Слушав за протестиве, од време навреме и темава ја читав, ама сега најдов време за во основа да видам за што станува збор. Барањава:
1. Да се укине ставката ангажирања моќност од 33%
2. Да се врати евтина дневна тарифа
3. Да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година.
4. Да се запре со приватизација или докапитализација на целиот енергетски сектор кој е во сопственост на Република Македонија
6. Да се инвестира во одржливи извори на енергија (соларна и геотермална енергија, енергија на ветер и др.)
7. Итно да се повлече новиот правилник на Топлификација
8. Да се врати цената на парното на ниво од 2008 година.
9. Да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
1. Ова е дискутабилна ставка, можеби бара намалување. Ама за целосно укинување, практично неизводливо, особено кога струјата се зема здраво за готово, дека е нешто морално; а вистината за струјата е едноставна: тешко се прави, лесно се троши.
2. И ова е дискутабилна работа, но за разлика од ангажираната моќност што е техничко прашање, ова е прашање на финансиски пресметки.
3. Сите цени да се вратат на ниво од 2008. И парчињата облека во Рамстор од по 16000 денари да се поефтинат.
4. Зошто? Да се национализираат и сите банките тогаш, да се прекине со нинвото лихварство. Да се национализираат и докторите пак, сакам бесплатно здравство.
6. Инвестирањето во соларна, ветерна и хидроенергија е една од причините за растот на цената - тие технологии се многу скапи и доаѓаат од Германија, Кина или САД најчесто, не од ФЕИТ Скопје каде годишно се запишуваат по 60ина студенти на енергетика и ако завршат 30 е успех и сигурно не од возвишениот Економски факултет во Скопје со неговите по 1000 студенти годишно.
7. Правилникот го немам читано, членот Смрт за зони и пајаци пишува за него на форумов и од тоа што сум го читал + гледајќи сметки од Топлификација, се согласувам со ова.
8. Читај одговор на третото, овие две барања заслужуваат само ваков одговор.
9. Да, и никој да не излегол надвор од државава, тука мислам и на одморите по грчките плажи. Гето се со цел - согласност со стандардот на живеење.
Ова барање би го опишал како, „сакам да е*ам а да не бидам е*ан“. Не оди то така.
Ми се допаѓа иницијативата сепак, сакам иницијативи. Ко ќе има нешто пред некоја банка, таму сум, инспириран од вакви работи.
http://www.kanal77.com.mk/portal/index.php/vesti/biznis/prvata-solarna-centrala-vo-pijanec.html