Една работа не ми е јасна. Секогаш под притисок на јавноста кажуваат кривични пријави од МВР а зошто некогаш обвинителството или било која надлежна институција не каже за пресудите? Значи гледаат дека вакви глупости се случуваат редовно и зошто тие податоци не ги користат како еден вид заплашување до други идни учесници на протести или провокатори?Мислам дека тоа е поради фактот што на судските процеси ги ослободуваат друга причина не гледам. Кои било насилници нека бидат макар и да се осудени условно тоа ќе им влијае и тоа како на понатамошното однесување а особено на однесувањето на околината каде што живеат или со која се дружат(океј освен за оние ХЦ хулигани на кои не им влијаат вакви работи а подоцна прераснуваат во вистински криминалци).
Зашто кривичните не ни постојат, а камоли да има пресуди. Нашле 12 луѓе како не нашле, колку да се замачка очи на јавноста. И да нашле, одма ќе ги ослободат ќе им дадат ко бајаги условна и чао пријатно.
--- надополнето: 14 мај 2012 во 13:36 ---
Значи и покрај све, сагата продолжува. Се прашувам само до кога?
Ова си е стандард приказна, а ќе продолжи се додека постојат фаци кои си гледаат розево на работите.
Затоа што нема информираност, затоа се случуваат вакви работи. Дека некои лажат како слободно си шетале по чаршија, како си оделе навечер натаму. Да може оделе натака, ама внатре во кола
Кој курац ги тера навечер САМИ да шетаат во тие предели?
Знаеш дека полиција нема, дека и да има ќе замижи ако тревба и дека сторителите и онака нема да бидат најдени.
Ти останува или да не искачаш таму, а и досега не сум видел ништо интересно што би ме привлекло да искачам таму, или па оди во група од по 10 души. А не сам, после 12, на место каде што никој не те гледа, рај за ваквите улични разбојници