пчелите,некои прскат ја тревата за да ги исчистат дворовите ете пак проблем. Предност во двор е само таа што ти се достапни во секое време, дома ти е алат, опрема и полесно е за работа. Мој предлог што подалеку од населено место .Медно и секое добро
 
За фацелија немам услови, ќе мора некое дрво колку за да биде ем убаво ем корисно.
Комшии имам, ама живеам во викенд населба и само од една страна имам комшија на 15-20 метри, од другите страни е празно. Нормално и јас и жената сме во дворот.
Прскање нема, или минимум. Не планирам така агресивно да пчеларам, макс 10 семејства од кои само 5-7 ќе бидат на платформа која е подигната над земја доста. Со тоа планирам трасата на летање да им ја кренам над куќите.
Знам јас дека е добро да е подалеку, ама бара време и услови. Ќе пробам па ќе ви пишам искуства ;)
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
4.314
Поени од реакции
2.840

За дрва не ти е лошо да посадиш лешнике. Добро е што уште во февруари ќе имаат полен од нив што може да е многу добро за ран развој. Плус ќе си имаш лешнике за јадење па и за продавање. Одржување скоро и да немаат. Е сега “проблем“ е што тек после мин 3-4 год ќе имаш плод и ќе потпораснат но сепак вреди. Јас 15 посадив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom