jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 18.623
- Поени од реакции
- 26.136
Многу нејаснотии има во тоа како Ердо игра. Азербејџан му е целосно покорен. Тоа султачнето од рака му јаде. Авганистан му се вратија Талибанците на власт, кај што набрзо се инсталира и неговиот ментор Хекматјар. А претпоставувам дека има влијание и во самото негово движење Хезби-Ислами што имам впечаток дека е доста влијателно во Авганистан. Неговото партнерство со Пакистан (потурци, наследници на могулската империја). Дефинитивно се наметнува сериозно како сериозен играч. Каква што е моментално ситуацијата помеѓу САД и Русија и нивниот спор околу Украина, дефинитивно ја користи секоја прилика да заграби што е можно повеќе. Ме чуди зошто е тоа Казахстан, затоа што има многу Руси таму, за разлика од да речеме Туркемнистан. И јас искрено повеќе очекував да се зграби Туркенистан, но ете испаднало поинаку. Можеби таква била проценката.Не иде Ердо никаде сам и некоординиран.
За оваа опасност за Русија зборев кога зборев во темата за Нагорно Карабах. Победата над Ерменија му даде ветар во грбот да игра во останатите Турски републики. Според мене, Русија не смееше да си го дозволи тоа, па кој и да бил на власт во Ерменија. Мора да сватиме дека Ердоган има огромна улога во пантурското движење, кое е во голем подем и ужива огромна почит меѓу жителите на Турските републики. И дефинитивно преставува закана за стабилноста во поширокиот регион.