ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Ова ми личи на хиперболизирање и тривијализирање на нештата. Убедена сум дека не го носат детето за секоја ситна палавштина на психијатар. Можеби ако тенденциозно крши инвентар у школо на пример, го носат кај советникот (кој е психолог, а не психијатар) на мал разговор и ништо повеќе ( со цел да видат дали стои нешто посериозно позади тој чин на деструкција и сл.)Martin$ напиша:На темава сакам да зборуваме за вашето милење кон Америчките семејства во врска со психијатрите. Имам брачеда која чува деца во семејство во Америка. И вика дека ако некое од детето ќе употреби некој погрден збор, ако скрши нешто од инвентарот, ако е ненаспиено, ако се љути и мн. вакви работи, одма го носат на психијатар. Дали е ова добро?:?:?
Според мене, малку е и претерано оти ако на дете му правиш само така, мислам дека уште повеќе би се инаетело. А вие? Шо мислите?
Поточно, нема воопшто логика да го носат детето на психијатар, затоа што тој не се занимава со таква проблематика. Тој е доктор, кој лекува ментални и душевни пореметувања, препишува медицинска терапија и сл., и едноставно не е во негова област да третира нешта како оние кои ти ги наброја. Затоа не мешајте психолог, психо-аналитичар и психијатар.
Инаку, сосема е во ред да одиш на психолог или психијатар доколку имаш проблем. Пострашно е да се правиш слеп за она што те мачи, и од неосновани предрасуди на околината да не си побараш помош.