Психоанализи на форумџии, аватари, потписи...

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Некој мене да ми направи?
(нудам анализа за возврат пет дена,откако ќе ја постира тој што ќе ја направи мојата):pipi:
 
Х

Ханзо

Гостин
Јас, Ханзо, виртуелниот човек со никаква самодоверба, виртуелна и реална (понатаму: гореспомената наказа), се најавувам тука за една сесија на билдање его која би требало да придонесе во борбата против гореспоменатата наказа. За возврат можам да понудам само пијачка зашто како резултат на гореспоменатата наказа не сум способен за судење на луѓето, реални и виртуелни, што ме спречува да склопам погоден текст за оваа тема. Благодарам.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Бев на раб да ти се откажам од анализава,ама поради тоа што јас не се откажувам еве пишувам што успеав да сватам измеѓу редови од постовите твои.
Прво ник: тони_те. Првото најверојатно извадено од името а второто ТЕ ако не се лажам регистрација за тетово.
Аватар:Секогаш Бред Пит и секогаш како воин.хммм...Дали е тоа израз за бунтовна природа или?
Тајтл: I am illiyrian - Националистаааа
Маки мачев со анализава твоја оти цело време шараш помеѓу играчница и фудбал.Како очекувате да добиете анализа според мислењето што го имате за вашиот фудбалски клуб???Ова можев да го извадам помеѓу [FONT=&quot]Фан Клуб: Шкендија 79http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=40437 и [FONT=&quot]Вистина или Предизвик V 2.0[/FONT][/FONT]
Значи ти не се замараш со филозофски работи во животов.Не му ја мислиш многу.За тебе само забава иако кога е потребно си многу сериозен,дури и заплашувачки сериозен.
Националист си апла .
Во постовите секогаш заземаш некоја одбрамбена позиција,цело време си на штрек дека треба да се пазиш и да се браниш од евентуален напад.Човече дај олади малку.Не мораш цело време да бидеш под стрес дека некој те напаѓа.Тука не им е на сите важна националноста и верската припадност,а ти баш преку такви очила гледаш.
Не се мешаш таму каде што мислиш дека не ти е местото.Пишуваш за тоа што сметаш дека го знаеш најдобро и затоа постовите ти се претежно за фудбал и од време навреме ќе блесне нешто во религија во прашања за исламот.
Не си многу комуникативен но едноставно ,,ти оди,, со некои членови од форумот па си се дружиш со нив.Верувам дека така е и во приватниот живот,се држиш до добро утврдена група на пријатели.
Во принцип сметам дека си добра личност но премногу напнато и сериозно делуваш некогаш што ги одбива луѓето околу тебе.Инаку знаеш да се зезаш и најверојатно си забавен за оние кои подобро те познаваат.На форумов не се отвораш многу (да не речам ич) ама тоа не значи дека немаш што да кажеш на таа тема туку дека најверојатно не сакаш да го кажеш тука.
Тоа е тоа од мене , повеќе нареден пат:smir:
Тенк твојата е следна :pipi:
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Сепак со ситуацијата се справи ѕверски...
Тоа дека сим ѕвер, или по попзонато _zver :icon_lol:

...а фала фала смајлито беше врв.
фалафала: :)
(ти изгледа како да обожаваш конфликти)
:Ц:
O да, :smir:
не си емо во секој случај и не се жалиш дека животот ти е заебан.Во последно време некако се депресираш ама верувам дека тоа е период
Конеееечноооо некој да сфати, е фала ти за ова.
ЗНАЧИ НЕ СУМ ЕМО!!!цџз.
И на крај едно мое лично тенкју за актуелизирање на зборот тУжно.:pipi:
свит: Мољим. it was my pleaseure.
Кај и да е ќе актуелизирам нов збор :)


Инаку фала за анализава, ме иоспофали у пм. егото до небо ми е сеа :icon_lol:
Коментар дадов само на некои реченици шо ми се видоа забавни :)
Се на се-вади индекост да ти пишам десетче :)

хаг:

Сеа чекам ветена анализ од марсовче за да ми се спушти егото.
фалафала:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Subject: Ves, Весна.
Location: Охрида града.

:wub:
Една од неколкуте прекрасни Охриѓанки кои ги имаме на форумов и колку што можев да ја запознам од нејзините мислења таа е едно романтично девојче, гледа во животот секогаш од неговата убава , светла страна, уживајќи максимално во секој нов момент, девојче кое не е злопамтило, романтична душа која е супер прифатена во општеството, вредна другарка која помага и чува тајни.

Сака да живее сопствен живот, кој го замислува како бајка со среќен крај , но кој за разлика од другите бајки нема случки кои можат да и го нарушат расположението.Секако дека слуша туѓи совети и најмногу го цени другото мислење , не е тврдоглаво девојче кое не слуша никого , но сепак најубавите моменти знае да ги цени и сподели со нас тука на форумот.:pipi:

Секој ден за неа е забава, додуша и градот е место во кое можеш да се забавуваш, посебно на лето сака да излегува преку ден на охридските плажи каде со другарките разговараат за табу теми низ градо, оговараат некого/ја или пак пцујат скопјани кои насекаде се караат со секогаш изнервираните охриѓани.:wink:

За љубовта има друг поглед од 80% од девојките, тоа за нејзе е духовно поврзување со личноста, очекува тој максимално да ја подржи во тоа е целосната суштина во љубовта, личност кој ќе е секогаш до тебе кога ти е најпотребен.

Одговорна личност, секогаш работите кои ги врши, ги врши со ум и кај неа важи "три пати мери еднаш сечи".Никогаш не претерува и пази да не повреди некој близок и внимава таа да не биде црна офца во друштвото.

Голем фан е на слаткаристика, и покрај тоа ретко влегува во ретки дискусии со слаткар хејтери кои ги има по интернет, но мрази напалени цури и глупави квизови на фејсбук за овој македоски рапер тинги.:smir:

И да животот е еден, како што вели слаткaр:pos:

Oд негативните особини, ми се чини ко малце мрзливо девојче, особина која ги краси 90% од денешните млади.За други лоши особини ќе додадам кога ќе ја запознам некогаш,ваљда?
Очекувам и ти да ме анализираш, ак можеш.
Please don`t kill me:nesvest:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
1. таа е едно романтично девојче, гледа во животот секогаш од неговата убава , светла страна,

2.Сака да живее сопствен живот, кој го замислува како бајка со среќен крај , но кој за разлика од другите бајки нема случки кои можат да и го нарушат расположението.

3.Одговорна личност, секогаш работите кои ги врши, ги врши со ум и кај неа важи "три пати мери еднаш сечи".Никогаш не претерува и пази да не повреди некој близок и внимава таа да не биде црна офца во друштвото.
1. Тука да те поправам, не сум воопшто романтична и животот секогаш го гледам од потемната страна, па нијанса малку на посветла.
2. За второво, првиот дел во право си потполно, вториот.. до некаде и ми го нарушуваат
3.Овдека малку отпоќе промашено е.. Јас сум таква шо прам то во моментот шо ќе ми текни на памет, не мислам на последиците,а се каам после..
Јбг очигледно многу сакам да учам од сопствени грешки..

за другото си ме погодил горе-долу..
тенкс:smir: Очекувај наскоро анализа
 
П

Паган-др

Гостин
Дарк Кинг, чекам анализа. Каква-таква, не примам не за одговор. :фкш:
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
И на тебе пријателе ти е мнооогу тУжно само уште не знеш.
Деар по тапа ден немало одамна.Станувам сабајле и шо да видам се спрема за врнење ми стана јасно дека тапа ке биде денов што измина.А како да не биде тапа кога ја сред лето треба да учам за испит токму сега плус дождот надвор
Е ако за тони те се губев помеѓу фудбал и играчница за тебе се губам помеѓу фудбал и музика.
Фудбал – тоа ти е типично за машкиот пол,ретко кое машко не следи фудбал па од тоа не можам многу да дознаам за тебе освен се разбира за кој тим навиваш и кој ти е омилен играч што нема да ми користи многу.
Нешто што можам да заклучам од тоа е дека си посветен и лојален на работите што ги сакаш.
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2883218&postcount=7480
Значи спремен си да си го жртвуваш комфорот за за нешто но само ако навистина го сакаш тоа.
Друго нешто впечатливо на прв поглед – музика.
Слушаш рап што јас искрено не го обожавам многу како музика но знам по нешто од мои другари.West coast - Тупак и компанија,old school, квалитетен бил човекот и правел квалитетна музика за разлика од денешниов рап,чиста комерцијала,перење пари.
Реалист си (накај оптимист) и си ја сакаш нормалата.Не сакаш да забегуваш многу и да си правиш некои филмови. Не излегуваш многу од просекот и по малку си конвенционален.

Самокритичен си.Не се сметаш за некое совршенство и знаеш дека имаш мани на кои работиш да ги поправиш.
За љубов/врски....
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2846502&postcount=347
Или си тоа што го викаат вечен адолесцент,па не сакаш да се врзуваш или па не си налетал на некого кој може да се поднесува повеќе од 4 месеца (знам какви можат да бидат девојчињата)
Инаку по форумов не се мешаш многу во теми .Ретко застрануваш од цврсто поставеноте граници и ретко даваш мислења за други теми што се надвор од твоја група на интерес.
Не се образложуваш многу,едноставно го пишуваш тоа што го мислиш,кратко и јасно и сметаш дека нема потреба да се образложуваш (а и те мрзи да пишуваш долги постови ,ПРИЗНАЈ!)
Еве овде и јас се сложувам со тебе ама не знам дали мислиме на истото,па многу имаш образложено,па немој толку...
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2534506&postcount=41
Се внесуваш целосно во работите што ги правиш и даваш максимум од себе кога сакаш да постигнеш нешто.
И на крај совет од мене...Откачи малку од време на време,направи нешто несекојдневно,излези од рутина:smir:



Хир ит ис Бр.4

Ник: TonInter- хмм.. име и клуб (фудбал)
Аватар – дрес (фудбал)
фудбал фудбал фудбал фудбал фудбал фудбал фудбал фудбал фудбал фудбал
(ноу мор плис)
Вака според тоа што го читав можев ова да го заклучам:
Објективен си. Поседуваш релативно мирен темперамент,не се палиш многу.Опуштен,шегаџија,имаш смисла за хумор.

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2878861&postcount=8241
:pos::pos:

Опуштено низ животот си врвиш и гледаш се да си претвориш во забава и игра.За тебе не се мислувања и паметувања,креативности изразување и уметнички нагони

голем дел од мислењата и` се наоѓаат по теми кај што јас жив не би стапнал, или кликнал. Прозни искри бе.
Но не ги осудуваш луѓето поради тоа што се затоа што знаеш дека тоа е погрешно:nenene:.Значи не си полн со предрасуди...

Ај да резимирам и јас; сите Албанци ги направи лажговци и измамници.
Ти осудуваш некој врз основа на неговата етничка припадност, кажи ми, како си ти подобар од тој што го цитира?


Ама ај, без предрасуди, како божем во ЕУ планираме да влеземе.
Си тераш по свој пат и не ти е гајле многу за другите,нека си тераат работа они,ке си тераш и ти.Абе они као сакаат глава нека си искршат, се додека не те засега тебе е ок. Не се мешаш ако сметаш дека нема потреба од тоа.
Не изразуваш многу чуства (што не значи дека ги немаш)
Единствено нешто поврзано со чуства што можев да го забележам беше ова

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2787696&postcount=207

Не се отварашмногу на форумов очигледно.Најверојатно сметаш дека нема потреба од тоа.
Онака општо како личност,се трудиш да бидеш добар,не си во некој bad boy фазон.Гледаш да помогнеш ако можеш,ги цениш вистинските и добрите вредности на општеството.Понекогаш имаш премногу високи очекување и високи критериуми за работите околу тебе
Толку од мене ...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Natural-girl

Една од ретките што остана на форум за дискусија, а не за билдање его. Нежно девојче, така емотивно, слатко, јас да не се заљубив?:pipi:Океј, после ќе речете Мими ги брани хомосексуалците од лични причини...

Цени вистински вредности, приврзаник на анти-вештачкото, друштвена, разбира, доверлива. Имам приметено дека не знае да прифати негативна критика, па затоа во анализава ќе ја фалам само:pipi:. Рационална, толерантна, убаФа. Не сака да се експонира многу, не сака да филозофира кај шо не е упатена.

Многу е штедлива со време и пребирлива со луѓе. Може да е со сите во исто време, а сепак-со никој. Да се допре вистински до Natural-girl, е филозофија на време. Не може да се задоволи со само една тема на дискусија, разновидна е, верува во авторитет(ама потајно го мрази), пошто надуенковци не и` се баш во карактерната група со која се пронаоѓа. Принципиелна многу, некогаш знае и да премолчи нешто што ќе ја изнервира, ама да си го памти во себе долги години.
Иако не сака да се ескпонира, нема постови ради-реда играчница-стајл и забележувам дека е многу зрела и неагресивна личност, како што споменав на почетокот, дискутира а не се расправа.

Префригана си е она со машки, си има створено тактика и одбрамбен механизам против нискоинтелегентни коњови. Игнор само. И смета дека мажов треба да се потруди бааги за да ја добие девојката, од што сфаќам дека е малку патријархална. Не е страшно.

Велам ,,малку", затоа што да беше ,,многу" немаше да го потенцира мозокот кај жената, туку ќе велеше дека таа треба да се затвори во кујна и да пере тањири. Сепак, не е до толку феминистка ко мене, но женскиот пол е нешто свето и треба да биде ценето според неа. Чувствува сожалување кон оној дел од женската популација кој се ,,шитка" за 2 пијачки, но не осудува, толерантното во неа е подоминантно, сепак мисли дека секој треба да го прави она кое го чини среќен. Но, не по секоја цена. За неа целта не ги оправдува средствата, ништо не се мери со чесноста и чувствителноста.

Не е нешто посебно авантуристичен тип, преферира да оди на сигурно, да не се глупира многу. Јас така не би можела, ако не згрешам на своја кожа, нема да научам никогаш ништо. Ама ако ти можеш да учиш од туѓите грешки, а сопствената кожа да ти е неоштетена, тогаш свака ти част и продужи даље тако. :)

Среќна е кога ќе добие некоја навидум ,,мала работа", кога ќе научи нешто, кога ќе се надогради, кога ќе стекне нечија доверба. Сепак, лесно се откжува со луѓе кои се интровертни, не губи време.

Лесно се прилагодува во некакви патерни(што би рекла Сатори) во кои се наоѓа моментално. Значи лесно ќе се препознае ако смени 2 друштва, во период од месец дена. Тоа е од една страна добро, а од друга не. Обиди се да ги задржиш индивидуализмот и да не се малтретираш по многу како ќе бидеш прифатена од околината. Just be you, everyone likes you:wub:. И со супругот ми изгледате ко вчера да сте фатени, значи хармонично изглеате. Браво бе! треп.

Посветена си и амбициозна. Некогаш чувствувам како да имаш некое затскриено его што не го покажуваш, тој ,,заштитен механизам" кој го споменав претходно. Ама со сите си љубезна и комуникативна, се трудиш. :back:
P.S. Ај бе сакај кучиња па! :pipi:
Повелете нумера:

 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
NOW: ArhangelOFDeath

Ник: Angel of death – мрачно , мрачно

Аватар: соодветно со никот – очигледно се пронаоѓаш во тоа

Потпис: Подобро 6 часа на факултет отколку да останеш без спиење – Старо но сепак интересна досетка,се гледа дека ,,мнооогу,, се траќаш за школото.


Еве вака пријателе:
Прво што се приметува кај тебе, нормално е видот на музика.Од таму многу може да се заклучи за тебе ко личност бидејки си внесен у тоа скроз.Значи метал. Приметувам пантера, мегадет и компанија....андерграунд и ептен хард(премногу за мене иако пантера чат пат се врти)
Твој фазон: Метал, пијанчење,метал,секс ,метал,дрога ,лудување,смеење забава забава забава ,метал,пиво, скара,метал металметал....
Убаво е тоа ко за вие години што ти се сега ама не претерувај ок?:smir:


http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2865901&postcount=5701

не си страмежлив колку што можам да забележам.Си кажуваш шо ти лежи на душа и не ти е бед да подудлаш ако треба .
Сакаш да се дружиш ама со твоја бранша луѓе.
Не поднесуваш гужви каде што не се пронаоѓаш.Значи кафичи и шеткање по чаршија помеѓу дотерани фуфици = строго забрането.За тебе повеќе е повеќе твое друштво,одбрано,пивкање, свирки,шутки....

Дет,дарк и све остало ама не си песимист или барем не делуваш така(шо значи дека не си уфилман btw)
Значи доколку размислуваш дека постојат добри и лоши последици секогаш гледај ја прво посветлата страна.Секогаш помага во создавањето на самодоверба и ублажување на чувство на вина.
Запамти.
Секогаш гледај ја посветлата страна
Си имаш предрасуди ти и си ги изразуваш онака јавно.Хомофоб ццц ....:nenene::nenene::nenene:

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2797430&postcount=126


Се сметаш за паметна личност.Тоа не можам да кажам дали е точно или не (оти ти викаш дека е така не значи дека е) ама можам да заклучам дека имаш самодоверба и знаеш да се цениш себеси.

Ги анализираш работите.Значи за секоја работа има две страни нели (може и повеќе ама во главно две)И затоа кога размислуваш за нешто гледаш од позитивна и од негативна странаТоа значи дека темелно размислуваш,можеби и реалистички иако мислам дека повеќе се вртиш кон позитивната страна,пишав за тоа веќе.

Многу ти е важна ти е смислата за хумор кај луѓето, тоа е една од првите работи кој ги забележуваш.Сакаш да се дружиш со духовити и отворени луѓе .
И дај смени ја песната на профил, ме унушти :tapp:









Up next: Dark King
Знам дека беше бр.5 на листа ама дотичниов на профил пиша пред тебе па :toe:

Хмм...од каде да почнам?
Ник: Dark king - ама везе нема ова.Никот ама ич не те опишува.
Тјатл: Дечкото/Членот со упаљачот (за кој дознавме дека бил без упаљач кога му требало.хахах животот у фаца ти се смее бе)
Аватар: Дечко/Член со упаљач – Си го сакаш порокот а?
Потпис: Yesterday's future is today! Сваќам што значи, не сваќам што сакаш да кажеш со тоа.Или можеби ништо не сакаш да кажеш (освен значењето на преводот афкорс) во секој случај интересна реченица.

Со ставовите си секогаш златна средина.Неутрален си за повеќето работи,уствари не ми текнува некаде кај што не си бил неутрален.Тоа не е лошо ама не е и убаво (пак средина)!
Биди радикален некогаш,ко за промена:smir:
Друго нешто кај тебе- приметуваш детали многу.Баш ко вицот за психолози,кога во соба влегува згодна женска тој ги разгледува сите други.Е ти и нив а и женската,имаш доста голема моќ за перцепција.(па баш затоа и очекувам да ми вратиш анализа,нема бегање)


За ова....
Па не секогаш ама во принцип ...може да се каже.Ама ова мене ми покажува :
Прво: премногу си строг кон себеси, грешки сме луѓе правиме (или обратно беше)
Како и да е ,не се замарај толку,последиците не се секогаш толку страшни,ни по тебе ни по другите луѓе,ризик секогаш постои ама најголем ризик е да не направиш ништо (ова не е од мене од некој претприемач е ама имал кликер човекот а и одговара за тебе)
Второ: Пак си неутрален во однос на одговорноста.Биди по спонтан, како да кажам...

Трета работа,многу стУжен човек си.Ептен ти е тУжно и си се губиш во тУжноста.Па превземи нешто де....take the lead ,иницијатива оно ово.Ти се урнала кулата од карти,ок де почни од ново, не чекај ни секунда оти нема таа сама да почне да се гради.(ова иде од човек на кој му е тУжно 80% од времето ама...) направи нешто неочекувано,непланирано онака гром од ведро небо,сакаш промена,па направи ја,не комплицирај кај шо не треба и не му ја мисли толку.:toe:
Смислата за хумор е веќе посебна тема.Тука си лудило.Стварно креативни досетки имаш.Па и кога креативноста ќе ти се помеша со сарказамот тука испаѓаат стварно квалитетни работи.Ем интелегентно ем интересно.Особено на темата за слаткар се имам пресмеано.:aplauz:
Иначе и покрај неутралноста и самокритичноста,знаеш да бидеш критичен и кон другите понекогаш гога сметаш дека има потреба...
Иначе поздраф до тастатурните револуционери. Се надевам дека се вака јаки и у пракса. Вербално го поебаа абе цел форум. Затрудне форумов од нивните зборови. Сеа пазете се, ке раѓате црвено-жолти деца. Ко кечап и мајонез ке бидат целите. Со тастатура на мевот вградено. Така ке се хранат. Школо нема да им треба.
Знаеш да водиш конструктивен муабет,здраво размислуваш,реално (дури и премногу ладнокрвно) а и ставовите ти се на место ако ме прашаш мене.Особено за следново се согласувам...
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2829412&postcount=7


На форумов не пишуваш освен ако немаш сопствено мислење за нешто.Ако немаш што да кажеш не кажуваш а не само да ја стропаш колку да пополни бројка.Ко што можам да приметам и инаку е така.Не поднесуваш да гледаш ко коњ на работите, да одиш таму кај што ќе те насочат.Еве пример...
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2736029&postcount=67
Искрено за мене филмчево е Библија, ама и тоа што го кажа е на место.


И на ова се пресмеав али поентата е дека не сакаш да си фаца.Не ти е цел да привлечеш внимание и да се правиш главен фраер во маало.Битно ти е да бидеш со добро друштво и да си поминеш добро.
Иначе да и скептичен си по малце...
Не ми раѓа умот веќе тоа е тоа
А и да...честитки уште еднаш за факултетот...hope u’ll get the chance to change the world:pipi:


(со мали букви по налог на статус кво
болдирано по налог на дарк кинг:))
 

Lucybell

~Supergirl~
Член од
5 ноември 2008
Мислења
136
Поени од реакции
17
DonJas...

Со оглед на тоа дека ми е прва психоанализа, не знам колку ќе биде успешна.

Вака сеа, ти типче си доста креативно, имаш интересни погледи на животот. Дружељубив си, лесно се запознаваш со
кој и да е, сакаш да распознаеш, да дознаеш па и почесто да провоцираш со нешто и некого со кое често и лесно
добиваш реакција назад :)

Често си опуштен, така кулирачки и често сакаш да направиш шала, дал на твоја сметка или на туѓа (почесто), но...
имаш чудна смисла за хумор... штооо е доста чудна...
Во друштво, често имаш некои фикс идеи кои сакаш да ги реализираш, и доста се интересни и креативни на некој начин.
Кога сме кај креативноста може да се спомене и твојот x-out dance. Знам дека ќе бидеш најдобар (после Стефан)
Со другари ти си доста опуштен, обичен, интересен, директен, отворен, но по малку тврдоглав...

Депилиран ти е јазикот, што значи дека сеа за сеа немаш влакна и е чист од прашини, за кое мене ми е ептен мило :)
Кога се работи за девојки; брааат скриен дудлач си... хаха
Честа мета или поголем предизвик да кажам ти се зафатените девојки кои често успеваш да ги испровоцираш, а тие на
таквите провокации да реагираат во твоја полза.

За крај би придонела дека си доста интересен дечко, со малку тврдоглавост во неа, со чудна смисла на хумор и
тежок провокатор, но сепак добар дечко за во друштво :)
Само заборајв да напоменам дека охриѓани не сакаат многу многу домазет ама може ќе се најде некој добар дедо :wink:


P.S.Поштуем креативни копилиња :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom