Протест за морал, разум и свест (Петок 1.03.2013 16:00h)

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Џафери беше припадник на АРМ, капетан прва класа, и тој заедно со уште тројца офицери и деветмина подофицери дезертираше од нашата армија. По покренувањето дисциплинска постапка против него на 23 јуни 2001 година, тој доби отказ. Сето тоа наведува дека неговото минато не дава гаранции оти нема да се повтори она што веќе го направил порано. Кога човек еднаш ќе дезертира, засекогаш останува со таа дамка.
http://intervjua.com.mk/mk/zapis.asp?id=1432&kategorija=1
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.569
Поени од реакции
289
Стојанче Ангелов е сега во Сојузот за Иднината,сакал некој или не.Се работи за Македонија,кој сака да дојде и да се приклучи на големиот протест против Талат Џафери нека дојде во спротивно нека не мрси муда.Бројката ќе ја имаме преку 30.000 маса на народ ;) се гледаме на протест против командант Форина и УЧК во АРМ,провокацијата на денот на албанското знаме каде што сред Скопје долетаа Сали Бериша и Хашим Тачи говорејќи за голема Албанија,Слупчане и тн.Македонија над СЕ.
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Тие подли обиди да се превземе протестот од страна на СДС нема да бидат заборавени. Моменталните партиски припадници на СДС се радуваат што има поставено припадник на УЧК над АРМ. Тие сметаат дека со тоа им се зголемени шансите за власт, заборавајќи дека (сега веќе) 7 пати доживуваат класичен дебакл (замисли што мисли народот кога оваа партија што е на власт не можат да ја победат). Тие го ставија истиот овој човек во 2002 како заменик-министер за одбрана. Имајќи го ова предвид, како и целото зло што таа партија го нанесе на оваа држава (кое не е споредливо со тоа на ДПМНЕ, бидејќи ДПМНЕ (се мисли на Груевски) и да се реши, не може повеќе да наштети од овие) администраторите на страницата која го организира протестот со многу експлицитни зборови им го кажаа мислењето:

https://www.facebook.com/NieSmeMakedonci

Овој протест (декларативно) не е организиран од „опозицијата“, ниту организаторите бараат некаква подршка од било која партија. (Кој е луд да бара подршка од некој што би направил исто, т.е. ВЕЌЕ направил исто? Тоа ти е малоумност по дефиниција.)
Ако не разбираат што значи тоа партиските членови, постојат механизми да им стане многу јасно и тоа многу конкретно. Нека не нѐ тераат да ги користиме.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.569
Поени од реакции
289
Моменталните партиски припадници на СДС се радуваат што има поставено припадник на УЧК над АРМ. Тие сметаат дека со тоа им се зголемени шансите за власт
Каде виде ти бре дека симпатизерите и членовите на СДСМ се радувале што се поставило припадник на УЧК над АРМ?Си ги прател некаде коментарите нивни?Еве јас сум еден од нив кој го осудува тоа што во 2002-ра Талат Џаферибеше заменик министер,според мене не требаше ни заменик да биди а не пак сега министер.Иако заменик министер и министер се разликуваат во надлежностите и заменик е повеќе маде голо.

Овој протест (декларативно) не е организиран од „опозицијата“, ниту организаторите бараат некаква подршка од било која партија
Што е битно бре од кого е поддржан?Бараш маса на народ и луѓе против Талат Џафери или не?Зошто да не смеат да дојдат на протестот луѓе од опозиијата?Не е логично да дојдат?Зошто да не дојдат и луѓе од другите политички партии да го осудат овој чин?Или целта ви е да направите забуна против Стојанче Ангелов бидејќи сега неможете контрапротести па ќе организирате "непартиски" протести,ти си непартиски колку што сум и јас непартиски определен,штом пробуваш да го испериш Груевски од сите гомна ти 100% си дпмновец што сака да му наштети на протестот од страна на Стојанче Ангелов.Шо толку имате против Стојанче?И гледам сте напишале име на групата дека вие сте македонци а овие од опозицијава што се?Марсовци?Потоа Цацко ќе ви биди виновен кога ќе акнат овие бамбучиве на власт УЧКА за министер за одбрана.Ај што има за одбрана УЧКА министер туку имаме и за правда УЧКА.Свесни ли сте што значи ова?Цела држава бара начин како да го сменат Талат Џафери не бирајќи средства вие за опозицијата сте се фатиле.Тажно.Одете сами да видиме колку народ ќе соберите.Со самото тоа што се делите од вистинската цел а тоа е протестот на Стојанче само покажувате дека свесно ја правите поделбата.

Груевски чист а Стојанче Ангелов валкан а?Продолжи да се брукаш и понатаму.:tapp:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.569
Поени од реакции
289
едните го ставија заменик, А ДРУГИТЕ ГО УНАПРЕДИЈА ВО МИНИСТЕР!!!!!!!

е па македонче, чорба!!!!!
Епа седете дома и штракајте на тастатура.Јас одам со генералот Стојанче и неговата армија на бранители на протест против УЧК и Талат Џафери во АРМ а вие терајте со неколку контрапротестанти.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
јас сум од Прилеп, и немам никаква можност за доаѓање во Скопје, посакувам да излезат сите Скопјани и да се организира исто и во другите градови, прв ќе бидам што ќе излезе, а ако случајно излезат некои Македонци со контрапротести, НЕ ЗАСЛУЖУВАМЕ ДРЖАВА, НЕКА НЕ ПОДЕЛАТ И ЧАО!!
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Каде виде ти бре дека симпатизерите и членовите на СДСМ се радувале што се поставило припадник на УЧК над АРМ?Си ги прател некаде коментарите нивни?Еве јас сум еден од нив кој го осудува тоа што во 2002-ра Талат Џаферибеше заменик министер,според мене не требаше ни заменик да биди а не пак сега министер.
Браво бе јунак.
Значи беше против поставувањето на Талат за заменик министер? Браво.
Се надевам дека исто така беше против тогашното коалицирање и составување влада со УЧК, со што и таквото поведение на македонските партии да коалицираат со терористите стана пракса? Беше против доминантната улога на УЧК, па за секоја одлука на владата мораше да се даде амин од Мала Речица? Беше против агресивната кампања "некои прашања не заслужуваат одговор", во која се вршеше медиумски терор врз населението да не излегува на референдум за да си ги спаси општините? Беше против цела неодговорна политика која што им даде право на гнидиве денес да се однесуваат исто како гнидите кои го започнаа сето тоа?
Океј.
Тогаш не се буни. СДСМ се мочуришно чудовиште кое само може да го извалка образот на протестот. Стојанче е во коалиција со тоа мочуришно чудовиште. Да не ја направеше таа стратешка грешка, ќе имаше легитимитет. Вака нема.

Што е битно бре од кого е поддржан?Бараш маса на народ и луѓе против Талат Џафери или не?Зошто да не смеат да дојдат на протестот луѓе од опозиијата?Не е логично да дојдат?Зошто да не дојдат и луѓе од другите политички партии да го осудат овој чин?
Секој има право да присуствува на протест, во својство на граѓанин. Кога граѓаните се организираат, а не партиите, партиите немаат право да ја злоупотребуваат бројката на присутни за нивни теснопартиски интереси.
Многу ме плашат вакви постови. Огледало на тоа колку е тажна состојбата кај нас во однос на граѓанската иницијатива. Демек без партија не може да се собере народ. Демек без партија ќе дојдат стотина копиљаци, ќе јадат пендрак и ќе си одат. Демек мора Бране и Стојанче да дојаваат за да не спасат од бруката, а ние за возврат да им помогнеме да си направат реклама. Настрана цело лицемерие, да дојдат високи функционери од опозиционата партија, истата таа партија која ПРВА коалицираше со УЧК и беше прогенитор на сите овие денешни лајна.

Се работи за принцип. Смрдеата на ДПМНЕ не ја пере смрдеата на СДСМ. Организаторите на протестот тоа експлицитно го кажаа. Се надевам дека до крај ќе останат доследни, па на самиот протест нема да се дозволи да се вее пропаганда од наводниот им отпор на пациентите од опозиција.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Само за вакви настани едните се перат преку другите и обратно. Јасно е дека сдсм е казнет од народот и така ќе остане во наредните години, јас незнам ни зошто ги споменувате, тоа е мртва партија. Али вемеро тек треба да се казни за се што направи. Така да нека покажат малку совест и нека го повлечат од министер.
Се гледаме на протест за смена на Талат. И во никакво друго својство. Секој оној што ќе сака партиски да се изрекламира се надевам ќе дојдат и навивачки групи па знамето ќе му го начукаат во гз. Па нека повели нека се осмели.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
А зашто све се чека од навивачките групи?
Зарем другите луѓе во Македонија, немаат раце, уста?
Зашто се едни истите луѓе да бидат гонети од полицијата како најлоши криминалци?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom