Сметам дека би било добро да го обновиме Протестот АМАН
поради одлуката на уставниот суд - исклучените да плаќаат.
Еве го образложението:
Нашите протести се покажаа неуспешни.
- Ние протестиравме 18 недели пред регулаторна, за цело време регулаторите одбија да ги примат нашите барања.
- Ние собравме потписи за да се донесе промени законот за енергетика. Пратениците го исмеаа нашето барање. Се уште се сеќавам на пратеничката од Кратово, која објаснуваче дека постои „ пик “ и се сеќавам кога , Представничката на АМАН беше навредувана од пратениците, дека е од Опозицијата, божем тие кој се од Опозицијата не се луѓе.
Уставниот суд ја одби и иницијативата за ефтината дневна тарифа и иницијативата за топлификација и ако се работи пред се за повреди на основните човекови права. Што е најстрашно она што го прави Топлификацоја и БЕГ е обичен криминал. И со вчерашната одлука уставниот суд започна да заштитува криминалци
Од оваа е очигледно дека јавната власт нема никаква намера да прифати било што од нашите барања.
Затоа треба да протестираме за да го покажеме негодувањето на повредите на основните човекови права које се прави да енергетската мафија не пљачка.
Никаква корист нема да имаме ако молчиме?
Нема потреба да доставуваме нови барања, бидејќи што и да бараме Јавната власт нема да прифати.
Потребно е само перманенто да протестираме за да Домашната и Светската јавност види дека енергетската мафија не пљачка
Затоа предлагам да се состанеме и да ги обновиме Протестите.
Какво е Вашето мислење?