Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Не ми е уште јасно колку ретардиран треба да бидеш за да бидеш подржувач на ретардиве? Колку треба да бидеш слеп за пред очи да те прават будала? Ме фаќа срам што сум дел од овој народ. Еден ден се ке се врати како бумеранг ама ке биде касно. Како и да е подржувач сум на протестов се уште тлее некое жарче дека може да се смени нешто ама полека згаснува, и ке дигнам раце од се едноставно не се може ништо во државава.
 
H

HITCH

Гостин
Го бива да бере тутун во прилепско на 50 степени, за ништо друго не го бива.
Не зезај, на овој ни тутун не смее да му се дозволи ниту да бере, ниту да нижи. Овој треба да се прати у подрум и да се фрлат клучевите.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Иако гледам одиме во офтопик со штрајкот, ќе кажам нешто за тоа.

Не дека лекарите се китки за мирисање, ама треба да имаш барем малце здрава логика. Тоа е жива професија, со живи луѓе, како можеш да определиш бројка колку луѓе треба да излечиш. Еве сега во август си имал само тројца пациенти, (одмори, ова-она), во декември со сезона на болести грипуви ќе имаш 50.

И што правиме сега? За август нема да земам плата, ама затоа во декември ќе ми дада пет плати.

Не дај боже овој „реформаторот“ да стане премиер еден ден, има да плачеме по Грујо. овој од сега можеш да го намисираш дека е нарцисоидна будала со квази визија за реформи.
 
F

fantomX

Гостин
Слушав за протестиве, од време навреме и темава ја читав, ама сега најдов време за во основа да видам за што станува збор. Барањава:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
1. Ова е дискутабилна ставка, можеби бара намалување. Ама за целосно укинување, практично неизводливо, особено кога струјата се зема здраво за готово, дека е нешто морално; а вистината за струјата е едноставна: тешко се прави, лесно се троши.
2. И ова е дискутабилна работа, но за разлика од ангажираната моќност што е техничко прашање, ова е прашање на финансиски пресметки.
3. Сите цени да се вратат на ниво од 2008. И парчињата облека во Рамстор од по 16000 денари да се поефтинат.
4. Зошто? Да се национализираат и сите банките тогаш, да се прекине со нинвото лихварство. Да се национализираат и докторите пак, сакам бесплатно здравство.
6. Инвестирањето во соларна, ветерна и хидроенергија е една од причините за растот на цената - тие технологии се многу скапи и доаѓаат од Германија, Кина или САД најчесто, не од ФЕИТ Скопје каде годишно се запишуваат по 60ина студенти на енергетика и ако завршат 30 е успех и сигурно не од возвишениот Економски факултет во Скопје со неговите по 1000 студенти годишно.
7. Правилникот го немам читано, членот Смрт за зони и пајаци пишува за него на форумов и од тоа што сум го читал + гледајќи сметки од Топлификација, се согласувам со ова.
8. Читај одговор на третото, овие две барања заслужуваат само ваков одговор.
9. Да, и никој да не излегол надвор од државава, тука мислам и на одморите по грчките плажи. Гето се со цел - согласност со стандардот на живеење.
Ова барање би го опишал како, „сакам да е*ам а да не бидам е*ан“. Не оди то така.

Ми се допаѓа иницијативата сепак, сакам иницијативи. Ко ќе има нешто пред некоја банка, таму сум, инспириран од вакви работи.
http://www.kanal77.com.mk/portal/index.php/vesti/biznis/prvata-solarna-centrala-vo-pijanec.html
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
3. Сите цени да се вратат на ниво од 2008. И парчињата облека во Рамстор од по 16000 денари да се поефтинат.
7. Правилникот го немам читано, членот Смрт за зони и пајаци пишува за него на форумов и од тоа што сум го читал + гледајќи сметки од Топлификација, се согласувам со ова.
8. Читај одговор на третото, овие две барања заслужуваат само ваков одговор.
Tи благодарам за убавите зборови изречени за мене.
Сепак сега ќе те критикувам, но добронамерно
Цената за затоплување на мојот стан во грејната сезона 2007/2008 изнесуваше 1952 денари месечно. Сега за истиот стан греењето чини 5833 денари, што е покачување од 300%.
Во овие пет години, ништо не е покачено за 300%. Ниту имало толкава инфлација, ниту нафтата се покачила за 300%, ниту платите рипнале за толку - ништо.
Ова покачување е направено, најмногу со наметнувањето на мерењето со калориметри. Тоа мерење е голема измама.
Мојот стан според стариот начин на мерење наводно трошеше 10800 KWh , сега со калориметри наводно троши 17000 KWh за сезона ( на комшиите бидејќи јас сум исклучен ). А јас веќе четири години се греам на струја и трошам 6000 KWh за сезона, а ова е точно бидејќи струјомерите се точни
И сега, ако се знае дека секоја сезона се троши исто, очигледна е измамата. Претходно ( со мерењето наречено паушална наплата ) Топлификација наплатуваше 50% плус, Топлификација и порано беше богата. Сега наплатува 300% плус. Што значи претераа со крадење.
И ти можеш да ја провериш сопствената сметка. Порано со паушалното мерење потрошувачката е 150 KWh за грејна сезона за еден метар квадратен. Помножи го бројот на квадрати на станот со 150 и ќе добиеш колку наводно си трошел, порано според начинот на мерење наречен „ паушална наплата “. И спореди го тоа со тоа колку наводно сега трошиш.
За овие 33%.....
Кога тоа беше воведено, тоа беа пари кој беа наменети за изградба на нови централи, односно граѓаните плаќаа поскапо за да во Македонија има централи и има струја и тоа е сосема во ред, сите сме за добробит на Македонија. Но сега ЕВН тие пари ги бележи како свој профит - е тоа не е во ред
Затоа јас секој вторник сум на протести и викам: лопови, лопови... што е погрешно - треба да викам апаши, апаши..
Тука е суштината.
 
M

Moon Child

Гостин
Несакам да солам памет затоа што не присуствував на ниеден протест, јбг не сум од Скопје, а многу пари ќе ми се фати да дојдам плус и возот е качен, само сакам да дадам мислење дека се додека се мирни протестиве нема да вродат со никаков ефект. Потребно е нивно радикализирање, во спротивно е сведено на "кучињата лаат караванот си врви". Со викање само Лопови нема ништо да се постигне. Треба да им се покаже дека нема веќе заебанција.
 
F

fantomX

Гостин
Tи благодарам за убавите зборови изречени за мене.
Сепак сега ќе те критикувам, но добронамерно
Цената за затоплување на мојот стан во грејната сезона 2007/2008 изнесуваше 1952 денари месечно. Сега за истиот стан греењето чини 5833 денари, што е покачување од 300%.
Во овие пет години, ништо не е покачено за 300%. Ниту имало толкава инфлација, ниту нафтата се покачила за 300%, ниту платите рипнале за толку - ништо.
Ова покачување е направено, најмногу со наметнувањето на мерењето со калориметри. Тоа мерење е голема измама.
Мојот стан според стариот начин на мерење наводно трошеше 10800 KWh , сега со калориметри наводно троши 17000 KWh за сезона ( на комшиите бидејќи јас сум исклучен ). А јас веќе четири години се греам на струја и трошам 6000 KWh за сезона, а ова е точно бидејќи струјомерите се точни
И сега, ако се знае дека секоја сезона се троши исто, очигледна е измамата. Претходно ( со мерењето наречено паушална наплата ) Топлификација наплатуваше 50% плус, Топлификација и порано беше богата. Сега наплатува 300% плус. Што значи претераа со крадење.
И ти можеш да ја провериш сопствената сметка. Порано со паушалното мерење потрошувачката е 150 KWh за грејна сезона за еден метар квадратен. Помножи го бројот на квадрати на станот со 150 и ќе добиеш колку наводно си трошел, порано според начинот на мерење наречен „ паушална наплата “. И спореди го тоа со тоа колку наводно сега трошиш.
За овие 33%.....
Кога тоа беше воведено, тоа беа пари кој беа наменети за изградба на нови централи, односно граѓаните плаќаа поскапо за да во Македонија има централи и има струја и тоа е сосема во ред, сите сме за добробит на Македонија. Но сега ЕВН тие пари ги бележи како свој профит - е тоа не е во ред
Затоа јас секој вторник сум на протести и викам: лопови, лопови... што е погрешно - треба да викам апаши, апаши..
Тука е суштината.
Скопје ми е транзитно место барем сега засега и затоа нема да коментирам многу за Топлификација, ќе ти верувам за тоа.
Околу струјата, јас не се согласувам со политиката и кампањата на штедење на ЕВН Македонија (иако точно е дека може да е забавно), јас сум за ставот „да се прај да се троши“, т.е. производсво и потрошувачка. Со тоа, кога веќе цените реално во основа глобално се диктираат, барем тие пари и капитал да се вртат тука.
33-те %, реално не се знај кај одат, а едно е сигурно - за електрани очигледно не. За тоа се сложувам.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Плусинфо јавува:

Движењето за социјална правда „Ленка“ денеска ги подржа едномесечните протести организирани од граѓанската иницијатива АМАН против поскапувањата на енергенсите и намалувањето на животниот стандард на граѓаните.
http://www.plusinfo.mk/vest/56074/Lenka-go-podrzha-protestot-na-Amanѓ
Ова е важно!!
Се најде некој да ја подржува Регулаторна!!
Некој си Славчо Нејков од некаква Енергетска заедница со седиште во Виена пратил писмо до Собранието во кое изразува „ загриженост “ и бара Регулаторите да биде унапредени во независноста јавува Сител:
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/energetskata-zaednica-zagrizena-za-politichkite-napadi-vrz-rke
Ете, сега работите станаа појасни
Славчо нека си ги земе дома
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Денеска падна бензинот за 2 денари, утре ќе има најмалку народ на протестите досега.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
исто месето исто време ?? :)
Si, шефе
Само се двоумам дали ќе викаме лопови или апаши или пола-пола.
--- надополнето: 11 септември 2012 во 15:43 ---
Најдов на YouTube za нашиот Протест
Веројатно е снимано на првото протестирање на 14. 08,
можете да видите колку учесници имало тогаш и да споредите колку ќе има денес
http://www.youtube.com/watch?v=lNuEGd8ylc0
--- надополнето: 11 септември 2012 во 17:25 ---
Не се плашете дека ќе врне - врнежи се очекуваат дури околу 21 часот. Еве прогноза:
http://www.ilmeteo.it/meteo-europa/Skopje?refresh_ce
 

Kajgana Shop

На врв Bottom