50% разлика е малку?
Друго гејмплејот не е ист кога процесорот е тесно грло и кога имаш и7 на 4гхц. Зборев за ова да не се повторувам пак, ама ајде уште еднаш. Генерално помазен и гејмплеј без успорувања нуди посилниот процесор во многу случаи. Е сега, дали ќе биде сладјшоу или помали фремови во одредени делови од играта не се знае, тука многу фактори играат улога. Може да биде сетингот на самата игра, резолуцијата, хај/мид/лоу сетинг Антиалајзинг и слично. Во најголем дел од случаите на удар се минималните фремови, сегмент од играњето кој е клучен за smooth чуство кое те прави да осеќаш дека играта лизга. Доколку овие фремови (минималните паѓаат нагло, т.е. разликата од максималните/просечните е голема во споредба со минималните (немаш стабилен фремрејт) ќе те направи да се осеќаш како да седиш на пентиум базирана конфигурација т.е. ќе ти сецка. Во таков случај играњето е далеку од убаво чуство и ти прави голема нервоза, јас имав исто вакво директно искуство, со процесор на сток/3.8гхц значи од лично искуство ти кажувам дека разликата е огромна.