Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Втора тема на Промени го моето мислење ќе биде: Улогата, значењето и интензитетот на невладините организации во политичкиот живот, односно при носењето на политичките одлуки.
Моите критики кон невладиниот сектор се поради нивното непродуктивно мешање во наставните програми, посебно со индоктринација на децата и изоставување на самите наставници и родители во процесот на имплементирање на нивната радикална идеологија, како што беше со реформите на Мила Царовска, кон најранливите во ова општество. Мислам на децата од основното образование кои се најподлежни на пропаганда.
Втората моја критика се кон директното финансирање, на дел од невладините организации, од државниот буџет. Со самото тоа го губат статусот "невладини".
Третата моја критика е интелектуалниот снобизам, преку форсирањето агенда под критериумот "западна вредност". Одма се гуши аргументираната дебата и се форсира нова, најчесто прогресивна, идеологија, која не кореспондира со интересите и волјата на народот.
Дали има позитивни примери, по општеството, државата, граѓаните, одредени сектори, од праксата за улога НВО во политичкиот живот? Дали служат како лоби групи за терање на туѓи интереси? Зошто уживаат ниска доверба кај граѓаните? Зошто партиите фаворизираат одредени НВО? Дали треба да се забранат одредени НВО? Дали треба да се забрани странското финансирање на овие НВО? Дали, поради едноумието, наликуваат на модернизирани секти?
Тука не зборувам за оние НВО од сферата на културата (иако и тука се политизира, како на пример со културниот центар Ванчо Михајлов во Битола), животната средина (иако и тука се политизира, како на пример со зелената агенда) или од сферата на хуманоста, туку само оние кои активно се вклучени во политичкиот живот.
Секако, сите може да бидат предмет на критика, било позитивна или негативна.