Протести на основци и средношколци

ITK

Член од
10 октомври 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
51
Тестовиве ќе бидат годинава...преку сили и догодина и ќе ги укинат. Како може наставник што цела година го следи ученикот, испрашувања,тестови, писмени, редовност на час, домашни задачи некој да дојде и да го оцени со еден тест па згора на тоа да го казни. За простестиве ги подржувам само матурантите пошо до пред 1 месец не се знаеше дали ке се тестираат или не. а за основциве и за учениците од прва до трета: каде бевте до сега? За вас е кажано дека ќе ве тестираат уште од септември и знаевте за сигурно каде бевте 8 месеци па сега излегувате на протести. Тоа е видела жабата дека на коњот му ставаат потковица па кренала ногата и рекла ајде и мене. Испаднаа матурантите да се бунат и вие по нив, а каде бевте цела учебна година...?
 

Jagger

м
Член од
24 ноември 2008
Мислења
322
Поени од реакции
5
Оф леле, не ни очекувам да ме сфати некој кој завршил веќе. Интересното е што сте го поминале ова, а сега сите не’ напаѓате. Законот за екстерни тестови (надворешно оценување) кое сега е се’ уште на Уставен на разгледување НЕ Е во Уставот на дршавата, што значи имам право да се бунам за нешто кое не е озаконето по Устав. Прашав и претходно, како може нешто неозаконето да се полага кај основците од 20 до 30 мај, кога одлуката ќе биде на 31мај? Зар за ова не треба бунење?
Моето место е во училница се додека имам правилни усллви према кои ќе функционирам како ученик. Тоа што е средно задолжително, не значи дека не се дозволени протести, туку значи дека сите треба да се запишат во средно.
Браво точно така .
Е сега да ти раскажам една приказна.
Во осмо оделение ме тестираа, за да се запишам во средно ме тестираа, четврта година пак ме тестираа, Полагав 4 приемни за на факултет.И не излеговме на штрајк. Штрајкувавме кога го воведоа албанскиот јазик во настава (сигурно знаат постарите).
Се штрајкува за нешто што е од поголем интерес , а не ,нас не ни се учи и ајде на штрајк кога ке дојде јајцето на газот.
А за што штрајкувате, еве јас ке ви помогнам во еден пропаганден материјал.

„ТАТЕ ДА МИ ГО ЗАВРШИ ШКОЛОТО„

Поздрав.
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Прво, очигледно повеќето од вас немате никаков контакт со основци и средношколци со кои можете да направите муабет и да ви кажат каква е ситуацијата.

Не е проблемот само екстерниот како тест. Ќе го повториш материјалот и ќе го решиш тестот ако не за оценката што си ја имал за една подоле и готово. Нема да има последица за крајната оценка.

Проблемот е во тоа што се случува во училиштата поради екстерните.

Професорите се извадени од памет. Скоро сите професори ставаат една оценка помалку од она што реално си го заслужил. Скоро во секоја графа каде што имаш петка имаш и една не заслужена тројка. Колку професорот да има опција да ти спушти пониска оценка. Со тоа се врши притисок врз учениците. Знаат дека едно минимално губење концентрација или кикснување на тест и толку од оценката за која што се борат.

Лани се правеа писмени само по јазиците и математика. Другите предмети имаа право да дадат контролен тест но не и писмена работа. Еден клас можеше да има само една писмена и 1 контролен во иста недела.

Од оваа година ништо од тоа не важи. Може да има недела каде што има 2/3 писмени, неколку тестови за проверка кои „не влијаат“ на оценката и плус испрашување и проектни активности.

Едноставно, колку и да учиш не се постигнува. Сите оценки се добиваат во рок од 2 или 3 недели што значи дека сите тестови се концетрирани во 15 работни денови.

Затоа протестираме. Не затоа што сакаме да губиме часови. После матура поради таквите оценки може да не те примат на факултет. Не сите семејства имаат пари да им платат на децата на приватен универзитет.

Ако треба да мавам со јајца по некого за да имам право на високо образование ќе мавам, ќе кршам и ќе викам по улици.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Ги подржувам протестите.
И ко што кажав во претходниот пост , повторам ќе речам- Министерството за образование да си ги тестира најпрво професорите -а дури потоа учениците.
Застарените начини на предавања - и ако воопшто можат да се наречат предавања- преобемни материјали, лектири и дела кои им се даваат дури и по две во неделата, зарем тие ученици го имаат само македонскиот јазик како предмет, каде се останатите кои треба да ги научат.
Морееее- едно добро кастрење треба да се направи на се’ што е сувишно - а најпрво да се почне од недокваканите професори-
Така било и во мое време, но за жал ништо не е променето ни сега, а по се’ изгледа теркот ќе си го применуваат и во далечна иднина.
Убаво рекол народецов наш- Рибата смрди од главата, а не од опашката.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Да бевте вие средношколци немаше да штрајкувате?

Генерализираш. Лани јас бев четврта година, и исто така имаше вакви протести (додуша немаше основци, ова уште покомично е), па пак не имаше еден куп кои не штрајкувавме, кои бевме цело време ЗА матура организирана екстерно итн, итн...
Сега се исплашени оние деца кои знаат дека поредовно мама одела на училиште отколку они... И кои знаат дека нема запишување во убаво школо, каде исто, мама ќе оди, доколу некој реално им ги испита знаењата.
И сестра ми ја гледам истрипана е, седнала да пролиста малку посериозно тоа книгите... Ама ако, нека се стегнат малку децата... Реално, кај нас сите се најдобри и најпаметни. А мора да има градација.
 
K

KomitaMKD

Гостин
Реалност е дека образовниот систем во Македонија е застарен и неефикасен и му треба итна реконструкција.Не можам да сфатам како може толку брзо да се сменат времињата.Основци протестирале еееејјјјјјј.Ние во основно не смеевме да помислиме на протест, а камоли да протестираме.Или пак се подржани од нивните родители кои немаат храброст да излезат на протести за 20 годишното еб*ње во здрав памет од секого и својот комплекс го лечат преку своите деца со подршка на протестите.Едниствено ги подржувам матурантите бидејќи нив ќе им биде понапорно но сепак од минатогодишното искуство за полагање матура можам да кажам дека секој што барем малку учел во средно ќе положи со доволен бројна поени.Ама добро и ние лани протестиравме кога ќе беше убаво времето иначе кога врнеше си одевме на школо:smir:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Браво точно така .
Е сега да ти раскажам една приказна.
Во осмо оделение ме тестираа, за да се запишам во средно ме тестираа, четврта година пак ме тестираа, Полагав 4 приемни за на факултет.И не излеговме на штрајк. Штрајкувавме кога го воведоа албанскиот јазик во настава (сигурно знаат постарите).
Се штрајкува за нешто што е од поголем интерес , а не ,нас не ни се учи и ајде на штрајк кога ке дојде јајцето на газот.
А за што штрајкувате, еве јас ке ви помогнам во еден пропаганден материјал.

„ТАТЕ ДА МИ ГО ЗАВРШИ ШКОЛОТО„

Поздрав.
Да, но кога кај вас се правело тоа, испитите си биле во пракса веќе години уназад, така? И не е дека не ни се учи, заборавете го фактот дека работава е да не учиме. Многу е полесно да збориш од страна како некој не може сам да си ги реши проблемите. Сепак, секоја возраст по себе си носи свои проблеми. Мене сега ова ми е проблем, кој за тебе воопшто не ни потсеќа на проблем. Но затоа на оние кои се помали од мене, нивните проблеми за мене пак се неосновани, што не значи дека не ги сметам за проблеми.
Нажалост, ама буквално нажалост, тука на тестовиве нема да страдаат тие чиј татко им го завршува школото, туку оние кои по цели години учат и се мачат. Трета средно сум, а почнувајќи од прво одделение, секоја година завршувам 5,00. И не е тоа поради фактот што имам врски, туку поради фактот што навистина учам и знам кога некој сака тоа што сум го научил да го прокоцка со еден никаков тест.

а бе уставен тебе не ќе ти стави знаење во глава...учи и не му ја мисли...д тест се плаши оној кој не знае, и ако падне на уставен ќе ти најдат форма која че помине и пак ќе полагаш...и пази ако полагаш на 25..до тогаш законот и да е укинат после 30 за тебе ќе има тест претходно
Не не, јас ако не сум учел до сега, нема зошто да се мачам да учам од сега. И средношколците полагаат од први јуни, а одлуката е на 31 мај. И нема да има тест за мене претходно затоа што датумите се закажни. Средношколци полагаат од први до десетти јуни. За основците е прашањето каде е логиката со полагањето!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Абре деца- Да протестирате се додека не ви ги укинат тестовите.
Не сте вие лабораториски глувчиња па како која власт дојде со вас ќе си врши експерименти-
Не треба децата да протестираат, да протестираат треба оние што кукавички се кријат позади нив...нивните родители.....тие се тие што треба и можат да издејствуваат прекин на разно-разните експерименти.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Да, но кога кај вас се правело тоа, испитите си биле во пракса веќе години уназад, така? И не е дека не ни се учи, заборавете го фактот дека работава е да не учиме. Многу е полесно да збориш од страна како некој не може сам да си ги реши проблемите. Сепак, секоја возраст по себе си носи свои проблеми. Мене сега ова ми е проблем, кој за тебе воопшто не ни потсеќа на проблем. Но затоа на оние кои се помали од мене, нивните проблеми за мене пак се неосновани, што не значи дека не ги сметам за проблеми.
Нажалост, ама буквално нажалост, тука на тестовиве нема да страдаат тие чиј татко им го завршува школото, туку оние кои по цели години учат и се мачат. Трета средно сум, а почнувајќи од прво одделение, секоја година завршувам 5,00. И не е тоа поради фактот што имам врски, туку поради фактот што навистина учам и знам кога некој сака тоа што сум го научил да го прокоцка со еден никаков тест.
епа што се буниш ако имаш 5,00 просек и ако немаш врски туку ако ги заслужуваш тие петки
зошто се буниш тебе не би требало да ти претставува проблем да го решиш тестот ќе го решиш за 20 минути
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Држава - Карикатура
 
Х

Ханзо

Гостин
За тие кои наводно се плашат од пропаст на самото испитување, а со тоа и пониски оценки и помали шанси за запишување на факултет, чукнете си ја главата. Ако падне за тебе, ќе падне за сите, и како резултат сите ќе имаат пониски оценки, со што и врвот со натрупани петки ќе се разреди на пониски оценки. Петката не е некое апсолутно битие кон кое треба да се стремите, оценките се само релативна градација. Знам, се повторувам, ама никој не ми го есапеше последниот пост и пак се продолжи со „ќе пропадне, ќе ми се симне оценката“. Или пак, егото е во прашање, како може јас да имам нешто пониско од петка, кукууу!
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
45
Поени од реакции
1
[/quote]добро бе....``долу влада`` од деце помеѓу 11 и 14 години...


протести потикнати од губење часови,...ц ц ц ц.


треба ли некој да одговара за ова? знаат ли родителите дека нивното 11 годишно дете ( на тв вчера ми идеше да заплачам кога а1 интрвју праеше со дете од 5 одд) сака да ја падне владата што се дрзнала да го провери неговото знаење а со тоа и работата на наставникот????[/quote]

Сакаш да кажеш дека овие деца се поинтелегентни од тебе и од цела ВМРО-вска нација??(велам ВМРО-вска затоа што овие протести се оценуваат како партиски и затоа што децата се прогласени за комунисти)
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Moжеби стварно не ни требаја протестиве,ама и повеќето кажаја, владава сака преку ден да ја направи Европска Македонија. За све си има свое време, неможи тие нас уште да не ни имаат ништо кажано,а за 20 дена ќе почниме да полагаме.

Прво ни рекоја дека ќе сме имале пробно на полугодие, ништо од тоа.
Потоа ни рекоја дека ќе сме имале пробно, а воедно и ќе ни кажеле по кој предмет ќе не тестираат во април. Помина април ни глас ни ништо.
После им текнало дека една недела пред да полагаме ќе ни се кажело по кој предмет да полагаме, и таа недела ќе сме имале интензивни подготовки. И од тоа ништо.
Сега им текна дека два дена пред да полагаме ќе ни се кажело точно кој предмет.
Па сега рекоја дека биле пуштени тестовите и дека професорите ќе тестирале.

Епа како да не протестираме кога ни самиве не знаат што прават.
Ако се решиле на екстерни на почеток на година ќе ни кажат вака вака и вака, треба да не запознат со начинот на нивно спроведување.

Толку сакаат да ја оценат работата на професор? Нека дојдат на час нека седат, нека видат кој шо оценки има. Вака според мене само му се мешаат во работата.
И овдека џабе тој шо си се со врски поради татко им` директор или доктор или незнам ти шо, ќе полагаат пак еден предмет. И по тој да добијат послаба оценка, другите пак петки и пак ништо.

Нека ги има екстерниве не се бунам,тоа повеќе би било за лична проверка на знањето по одреден предмет, ама кога веќе се решиле да видат кој е со врски или како оценува професор има подруги начини.
Преку еден обичен тест, дури можеби и полесен од оној што ни го даваат професорите неможе да се напише оценка пошо во оценка не влегува само писменото знаење, туку и активноста на час, усните одговори и дисциплина како и редовноста.
Нека размислат малку, не само да се екстерните.
А, да за протестиве. Сите професори викаат "Ве подржуваме,одете на протести".. па шо не дојдат со нас на протести? Цело време тие се жалат, појќе тие ме плашат кога ќе почнат на час да ни зборуваат за тоа, отколку јас сама на себе.
И не подржуваат, а пред директорон ни се дерат да се вратиме во училница.:tapp:

Добро тие мислат толку сме малоумни да не сфатиме шо им е поентата?
Како што повеќето шо излегоја на протести не им се учеше, така и на професориве очигледно не им се работеше.
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
od ponedelnik pa se ponatamu ke ima protesti pred ministerstvo poso 100% ke ima eksterni testovi i da bideme tamu i da gi ubedime deka nastavnicite ocenuvaat pravedno prva smena od 09 0 a vtora od 13:30 prakaj na site obavezno
*nema da padnes
*pa pazi so prais
:vozbud::vozbud:
Од вакви што организираат протести преку мсн преку :bip: ми е
 

Kajgana Shop

На врв Bottom