Професор во средно училиште

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Да нели? Дека во Македонија нормално е да се чека и по 10 години па откако фино ќе се изначекаме, после ќе полниме штабови и на крај ќе се фалиме по телевизии дека вработувањата се успешни. Чисто за споредба спомнав, ние чекаме толку, а уште колку има што чекаат и веќе не бројат години не сакам ни да помислам.

Скоро дипломирани луѓе би прифатиле да работат и две недели, не само месец дена. Секое искуство е плус.
Зато „напоменав“ дека не бива да речиш „ние се отепавме од чекање, еве две недели веќе“ кога се знае дека добри кадри чмаат со години. Другото, иц клиар.

Како бе вака, леле...

Ај читај овде: http://en.wikipedia.org/wiki/Eratosthenes
:D

http://en.wikipedia.org/wiki/Flat_Earth_Society

:icon_mrgr:
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.259
Поени од реакции
22.479
Нема врска што ќе биде, ако добро функционира...
На пример според твојата логика Министерот за здравство треба да е Доктор, ама тоа нема никаква врска ниту со темава ниту пак Доктор е премногу слично со Хемичар.
Мн повеке хемијата е слична со медицината отколку правото со медицината ;)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Зато „напоменав“ дека не бива да речиш „ние се отепавме од чекање, еве две недели веќе“ кога се знае дека добри кадри чмаат со години. Другото, иц клиар.
Освен што нигде не реков „ние се отепавме од чекање“. Да не тупиме @langelina кажа сè со една реченица.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Освен што нигде не реков „ние се отепавме од чекање“. Да не тупиме @langelina кажа сè со една реченица.
Потенцираше „речиси година дена“. Што е полошо. Вчера имаш праено апсолвентска, ваша генерација се пијанчи и се фали колку штока акнала и сакате одма на работа.

Кога знаете дека буквално има некои што чекаат 1000 години. Од битката на Самуил против Византија, сеуште чекаат. Тоа не е речиси година дена.

Јас сум да се воведе некоја законска регулатива за вработување на млад наставен кадар. Минимум година до две чекање од дипломирање до вработување. Онака, да „легне работата“. Ако има што да легне.

И задолжителна магистратура.

Jaс самоиницијативно чекав некое време.

***

Има многу примери каде што се вработиле без книшката нели.

Има уште повеќе што кукаат како не ги вработуваат оти немаат книшка. А само дремат.

know your rights.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Очигледно погрешно си ме разбрал. Не беше поентата јас да кукам дека немам работа, туку не ми беше јасно како е можно да нема професор покрај голем број дипломирани, невработени.

Магистратурата на сите струки не е полезна. Кај нас на пример се преповторуваат работи што си ги учел и на додипломски, па дури и во средно, а за наш стандард е изгор скапо.

На тие што се вработиле без книшки и без пријатели, капа им симнувам. Штета што не познавам такви.
 
M

M-Nikolovski

Гостин
Дали некој има одговор на моето прашање или ќе продолжите оф-топик?
 
2

~2A

Гостин
Дали некој има одговор на моето прашање или ќе продолжите оф-топик?
Како ќе ти кажам јас, кога секое училиште си има различни закони и прописи. Сето тоа зависи од директорот...

А уште помалце ќе ти кажи некој што е од друг град. o_O


РЕШЕНИЕ: Појди во училиштето и разбери се со личноста која е надлежна за училиштето.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
РЕШЕНИЕ: Појди во училиштето и разбери се со личноста која е надлежна за училиштето.
Ученик никад не бил озбилно разбран и исслушан, подобро родител да прати.

Најдобар аргумент што може да се извади пошто е у приватно: он плаќа за да се образува, а веќе месец и пол не учи ништо по некој предмет.
 
2

~2A

Гостин
Ученик никад не бил озбилно разбран и исслушан, подобро родител да прати.

Најдобар аргумент што може да се извади пошто е у приватно: он плаќа за да се образува, а веќе месец и пол не учи ништо по некој предмет.
Не мора толку да му се џвака, на лице место ќе увиди што и како, дали е потребно да се викне родител.
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Дали некој има одговор на моето прашање или ќе продолжите оф-топик?

Одговорот е дека ВООПШТО не смее да се губи настава, секој неодржан час мора да се одржи, директорот е ДОЛЖЕН да обезбеди наставници по СИТЕ предмети на почетокот на наставната година. Според законот, секој предмет е застапен со определен фонд часови неделно, односно годишно и тој фонд МОРА да се исполни. Значи, хемија е застапен со 2 часа неделно, и МОРА да се одржат 72 часа во текот на наставната година. Ако губите 8 недели тоа се 16 часови помаку до сега, што не е законски дозволено.
Член 24

Средното училиште е должно да го оствари годишниот фонд наставни часови утврдени со плановите и програмите.
Директорот на училиштето се смета за одговорен ако:
ако не ја остварува програмата за работа и не се реализираат плановитеи програмите за воспитно - образовна работа. (член 93, Закон за средно образование)
Член 109 -а

Глоба во износ од 3.500 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на средното училиште, ако:
не го оствари годишниот фонд на часови утврден со планови и програми (член 24)
...
Надлежен за надзор на работата на училиштата е Државниот просветен инспекторат и таму треба да се пријави случајот. Во секоја општина има подрачна единица на Државниот просветен инспекторат која е надлежна за соодветната општина.
Подетално од ова, здравје...
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
A za vo privatno uciliste?

Sent from my GT-S6500D using Tapatalk 2
За приватно средно училиште важи истиот закон како и за државните средни училишта, освен делот за управување и финансирање. Значи, фонд на часови, реализирање на програма предвидена според тоа како се акредитирани, итн... И тие се под надзор на Државната просветна инспекција. Во приватните директорот одлучува сам за вработувањата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom