Пури во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Domecot
  • Време на започнување Време на започнување
Јас кога пушам си земам од Тобако. Али не се нешо посебни тие ефтините по 250 денари се мислам. Слаб квалитет и суви, кузнај од кога. Си зедов еднаш од 350 или 400 денари беше, предобар вкус и квалитетна. Си замислувам една кубанска каков вкус би имала :vozbud:
 
Има чат-пат во Скопје каде да се купат пури, во подобрите трафики што имаат humidor(мк?) или некоја од специјализираните продавници за тутунски производи. Има во Веро, во таа продавницата во Градски Ѕид (карши Лотарија во Центар, понекогаш купувам а никогаш не ја запамтив како се вика...) и дури во Библиотеките (за алкохол, не за книги) на Партизанска. Romeo y Julieta или Montecristo се наоѓаат без проблем.

И да, во Скопје нема култура на пушење пури. Најчесто за чалам се палат на што е можно повидливо место, ретко кој го прави тоа за уживање (секоја чест на исклучоците). Јас тоа го баталив и сега строго дома си палам.
 
Вчера една ваква пробав едноставно беше феноменална ...
 

Attachments

  • cohiba.jpg
    cohiba.jpg
    417,5 KB · Прегледи: 100
А колку се пакување од цигарилосите, тенките пури и кај ги има?
 
Дечки какви пури да купам на драга личност за подарок? Некој бренд, нешто има ли врска? :)
 
Гледај кожни да бидат hhhhhhhhh

IMG_20240930_203555.jpg


Шала на страна, не сум пушач ама еднаш за Коледе покрај оган некој донесе пури Боливар мислам дека се викаа ама не знам точно спецификации. Ок беа според мое скромно мислење. Ваљда драгата личност има некој омилен бренд.
 
Дечки какви пури да купам на драга личност за подарок? Некој бренд, нешто има ли врска? :)
Cohiba се едни од најдобрите кубански брендови е сега зависи колку сакаш да купиш, но ако веќе пуши пури а нема хумидор многу подобар поклон би било тоа
 
Каде би можел да најдам добри пури во Македонија? Не сакам од оние низ Тобаката.
 
Каде би можел да најдам добри пури во Македонија? Не сакам од оние низ Тобаката.
Во City Mail, East Gate и кај ПС Беко имаш продавници за пури, кои се од Куба и се 100% леџит.
 
Во City Mail, East Gate и кај ПС Беко имаш продавници за пури, кои се од Куба и се 100% леџит.
Каде поточно? Скоро бев Сити, не забележав. Беко имам поминувано, но не сум приметил продавница. На главна улица е или е испикана негде?
 
Каде поточно? Скоро бев Сити, не забележав. Беко имам поминувано, но не сум приметил продавница. На главна улица е или е испикана негде?
За Беко не се сеќавам и јас, во Сити Мол беа лево пред излезната врата за кафичите, јас имам купувано од таму... Евентуално нешто ако се имаат преместено во молот внатре, ама не верувам
 
За Беко не се сеќавам и јас, во Сити Мол беа лево пред излезната врата за кафичите, јас имам купувано од таму... Евентуално нешто ако се имаат преместено во молот внатре, ама не верувам
Баш ќе видам наредни денови кога ќе сум Сити. Имаше добар избор? Како се со цени? Квалитетот е ок или се суви?
 
Баш ќе видам наредни денови кога ќе сум Сити. Имаше добар избор? Како се со цени? Квалитетот е ок или се суви?
Прва лига квалитет, ти препорачувам Cohiba Siglo 2 ако има, не се лоши и Romeo y Julietta, исто Bolivar да не ги заборавам и MonteCristo.
Цените не се како пури од тобако, да не се лажеме. Cohibata со последните покачувања можно е да е над 2.000 денари.
Тие ти се рачно правени кубански пури. За секој квалитет треба да се плати, едноставно е, мада малце и претераа искрено кубанците, речиси 3-4 пати ги качија цените во последните 2-3 години, ама вреди. Јас се острам да земам кутија со 25, ама додека да средам со хјумидор, ништо не пипам ако не е за конзумација веднаш.

Еве контакти слушни се и види каде работат.
1734697504082.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom