Професорите од Скопскиот универзитет нема да смеат да предаваат на друг универзитет

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.853
Поени од реакции
5.691
Универзитетските професори од Скопскиот универзитет ќе можат да предаваат на другите јавни високообразовни институции само до крајот на оваа академска година. За приватните - ангажманот треба да им престане заклучно тековниот семестар е одлуката која денеска ја донесе Ректоратот на универзитетот „св. Кирил и Методиј“.

- Може да станува збор за помош и за соработка - ако некој универзитет има 10,а му требаат уште 2 професори, па да се договориме да им помогнеме додека не добијат сопствен кадар, но да се отвораат цели студиски групи на сметка на универзитетот „св. Кирил и Методиј“, е неакадемскки - вели Велимир Стојковски ректор на, универзитетот „св. Кирил и Методиј“.

Ќе се воспостави и нова регулатива за наплата на трудот на професорите кои покрај на матичниот работат и на друг факултет. Помеѓу стариот и имплементацијата на новиот закон постои правен вакуум во регулирањето на договорите меѓу факултетите

- Сега навистина се наоѓаме во незгодна ситуација - ниту сме потпишале договори со тие факултети, нашите професори, претпоставувам, во најголем број сами, по своја иницијатива, со меѓусебни договори со универзитетите, си го наплаќаат тој ангажман. Јас не знам како ќе излеземе од овој, за мене, правен вакуум - изјави Јорданка Митевска, декан ПМФ.

Сепак најголема причина зошто професорите предаваат на други универзитети и тоа најчесто на приватните се ниските професорски плати, коментираат дел од професорите. Тоа го покажуваат и анкетните ливчиња каде над 150 професори, асистенти и соработници од Скопскиот предаваат на другите универзитети.

- Дали државата е виновна за ова, затоа што професорите не се доволно платени, па луѓето одат да работат во приватните универзитети или постои друг проблем? Ако го погледнете премерот ќе видете дека 60-70%, па и 80% насто од ангажираните кадри се надвор од државните универзитети - рече Јорде Јакимовски, директор на Институтот за социолошки правни истражувања.

Примената на новиот Закон за високо образование стартува од 1 јануари 2009-та година, до тогаш сите универзитети треба да го регулираат ангажманот на своите вработени.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Си има и позитивно и негативно во ова.

Има професори кои предаваат на државниот, на фон, на европски, на американ колеџ ... и си зимаат јака пара и се прават фраери.
Сум имала вакви 2-3 професори кои доаѓаат на факултет еднаш неделно за 2-3 саати и си одат. И ако нешто ти треба нема шанси да дознаеш треба да го чекаш цела недела. Па некад имал работа нема ни тогаш да дојде. Во глобала не обрнуваат внимание овие професори на студентите, него само да дојдат да предадат и да си земат парите.

Но во Македонија нема многу наставен кадар. Нема огромен број на професори кои се докторирани и работат во својата област. А факултети има неколку. И нормално е некој професор кој е единствен од одредена област и е најдобар во таа да предава пример и на државен и на ФОН. Најдобриот да е присутен и на двата факултети. Сега по ново лично тој треба да одбере каде ќе предава.

Може со ова ќе се намали бројот на професори кои предаваат на државните но нема драстично. Прво некои таму работат со години и се навикнати на тој систем и приврзани се. На приватните факултети е малку поинаку и се има различни услови за работа. Се бара професорот да е од 8-16 часот на факултетот и да се секогаш тука за студентите. А на државен факултет не е секогаш така, професорите речиси никаде ги нема, посебно оние постарите.

Со болоњската декларација треба по право да си одлучи студентот кај кој професор сака да полага. А сега кај нас ем најдобриот професор ќе има право да предава само на еден факултет, ем неизводливо е во оваа ситуација како што е кај нас да се полага на различни факултети.
Се донесуваат работи колку за да се донесат, без притоа да се види дали е тоа издржано и добро.

А има на неколку факултети и професори кои доаѓаат од соседните држави за предавања еднаш неделно. И тие на тие професори ќе им биде забрането? Или ова е само миграција државно-приватно.
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
СТАВАЈТЕ ИЗВОР! СМЕСТА, МИ ТРЕБА!!! ИТНО Е!!!!
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
a може сепак ќе одлучи да се префли на штулов :):):):):)
тешко тоа, ако сака репутација да си задржи. "државна репутација"
ем, шо qr, еден предмет држи кај мене само. а со тој предмет, 1000 луѓе :pos:

така да, 99% си оди:pipi:

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНО-БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ ОД МЕНЕ!!! убав помин вечерва!

-мој последен пост за оваа година. тука се одјавувам!

п.с. КАКВА ВЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕСТ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::drk:
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
тешко тоа, ако сака репутација да си задржи. "државна репутација"
ем, шо qr, еден предмет држи кај мене само. а со тој предмет, 1000 луѓе :pos:

така да, 99% си оди:pipi:

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНО-БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ ОД МЕНЕ!!! убав помин вечерва!

-мој последен пост за оваа година. тука се одјавувам!

п.с. КАКВА ВЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕСТ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::drk:
Што се радуваш, до крај на академската година ќе се тука, од вгодина ќе важи тоа правило
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Што се радуваш, до крај на академската година ќе се тука, од вгодина ќе важи тоа правило
Нека се порадува до утре :icon_lol:
А од утре пак ќе земе да учи :pos:

Ќе треба време да се среди ова, да одлучат професорите кај ќе предаваат не се одлучува тоа за 5 минути.
 
kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
Што се радуваш, до крај на академската година ќе се тука, од вгодина ќе важи тоа правило
кажа нешто ново? си пише убаво де дека оваа година ќе ја завршат. зашто се повторуваш?
а, се радувам ради реда. нема да се мачат до толку други генерации.
едноставно, си знам јас зашто се радувам.

Нека се порадува до утре :icon_lol:
А од утре пак ќе земе да учи :pos:

Ќе треба време да се среди ова, да одлучат професорите кај ќе предаваат не се одлучува тоа за 5 минути.
ќе си се радувам и повеќе, не се секирај.
болдот, тачно. си го знам испитот, остана да повторам вонпарнична и да научам за извршители :vozbud: и да си повторам парница =)
од утре, во читална...
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
А има на неколку факултети и професори кои доаѓаат од соседните држави за предавања еднаш неделно. И тие на тие професори ќе им биде забрането? Или ова е само миграција државно-приватно.
Професори од други универзитети можат да доаѓаат и да предаваат како гостински предавачи ама за тоа не добиваат никаков надоместок од университетот каде што даваат гостинското предавање, туку само од универзитетот каде што се редовни професори.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.314
Поени од реакции
2.380
Си има и позитивно и негативно во ова.

Но во Македонија нема многу наставен кадар. Нема огромен број на професори кои се докторирани и работат во својата област. А факултети има неколку. И нормално е некој професор кој е единствен од одредена област и е најдобар во таа да предава пример и на државен и на ФОН. Најдобриот да е присутен и на двата факултети. Сега по ново лично тој треба да одбере каде ќе предава.
Не се согласувам со тебе. Има многу млади дечки кои имаат Докторирано и Магистрирано, кои се многу добри, а кои не предаваат поради што некои од професорите работат на 5 факултети.

Кажи ми кој е тој професор, кој е толку незаменлив и единствен, па што мора да предава на толку факултети и универзитети??

Само да ти наведам неколку:
Александар Николовски предава на 5 факултети, за среќа мојтата генерација ја имаше таа среќа до го погледа повеќе не предавања, многу други генерации ја немаа таа среќе, ... предава секаде, а нигде го нема.

Лиљана Анчевска - Предава скоро на сите економски факултети. Што да кажам за неа?? Секој просечен студент, знае повеќе од неа.

Трајко Русевски - Најкатастрофа професор по смеководство што некогаш сум го имал. Предавање на неколку факултети. Доволно е да видите дека на секоја задача во неговата книга е направена грешка, а замислете тој предава сметководство, ...

Доста се овие, сега во моментот ми текнаа, пошто јас сум имал лично искуство со нив, а и знам дека предаваат насекаде.

Според мене, можеби ова че дојде и добро за универзитетите.
 
Да не се разбереме погрешно и јас сум многу повеќе за млади и надежни професори, него за оние старине професори кои 5 децении предаваат на факултети со најзастерани методи.

Но има некои одлични професори во својата област кои навистина се одлични. Иако кога станува збор за професор тука секој си има различен вкус нели. На некој одреден професор му чини, на некој не.
Пример ќе кажам Трајан Бендевски е професор кој во Македонија е можеби најдобриот професор за науки од областа на Европското право и посебно Меѓународно приватно право. Само што тој одлучи да го напушти државниот и да дојде на приватен. Не викам дека нема добри наследници, но тој ги оставил тие наследници. Сега се пензионира:)

Сепак сум за младите значи мора да кажам.

А за Николовски мене ми има предавано за време на додипломските студии и еднаш дојде на предавање само и во овој семестар на постдипломски имам негов предмет. И нормално не ни имаме предавање. Се појави на колоквиум да не поздрави на 5 минути и дури не праша зашто не одиме на предавање? Се направи фраер божем знае он кој иде а кој не:icon_lol: Сега ќе ми е мерак кога ќе одлучи да предава само на еден факултет. Веројатно приватен ќе избере затоа што е плус и ректор а и кај и да е пензијата го чека.
Битно он заработи предавајки на 5 факултети. Си има огромна куќа на водно за 10 семејства да живеат таму и јака пара си има.

Затоа го подржувам и ова, зашто повеќето професори предаваат на полно факултети само за пари, за ништо друго. Не се ни трудат да бидат присутни или да помогнат нешто, него само плата да си земат.
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Smetam deka tie sto predavaat na drzavniot univerzitet tamu i da si ostanat,ne mora da se mesaat i vo drugi univerziteti,PA NE SE NEZAMENLIVI za sekoj profesor da se vraboti ima mesto..a pogotovo od tie starite sekade sakaat tezga da fatat ne ni pomisluvaat na penzija i samo drzat mesto na mladi doctori na nauka sto treba da se dokazat..:toe:
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Drzavnite fakulteti naglo gubat kadar pa zatoa i go pravat ova. Na pmf pola profesori si imaat zaminato i ne mzat da gi zamenat bidejki nemaat kadar.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom