Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Страницата на АМАН сеуште постои но нема никакви вести
http://amanmk.wordpress.com/
Не знам што да правиме...
Уставниот суд одолговлекува со исклучените од Топлификација, меѓу нив спаѓам и јас и уште десет илјади други.
И никој не кажува кога Уставниот суд мисли да се изјасни.
А тоа ни последна надеж..
Во оваква ситуација, би ни користело да протестираме
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Утрински весник има напис дека граѓанските иницијативи не успеваат е заклучок на состанокот одржан во Велес.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1A65FD8B6AEA8D4BA06048C2910762CC
Претставникот на АМАН рекол:
Од здружението „Аман“, пак, имаат поинакво искуство. Тие ги собраа потписите, но ни тоа не значеше обврска да се почитува волјата на граѓаните.

„Граѓаните на Македонија се исклучени од процесите на одлучување. Без оглед што тие преку собирање потписи го кажале својот став, иницијативите пропаѓаат оти се сведуваат на одлучување на политичарите и институциите кои не го слушаат гласот на народот. Тоа, во изминатите години се покажало во пракса 100 отсто. Кај народот веќе некое време се импутира чувство на апатија со тоа што се одбиваат граѓански иницијативи и некој свесно се труди уште повеќе да ги деморализира луѓето да мислат дека не постои излез од оваа состојба и дека односите на моќ во земјава се дадени еднаш и такви ќе останат засекогаш“, вели Васко Лазаров од „Аман“.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
http://www.makdenes.org/content/article/24973313.html
Радио Слободна Европа пренесува изјава на активист на АМАН кој вели :
На денешен ден пред точно девет месеци во Македонија се случи АМАН. Горд сум на целата инциијатива, горд сум на сите оние 13.169 граѓани кои имаа храброст да излезат и да се поддржат самите себе, за подобар и поквалитетен животен стандард, да се побунат за високите сметки за струја, парно, гориво, пишува Александар Гочев од граѓанската иницијатива АМАН во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

................

Мој коментар дека ова е непотребно задоволство. Според моје мислење протестите требаа да продожат. А овака можеме да се залажуваме дека сме некакви „ морални победници “
Но Топлификација се уште праќа фактури за исклучените
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На А1 он најдов дека Одраз и АМАН подготвиле петиција со следниов текст:
http://a1on.mk/wordpress/archives/146696
Дали некој има дополнителни информации за ова?
Еве што стои во петицијата:
Господа,
Граѓаните на Република Макеодонија веќе неможат да ги премолчат кражбите што им ги прави приватната компанија ЕВН, компанија која за 33% не краде на секоја сметка.
Овој народ веќе неможе да ги поднесе преголемите додадени давачки во сметките за електрична енергија.
Зошто да плаќаме нешто што не го трошиме? Зошто дозволувате некој да ги краде граѓаните?
Вие сте на власт со позајмен глас од Нас граѓаните, а не сте родени на таа функција.Ние сме имале доверба и сме ви го позајмиле Нашето право на глас и затоа од Вас бараме да ја укинете ставката за додадена електрична моќ од 33%.
Дали знаете дека во Република Македонија према вашата статистика живеат:
700.000 сиромашни граѓани
250.000 невработени граѓани
46.700 приматели на социјална помош
29.700 приматели на технолошки, стечаен и друг додадок од Заводот за вработување
Како можат овие граѓани да ги подмират своите сметки?
Под итно бараме:
-Укинување на ставката додадена електрична моќ од 33 %
-Враќање на евтината тарифа на електричната енергија
-Проценка на пренасочувачите т.е. трансформаторите кај секој потрошувач и исплата за нивно користење затоа што тие се градени со наши пари
-Доделување на акции за секој граѓанин за нашите далноводи и целокупниот преносен електричен систем во Република Македонија, затоа што сето тоа е градено со наши пари.
Вие треба да бидете наши заштитници а не наши уништувачи, затоа Ве замолуваме да ги прифатите нашите барања за доброто на граѓаните на Република Македонија.
ОДРАЗ -Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија Македонија
АМАН – граѓанска иницијатива
контакт odrazodraz@yahoo.com 048 400-090 071 432-343 www.odraz.mk
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во понеделник на 13 мај, Собранието ќе ја одржи 60 - ата седница. Како 30 точка на дневниот ред е предвидено разгледување на годишниот извештај на Регулаторна.
Ова ќе биде интересно да се погледа.
Овој извештај е претходно разгледан на Комисијата за економија ( делумно го следев на 3 - тата програма). Дискутантите имаа примедби, бидејќи поради високите цени потрожувачката на струја е намалена, така да е извезено струја за 20 милиони евра. Спомнаа и за укинувањето на дневната ефтина тарифа
Да видиме што ќе одлучат
http://www.sobranie.mk/ext/sessiondetails1.aspx?id=2e237186-9800-4463-8d5e-9922f33b593d
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
За денес, 16 мај, во 12 е закажано второ продолѓение на 60 - та Седнница на Собранието
Мене ме интерсира 48 - та точка, годишниот извештајот на Регулаторната комисија. Сакам да видам какво мислење имаат Пратениците за оваа омразена комисија против која со месеци протестиравме
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На страницата на Уставниот суд е објавен дневниот ред за седницата, во среда на 22. 05. 2013.
На оваа седница Судот ќе ги разгледа Правилата според кои исклучените се „ задолжуваат “ да им плаќаат на изродите и крвопиите од Топлификација
http://www.constitutionalcourt.mk/domino/WEBSUD.nsf
Еве како гласи 3 - та точка од дневниот ред
3. Правила за снабдување со топлинска енергија (”Службен весник на Република Македонија” број 97/2012) во целина, и посебно: член 9 ставовите 2 и 4, член 13, член 18, член 53, член 54, член 55 став 1 и член 66.
Реферат У.бр.125/2012
Во оваа ситуација ќе ни беше од голема корист да сега траеа Протестите АМАН
Но тоа е тоа...
Да почекаме што Судот ќе одлучи па евентуално да се договориме што понатаму
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сметам дека би било добро да го обновиме Протестот АМАН
поради одлуката на уставниот суд - исклучените да плаќаат.
Еве го образложението:
Нашите протести се покажаа неуспешни.
- Ние протестиравме 18 недели пред регулаторна, за цело време регулаторите одбија да ги примат нашите барања.
- Ние собравме потписи за да се донесе промени законот за енергетика. Пратениците го исмеаа нашето барање. Се уште се сеќавам на пратеничката од Кратово, која објаснуваче дека постои „ пик “ и се сеќавам кога , Представничката на АМАН беше навредувана од пратениците, дека е од Опозицијата, божем тие кој се од Опозицијата не се луѓе.
Уставниот суд ја одби и иницијативата за ефтината дневна тарифа и иницијативата за топлификација и ако се работи пред се за повреди на основните човекови права. Што е најстрашно она што го прави Топлификацоја и БЕГ е обичен криминал. И со вчерашната одлука уставниот суд започна да заштитува криминалци
Од оваа е очигледно дека јавната власт нема никаква намера да прифати било што од нашите барања.
Затоа треба да протестираме за да го покажеме негодувањето на повредите на основните човекови права које се прави да енергетската мафија не пљачка.
Никаква корист нема да имаме ако молчиме?
Нема потреба да доставуваме нови барања, бидејќи што и да бараме Јавната власт нема да прифати.
Потребно е само перманенто да протестираме за да Домашната и Светската јавност види дека енергетската мафија не пљачка
Затоа предлагам да се состанеме и да ги обновиме Протестите.
Какво е Вашето мислење?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Јас не знам што не е јасно на човеков со највероватно многу пониско образование му е појасно отколку на некои легалисти тука магистри по уставно право. Само треба да се смени место српски да биде македонски народ :icon_lol:.


 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На интернет адресата на АМАН ( gi.amanmk@yahoo.com ) се обидов да ја пратам оваа порака но не успеав. Интерннет страницата на АМАН , постои но не можам да остварам контакт
http://amanmk.wordpress.com/контакт/
Што ми препорачувате во оваа ситуација?

Минатата недела Уставниот суд не ги укина правилата по кои исклучените од Топлификација треба да и плаќаат.
Речиси сигурно, тоа е направено за да се овозможи на БЕГ да наплатува што повеќе средства од Скопјани, за да ги одпатува кредитите земени за изградба на ТЕ - ТО.
ТЕ - ТО е една промашена мегаломанска инвестиција, која никогаш нема да проработи од едноставна причина што струјата која ќе ја произведува е прескапа. Затоа Јавната власт ја толерира и охрабрува пљачката која, порано Топлификација, а сега БЕГ ја вршат, со неточното мерење, пресметување ангажирана моќност, астрономските цени и тн, со цел да се отплатат кредитите земени за изградба на ТЕ - ТО
Основно во оваа ситуација е дека се кршат основните човекови права, од ниски побуди - за да му се овозможи на БЕГ да ги пљачкосува Скопјани.
Мислам дека единствена можност е да продолжат протестите на АМАН.
Сосема е извесно дека Јавната власт, како и досега, нема да прифати било какви наши барања. Наше единствена шанса е да се обратиме на Меѓународните механизми за заштита на човековите права, Европскиот суд за човекови права во Стразбур и Комесарот за човекови права на ООН во Женева. Истовремено треба да протестираме се додека овие Организации не ги заштитат нашите човекови права.
Затоа го предлагам продолжувањето на Протестите. И молам да ме известите за Вашето мислење околу овој предлог
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
И понатаму нема никакви вести од АМАН.
На страницата на АМАН има страница за контакт
http://amanmk.wordpress.com/контакт/
Се обидов да воспоставам контакт, но без успех
Се чини дека никој не ја отвара оваа страница
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Уставниот суд се уште не го објави решението за исклучените од Топлификација.
Од АМАН нема никакви вести,
А тоа што Јавната власт наметна исклучените да плаќаат е кршење на правата на човекот и заслужува протестирање.
Во голема дилема сум дали можам јас сам да организирам протест.
Има ли некој искуство како се организираат протести?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.309
Поени од реакции
7.041
Уставниот суд се уште не го објави решението за исклучените од Топлификација.
Од АМАН нема никакви вести,
А тоа што Јавната власт наметна исклучените да плаќаат е кршење на правата на човекот и заслужува протестирање.
Во голема дилема сум дали можам јас сам да организирам протест.
Има ли некој искуство како се организираат протести?

можеби ќе се снајдиш некако,само не заборавај ако излези нешто од контрола и има материјални или недај боже човечки загуби - го крка дебело како организатор

ако не можеш некое тело невладино да оформиш или организација која ќе има и правни лица не си ја пикај главата в торба за овај неблагодарен и неосвестен народ
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ако успееш да ги станеш од кеј на кафе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom