- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Влијанието на англискиот како доминантен свестски јазик е очигледно. Освен преку големиот број нови зборови, влијанието на англискиот се забележува и во граматичката структура -- во синтаксата, на пример. Станува зачестена употребата на „Имајте пријатен ден!“ што е буквален превод од англиското „Have a nice day!“ До неодамна, „Пријатен ден!“ беше еквивалентот на „Have a nice day!“ -- глаголот има не се јавува во императив од горенаведениот тип. Доколку доследно се употребува новата синтактичка структура, тогаш следува: „Имајте пријатен ручек!“, или „Имајте добра ноќ!“ Сметате ли дека оваа структура „Имајте...“ се официјализира во стандардната употреба или пак е само производ на одреден тренд? Повелете со други примери и коментари.