Пропуштени шанси...

  • Креатор на темата Lady
  • Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Жалите ли за некоја пропуштена шанса?

Sigurna sum deka sekoj od vas, barem ednash, naletal na nekoja shansa( ljubov, kariera, vrabotuvanje, shkoluvanje i sl) i istata ja propushtil od x-pricini...Kako gledate na toa i dali izvlekuvate pouka?
Ajde da ve vratam malku vo vremeto:helou:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Највеќе пропуштени шанси за кариера, ама не жалам. Кога не си роден пушикурович и тастер, не можеш да станеш. Не можам да јадам и пијам со колега на работа, а горе да го кодошам. Жално е што многу фирми денес така функционираат, удба инкорпорејтед. Кој повеќе ќе издудла, тој ќе оди погоре.

Дали сум извлекол поука? Да. Дека мирно спијам.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Обично се каам за работи кои што не сум ги кажала ,а сум требала или работи кои што сум требала да ги направам ама не сум.Обично за љубов се работи.
 

RealGirL

My LiFе...My ST0Ry
Член од
13 февруари 2006
Мислења
2.348
Поени од реакции
19
Имало многу пропуштени шанси но не се каам за ниту една,затоа што мислам дека се се случува со некоја причина!Можеби ако сум тргнела по друг пат,немало да бидам ова што сум денес,а задоволна сум со тоа што го имам моментално,но нели секогаш можеме и повеќе!
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
понекогаш жалам за некои работи што не ги направив дури можев, ама сега касно е, па не можам ништо да направам, ама затоа ум за друг пат
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Ехеее, пропуштени шанси- еден тон. На секое поле (освен кариера :icon_lol:). Сум можела нешто да направам, да речам, да прифатам, да одбијам, некаква акција да превземам... Ама од х-причини, не сум направила ништо од тоа.
И тоа е.:) Не сум го направила тоа што сум можела, ама сум направила нешто друго. Друг тек на настаните. Нема каење.:) Што и да пропаднало, сама сум си крива што не сум донела поинаква одлука или што не сум ја прифатила шансата. Може ќе било подобро да сум постапела поинаку, може и не. Никогаш нема да дознаам. :)
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
175
Поени од реакции
0
ех да можам да го вратам времетооо... убаво си пее Ламбе... и јас сакам да го вратам времето. Имам повеќе пропуштени шанси во животов што се каам што ги пропуштив... И извлеков поука од тоа... Многу ми користеа во мојот живот хехе значи сепак биле и тие од корист :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Не жалам за ништо, се што сум посакал сум направил, а би се надоврзал на Мистичен во врска со кариерата, и за тоа пак, воопшто не ми е мака. Напротив, горд сум на себе!
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Тоа и не го сакам кај мене,што многу жалам за пропуштени шанси,си мислам како би било да сум постапел подруго,ама ќе се поработи на тоа.
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
До сега не жалам за ништо што сум пропуштила. Ретко нешто што многу сакам да пропуштам, а и ако од некоја јака причина го направам тоа не се враќам веќе со мисли, што и како би можело да биде. Супер ми е вака и нема зошто да се каам за нешто.
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Мистичен напиша:
Највеќе пропуштени шанси за кариера, ама не жалам. Кога не си роден пушикурович и тастер, не можеш да станеш. Не можам да јадам и пијам со колега на работа, а горе да го кодошам. Жално е што многу фирми денес така функционираат, удба инкорпорејтед. Кој повеќе ќе издудла, тој ќе оди погоре.

Дали сум извлекол поука? Да. Дека мирно спијам.

story of my life i na ova bi nadovrzal edna misla od Nikolaj Velimirovic

Ako e tvoeto bogatstvo ona sto molcite moze da go izedat ,a kradcite ukradat,sto ke ti ostane eden den ako navistina molcite go izedat ,a kradcite ukradat?
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Може ли да се извлече „поука„ од пропуштени шанси?

Јас не можам. Едноставно, немам способност да предвидувам ( на претпоставки не се базирам ) каков би бил крајот на пропуштените прилики, не знам каква би била „поуката„ од тоа :toe:
 

mRnO

И по mRnO,mRnO
Член од
16 април 2006
Мислења
6.263
Поени од реакции
52
За некои работи никогаш нема да престанам да жалам
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
За една шанса што пред некое време ја испуштив НИКОГАШ нема да престанам да жалам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom