Замислете ја вселената можно е само ние да сме во цела ?
..светов се врти..можна работа е и порано да имало некој вид на цивилизации така да не ги исклучувајте опциите.
Да пријателе,светов се врти.Порано постоеле прастари,високо развиени цивилизации кои биле збришани од Земјата со Големиот потоп и останале само нивните градби(претежно на дното од океаните) да сведочат за нивната големина.
Докази? Па поради обемноста на доказитe и поради ограниченоста на просторот,овде ќе спомнам само два и тоа од Египет,поточно:
1.Кефреновата пирамида,која се наоѓа веднаш до Кеопсовата.Имено,некои ентузијасти-научници ја поделиле оваа пирамида на неколку замислени нивоа и со понатамошно испитување откриле дека до 5-то ниво на надворешноста од пирамидата има фосилизирани остатоци од морски школки! Потоа со помош на радио-карбонско датирање на староста,откриле дека овие фосили се стари приближно 12.500 години! Што кажува ова? Па тоа дека пирамидата стоела овде и во 12.500-та година п.н.е. имајќи го во предвид научниот факт за староста на фосилизираните морски животни,не може некој отпосле да ги е ставил,а и тоа дека после големиот потоп таа била скоро целата под вода! Значи,според нив(а и според мене и многу други),големите Египетски пирамиди(Кефреновата и Кеопсовата) не се изградени од фараоните во 2500 п.н.е,туку многу поодамна и не служеле првобитно како гробници,поновите фараони само си ги присвоиле и ги направиле свои гробници и што уште не.
2.Како водата се повлекувала пополека,така и го откриле другиот доказ за ова нивно тврдење,а тоа се наборите изабени со вода на Сфингата,имено како водата се повлекувала,така таа и "цртала" линии на надворешноста од Сфингата кои се видливи и ден денес.Потоа оригиналната глава и била лавовска,онаа помалата фараонска,која не соодествува со димензиите на лавовското тело е додадена отпосле од после-потопската цивилизација која се појавила,ама која технолошки не можела никако да се мери со оние од пред потопот!