Епа еве сум пак, во услови на отежнат сообраќај низ форумов (чести дабејз ерори и подлизгувања) да ги пишам впечатоците т.н анализи (за кого како) за неколку (ми тргна со групњаците) души и душички, за денес на дневен ред ги имаме следните храбри кандидати и кандидатки:
Божино
Божино (оној со оние рацете што плескаат) 15 (петнајсе) годишен прилепчанец (ова и да не си го пишел одма ќе се познаеше) не по друго (да не мислиш по то ЧЕто) туку по онаа темата Витаминка вс Агроплод (чим си ја ставил Витаминка прва...), многу комплексно дете, за петнајсе години си развил некои сфаќања за животот типични за некој кој е постар (ебаго сите теми во филозофија си ги отворил) те има на појчкем места во форумот, едно време во играчница те гледав тро време де дур се броеја мислењата
Ја сака технологијата и компјутерите претежно за гејминг (што е таман за твоја возраст). Покажуваш тежок локал патриотизам (си го сакаш ПП) и покрај неговите мали негативности....
Сето тоа - љубовта кон ПП може да се должи на тоа што ти си една личност која слепо се вљубува и во име на љубовта се жртвува (спремен си да јадеш и тоа што не треба во име на љубовта), садо мазо си поставен во однос на истата таа љубов (тајтловите бате), најверојатно ја имаш најдено љубовта на твојот живот ама некако кога стануваш од сабајле молиш бога сеуште ти да си оној СРЦКО кој го има во мобилниот.....
Малку да се подвратиме на форумот, тука па во последно време се покажуваш во некое сеирџиско светло (ништо чудно ебаго) Итар пејо (не овој од форум) своите мудрости ги продавал во Прилеп твој некој морал да ги купи...
Повеќе од сигурно и друштвото со кое излегуваш - се дружиш ти се расположени за пукање сеир некаде собрани на плочник

и чекате да налета нешто/некоја интересно (ова ако имате киднато од часови), за навечер се подразбира (додуша незнам ради годините Ди каприо како ти стои ама сигурно Апореа од далеку ја избегнувате) се собирате некаде по зградите (ако си по населбите) или пак по корзо...
Божино толку засега од мене мислам дека барем нешто успеав да нагодам, се надевам ќе се запознаеме (во Прилеп се разбира)....
Инаку општа оценка за анализата – ПОМИНА нормален си.
.....море доста ти е треба и за други да пишам

коj следен ????
Кога веќе почнав со вљубени локал патриоти....
Тамарче - Пашето - Вљубената чупа (Битолска афкорс)
Тамарче, чоек треби да е ќор да не запримети оти ти си од Битола, неоставаш пост кај што не клаваш нешто битолско и патриотско богами (дури и во дополнителните информации ништо не си пишала ама дека си од Битола то не си заборајла) насекаде се докажуваш колку си ја сакаш Македонија сигурно за стартап на виндовсот ја имаш “Битола мој роден крај...” редовна си во литература уметност и јазик и то кај дијалектите, пак да си презентираш омилената Битола.
Тамарче има 19 години и најверојатно е на педагошки ама потствесно би сакала да биде на психологија, нешто за брачен советник или да планира семејства (за ова второво кина е опција) битно ти си исто ко Божинко вљубено изгубено едно време знам ме заеба на листа за чекање за тајтлови – преку ред те фати Серпико и те пиша за вљубена, сега си Пашенце не оти не си ти вљубена ама пашенце сега ти е назив за нешто убаво и пријатно (прабабли) и сакаш масовно на цело село – форум да не заразиш со Паше вирус (меѓу себе и преку себе да се викаме пашиња).
Редовна си во онаа темата за изразвење љубов и блазе му на Пашето што му ја изразуваш оти е голема и секојдневна, (ојме натака) исто така (уште за љубовта јас) си имаш голема љубов (оваа сега френдли) со форумџии и форумџики и (иии тука пак по шаблонот забранет со чл. 20 ставка 3 точка 7 од А-да) веројатно си имаш големо женско друштво стекнато за времето додека си учела во Горната (прабабли) и сега малку сте поделени (ова ради факсот) ама имате навика да се собирате (кога ќе се тука) и да скокнете на кафе до Симбол или ГТ (геј те).
Пред се ти си пријатна и ведра личност која е отворена (не дудлам бе) и би ми било мило да ја запознаам (сега да), се надевам дека ќе се запознаеме наскоро како со тебе така и со д рест од битолчани, битно засега толку (ти реков не си толку сложена) колку....
Ајмо сега да се видам....
Серпико
В фор Вендета, С фор Серпико д брејв кој успеа да не подигне и организира за кратко време и да ни покаже колку е важно и суштествено тоа што го организира. Секоја ти чест мајсторе.
Инаку Серпико а.к.а Боби (д Кинг) е Охриѓанец кој молчешкум и од околу ќе те стресе погла ако речиш шогоде за Охридот, животна окупација му е среденоста (архитектура мислам) и како професионална деформација сака се наоколу да биде цакум пакум
J, друго нешто шо му е така од витална важност е Витачот (виното не пасвордот) и уценува со Витач за песни....
Сака хумор и тоа суров хумор во најтешки облици (гла кинам дека Монти Пајтон и Ало Ало ги имаш изгледано от А до Ш) и тука како малечок (голем) плус му помага админ статусот за да може да ремети (и до солзи да ме смее) на големо, успева да ја задржи ведрината и смислата за хумор во тешки ситуации (ме потсеќаш на та клетата професорка по Философија со смеење кец ми акна), доста си начитан и упатен во случувањата во светот, не дозволуваш да ти се урне покривот врз глава.
Суров си на јазик (немаш влакна да речам) и со малку зборови без многу философирање кажуваш што е за кажување (мака ми е кога на тв таа наовинарката не ја отера...) ама битно дека ако продолжиш со такви ставови и со твојата способност за изразување далеку ќе истераш (ова дека го гледав на тв, шо да ви праам другиве ве немам гледано – не пеете).
Сакаш забави и тоа забави на кои се пие и лумпува (како во народна) до зори (ова од галерија што сум налетал слики) некни мислам дека било пеколно за твојот 22ри апгрејд, се надевам ќе испадне некогаш да се радуваме за Обединета Македонија која безрезерно ја сакаш и поддржуваш.
November November the 5 of November…. Време е за раволуција.
Толку од моето пукање се надевам дека ќе се запознаам и со тебе.
п.с за сите: Абе погодив нешто ???
Следни се Ескејп и Маца_кака има уште некој ?