За  под еден би ти советувал фацелија, по посетена билка  во време на цветање не сум видел, исто ко багремот, а и доста медоносна е, јас во близина на пцеларникот имам посадено 10 декари  и каква милина е  да ги гледаш, мислиш во сандуците  не останало пчела која не отишла по нектар.Медот од фацелија е светол и има некко посебен вкус,се разбира убав вкус.
За во двор  не е добра идеја доколку не си некаде на крај на населба и нема жители и комшии околу тебе, Како прво во  двор кога ке работиш со нив  стануват агресивни ,пример ставаш сотни основи, менуваш матици, појава на грабежи, прихрана,прегледи .... итн , се тоа си бара работа а со тоа и почесто отварање  а на тоа и поголема агресивност. Јас имав таков пример кога  пчелите ми беа во двор , на неколку пати  комшијата и неговата фамилија добиваа убоди, па бев принуден  да ги отселам пчелите , сега пчеларам на две локации надвор од населено место и по безбедно е.Друга опасност е  нели сите имаме по некое овошно дрво во двор, па така лугето ако не сите пола ги прскат со пестициди во време на цвет и така ете ти помор на пчелите,некои прскат ја тревата   за да ги исчистат дворовите  ете пак проблем. Предност во двор е само таа што ти се достапни во секое време, дома ти е алат, опрема и полесно е за работа. Мој предлог што подалеку од населено место .Медно и секое добро