Capo Kapistec напиша:
Epa tutunari povelete navalete kako muvi na gomno i pucajte.
Jas(nepusac) pusenjeto go smetam za slab karakter i nemanje na muda koga e najpotrebno. Toa e samo baranje na pricina za da se nafurame deka nesto opasno sme napravile .. bla bla bla
Каква плиткоумност!
Јас сум пушач којзнае од кога, сум заборавил веќе кога сум почнал и како што гледам многу сум по здрав од многумина други на моја возраст кои никогаш во животот не запалиле цигара. Не е до тоа кој пуши туку кој има генетска предодреденост кон одредени видови заболувања.
И немојте воопшто да мислите дека е којзнае колку здравствено оправдана кампањата против пушењето.
Само за пример, познавав многу луѓе, мегу нив и мојот прадедо кој живееше 98 години и кој до последен здив си пушеше цигариња а во живот на лекар не отишол освен кога како војник во Првата Светска Војна се разболел од тифус
-Ај сега да видиме и нешто друго. Од каде потекнуваат кампањите против пушењето?
Одговорот е : Од најразвиените капиталистички земји.
А зошто?
-Затоа што им пречат пушачите на работодавците кои сметаат дека ако имаат вработени пушачи на кои не им го лимитираат правото на цигара нема да имаат добра продуктивност и квалитет заради „пуш-паузите“.
Зошто и кај нас се водат такви кампањи?
-Затоа што преку кампањи од тој тип до сега во земји како нашата се испрани едно чудо прљави пари баш од земјите од каде потекнуваат кампањите
Претераното и прекумерно пушење секако дека може да пречи, но такви пушачи се реткост. На удар се најмногу најголемиот дел пушачи како мене кои пушат најмногу до 25 цигари дневно и тоа само во исклучително ретки мигови. И не се работи за слаб карактер воопшто. Ако така ги гледаме нештата ќе ти кажам дека познавам многу непушачи кои се навлечени на најразновидни пороци како на пример кладењето во кладилници или коцкањето и на црно и во касино и нема шанса никогаш да се откажат од тоа, и последниот денар би го дале за „чип“ или за да уплатат ливче, без оглед на тоа што ќе бидат гладни и тие и нивните семејства, мислејќи дека „ќе ја фатат големата добивка“...ќе фатат ама од трите поголемото!:kez:
Толу од мене. Сега ќе си завиткам една онака кеифски, во хартивче како моите дедовци што правеле, си купив прекразен мек по вкус и со уште поубав мирис тутун.