Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

Член од
14 август 2006
Мислења
45.423
Поени од реакции
84.765
Значи АМАН стана ОТПОР? И после му се лутат на Латас... :facepalm:
Чекај малку.
Овие АМАН се едни, а тие Бранко, Шмранко, они глумат Отпор. Тој знакот прекопиран што е, тој на митинзи на опозиција го има, не на протести на АМАН.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.340
Поени од реакции
26.308
Чекај малку.
Овие АМАН се едни, а тие Бранко, Шмранко, они глумат Отпор. Тој знакот прекопиран што е, тој на митинзи на опозиција го има, не на протести на АМАН.
На видеото над мојот пост, човек што е се претставува како претставник на АМАН на протест на опозицијата повикува на отпор. Згрешија, по мене. Ако веќе бараа поддршка на опозицијата тоа требаше да го направат од самиот почеток. Вака се мачеа со месеци да соберат потписи и на крај му ја „потврдија“ тезата на Латас. Завршија кај опозицијата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Значи АМАН стана ОТПОР? И после му се лутат на Латас... :facepalm:
Oд каде ти е ова информација?
Јас не сум слушнал негатива изјава на Латас кон АМАН.
Ако имаш таква дај линк.
Јас учествував на сите протести на АМАН, без да пропуштам ниту еден и цело време не забележав дека некоја политичка партија доминира.
Имаше, во медиумите. за една Девојка и еден Дечко, дека се членови на СДСМ, имаше и нивни фотографии со Бранко, но толку, на самите митинзи немаше политика.
Еднаш имаше, за време на еден протест една помала група на многу млади кои носеа марами со слики на Шеќеринска и наводно правеа контра протест. Но тие беа толку млади да веројатно беа ученици во основно школо, никој сериозно не ги сфати и веројатно некоја будала ги организирала тие дечиња. Полицијата не им дозволи ниту да се приближат кон протестантите на АМАН и тие се разотидоа.
Никакви други проблеми немаше. Протестот беше постојано усмерен против лепотаните од регулаторна.
Но факт е дека Собранието два пати ги заштити лепотаните од регулаторна. Прв пат кога се разгледуваше интерпелацијата на председателот - лепотан и вчера кога го одби нашиот предлог.
Едно во Собранието беше забележливо. Ниту еден од врвните Пратеници на ВМРО не учествуваше, ниту првиот пат, ниту вториот пат во дискусиите во Собранието.
Главен дискутант беше една жена, која не е од ВМРО туку од владеачката коалиција и која веројатно по кратовска линија го штитеше лепотанот.
Инаку регулаторна е главен автор на се. Тие ја поскапеа струјата за 75% во последниве 4 години. Регулаторна на Топлификација и дозволија вистинска пљачка над Скопјани.
Не заборави, повеќе од една третина од потрошувачите на Топлификација или повеќе од 10 илјади семејства се исклучија за да се спасат од оваа пљачка. И сега регулаторна донесува правила со кој ги присилува граѓаните повторно да се приклучуваат на системот на Топлификација за да таа повторно ги пљачка.
Јас сум и понатаму против регулаторна и така и ќе останам.
А ако некоја политичар сака да ги брани лепотаните, јас и против него ќе бидам. Тука нема милост....
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
На BRIF најдов огнен политички говор кој денес еден Млад Граѓанин го одржал пред просториите на Регулаторна.
http://brif.mk/makedonija/video-aman-pratenicite-vo-sobranie-rekoa-deka-makedoncite-treba-da-zivet-zgazeni/

На тој млад граѓанин му беше дадено право мојот потпис да го однесе во собрание, а не на собир на политичка партија. Тој млад огнен граѓанин нема право да зборува во име на 13 000 луѓе на место каде некој си бара изговор за изборен пораз.
Се работи за принципи кои се надевав дека барем од АМАН ќе ги почитуваат. Се знае што е граѓанска иницијатива.
Изгледа во сите сфери изгубивме осет за принципи. Исто како што овие од влада и покрај цел хаос и театар од опозицијата НЕМАА ПРАВО да исфрлаат пратеници од собрание, така и овие НЕМААТ ПРАВО да играат оро со партии.
Ни се повторува "Гласот на светлината."
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.340
Поени од реакции
26.308
Не ми беше тоа информација, туку прашање дали заклучокот што се провлекува, после изгледаното видео на претставникот на АМАН на митинг на опозицијата ми е точен. Латас неколку пати во дневникот ја има „оценето“ иницијативата на АМАН како партиска.

Да се биде, за или против некоја политичка опција е легитимно. Но, чесно е да се каже тоа. Последната реченица, малку ме изненади. Суштината на протестов е базирана на хуманизам. Чуден е „нема милост“ ставот. Бидејќи според впечатокот што досега го имав за АМАН, такво дејствување би било чудно и невообичаено за нив. Ако стварно тргнат по тој пат, тогаш искрено им посакувам многу среќа. Ќе добијат нова претстава за тоа што значи зборот безмилосно. Тоа стварно би било штета, симпатична е наивноста на иницијативава.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
1.Латас неколку пати во дневникот ја има „оценето“ иницијативата на АМАН како партиска.
2.Да се биде, за или против некоја политичка опција е легитимно. Но, чесно е да се каже тоа.
3.Последната реченица, малку ме изненади.
Суштината на протестов е базирана на хуманизам. Чуден е „нема милост“ ставот. Бидејќи според впечатокот што досега го имав за АМАН, такво дејствување би било чудно и невообичаено .
Еве одговор по ред:
1. Такво нешто од Латас не сум слушнал. Затоа те молам дај линк. Јас цело време се обидував да ги следам настаните и никогаш не сум сретнал такво нешто
Ова е последниот напис на Сител во кој е известено дека предлогот за законот е одбиен и тука такво нешто нема:
http://www.sitel.com.mk/inicijativata-na-aman-ne-dobi-poddrshka-vo-sobranieto
2. Според мое мислење и уверување, она што го прават Топлификација и Регулаторна е обичен криминал и јас тука не гледам никаква „ политичка опција “. Ниедна партија не се занимава со криминал. Тие можат да кажуваат ова или она за да се оправдаат, но тие се обични криминалци. Парното во грејната сезона 2007/2008 со сите давачки, чинеше 27 денари по квадрат или за станот во кој живеам, за 70 м2, чинеше 1890 денари месечно. Сега чини 6200 денари а тоа е покачување од 328%. Те молам објасни што е покачено за овие години за 328%? Која „политичка опција“, се залага на овој начин да се пљачкаат граѓаните од Скопје? Кој има таков интерес? Кој сака нешто такво? Дали си ти за таква „ политичка опција “- Скопјани да плаќаат три пати поскапо парно?
3. Ставот „ нема милост “ е мој личен став за кој се држам постојано - немам милост ниту кон себе, ниту кон други, она што ми е должност да го направам јас совесно ќе го направам. На пример: Должност ми беше да учествувам на протестите АМАН и јас совесно учествував на сите протести
Овде се работи за криминалци и за нив никој нема милост. Кој го прекршил законот треба да одговара.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Ај за Топлификација можам да разберам зошто само Скопјани се бунеа ама за струјата? Кај се од другите градови во државава да се приклучат? Или тие не користат струја?:confused:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.451
Поени од реакции
8.582
ние битола крадиме струја со Ви Фи,зошто да протестираме......
Море Picasso` и Букарски ни се Скопје па нема кој да организира протести :facepalm: јас ги подржувам протестите и тоа што береја потписи но на сите ни беше јасно дека нема да има никаков ефект и мора=треба да се радикализираат протестите за да се постигне нешто оти очигледно е дека само со сила може нешто да се промени во оваа држава за да се избориш за некоја правдина
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
MK news - донесува фотографии од сметки струја и затоплување на наши Иселенници од Чикаго. Живеат во стан од 170м2 и за струја плаќаатструја плаќаат 69,87 долари, а за парно – 104,40 долари
http://mkd-news.com/smetki-kolku-se-plaka-parno-i-struja-vo-chikago-a-kolku-kaj-nas-foto/
Еден долар чини 46 денари, што значи за за струја 3220 денари, а за парно 4784 денари
Погледајте Вие колку плаќате за Вашите 50 - 60 или 70 м2
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
На видеото над мојот пост, човек што е се претставува како претставник на АМАН на протест на опозицијата повикува на отпор. Згрешија, по мене. Ако веќе бараа поддршка на опозицијата тоа требаше да го направат од самиот почеток. Вака се мачеа со месеци да соберат потписи и на крај му ја „потврдија“ тезата на Латас. Завршија кај опозицијата.
АМАН се организирани и поддржани од Сдсм.Тоа и мало дете го знае, но тоа ни малку не го оправдува ова смрдљиво и предавничко Вмро .Мене ми стигна 11 000 денари сметка за овој месец за да може пола Полог, Липково, Скопска Црна Гора да не плаќа ни денар.Така и ни треба на нас.Само анал!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom