Пропаѓа сезоната во Маврово?

Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Во должина од петнаесетина метри, поради лизгање на земјиштето, пропадна дел од страничниот дел на патот кон Маврови анови во близина на браната. Забрането е движењето на автобуси и на товарни возила. Од Македонија пат велат дека местото е обезбедено, но се уште не можат да интервенираат. Токму каде што е одронот, поминува кабел кој го напојува скијачкиот центар “Заре Лазарески”, па чекаат екипи на ЕВН, најпрво да го заштитат и дислоцираат кабелот, па потоа од Македонија пат да работат. За возачите, овие патишта не се безбедни.

Во Македонија пат велат доколку кабелот се дислоцира деновиве, до крајот на годинава патот можно е да биде саниран. Угостителите и туристите сметаат дека овој одрон може да влијае на претстојната сезона во зимскиот центар.

Угостителските работници се исплашени. На една недела пред стартот на сезоната во Маврово, пропадна дел од патот кој води до овој туристички центар. Исплашени се дека годинава нема да има многу туристи, поради опасноста на патните правци.

Опасност од ново лизгање на земјиштето постои ако нивото на езерото се покачи па нагло се намали, велат во Македонија пат. Трајно решение за одроните во овој дел е изградба на потпорен ѕид во должина од педесет метри. Ако се обезбедат пари, ќе почне да се гради веќе од идната година.


Гледајте го видеото со прилогот најдобро
http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=31740
Алфа тв
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Идната година е тек идната година... шо прајме со оваа? Ќе измислат некоја алтернатива, или ќе чекаат да падни некое возилце во езерото за да се случи нешто?
 

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
Идната година е тек идната година... шо прајме со оваа? Ќе измислат некоја алтернатива, или ќе чекаат да падни некое возилце во езерото за да се случи нешто?
по навика .
п.с сурова вистина .
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.152
Поени од реакции
4.949
Нели низ тие предели има често одрони на земјиште ? Со 4.5 милиони евра , дали можело да се среди тој проблем ?
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Нели низ тие предели има често одрони на земјиште ? Со 4.5 милиони евра , дали можело да се среди тој проблем ?
Не е проблемот во парите... проблемот е што чекаа да падни патот за да го средуваат. Башка сега е зима, и 30 милиони евра имај, циментото треба да се исуши. А дали исто суши на +40 степени во лето и 0 во зима, пресуди самиот. Башка, летниот период е полабав за реконструкција и санација на патиштата, бидејќи нема туристи како што има во зимата.

Ко ќе додајш дека по патот наместо 5 коли во денот (шо би врвеле во лето), ќе поминат 500 (бидејќи сите сакаат да одат на скијање) рачунај колку е закаснето и неисплатливо да се работи во зима.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Срамота бе срамота сакаш гости туристи а немаш основна инфраструктура тамо не можат ни две коли да се разминат а не па автобус на пола пропаднат пат.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.152
Поени од реакции
4.949
Не е проблемот во парите... проблемот е што чекаа да падни патот за да го средуваат. Башка сега е зима, и 30 милиони евра имај, циментото треба да се исуши. А дали исто суши на +40 степени во лето и 0 во зима, пресуди самиот. Башка, летниот период е полабав за реконструкција и санација на патиштата, бидејќи нема туристи како што има во зимата.

Ко ќе додајш дека по патот наместо 5 коли во денот (шо би врвеле во лето), ќе поминат 500 (бидејќи сите сакаат да одат на скијање) рачунај колку е закаснето и неисплатливо да се работи во зима.
Имаме проблем со рангирање на приоритети , и затоа прашав дали со 4.5 милион евра ќе се решаваше проблемот , пошто поприоритетно ни беше триумфална капија , 4.5М евра , одошто патишта , кои се битни и за економијата и за туризмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom