Промени во стандардниот македонскиот јазик: нови граматички структури и тенденции

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Влијанието на англискиот како доминантен свестски јазик е очигледно. Освен преку големиот број нови зборови, влијанието на англискиот се забележува и во граматичката структура -- во синтаксата, на пример. Станува зачестена употребата на „Имајте пријатен ден!“ што е буквален превод од англиското „Have a nice day!“ До неодамна, „Пријатен ден!“ беше еквивалентот на „Have a nice day!“ -- глаголот има не се јавува во императив од горенаведениот тип. Доколку доследно се употребува новата синтактичка структура, тогаш следува: „Имајте пријатен ручек!“, или „Имајте добра ноќ!“ Сметате ли дека оваа структура „Имајте...“ се официјализира во стандардната употреба или пак е само производ на одреден тренд? Повелете со други примери и коментари.
 
од толку многу србизми, турцизми, бугаризми, албанизми и т.н. англискиот најмалку ме загрижува
 
Проклета је Америка... Зарем и во граматиката ни влегоа? :confused:
 
Тие промени се многу сложени и непредвидливи, и најчесто за валидни се земаат тенденциите во пишаниот јазик - од написи во весник, стручни и научни публикации, до книжевни текстови (не само кај нас, туку и насекаде - во англосаксонската лингвистичка мисла чест е поимот edited English, што е всушност пишаниот јазик на еден роден говорител; тој јазик се зема за модел, а останатите тенденции лингвистите и граматчарите се должни да ги бележат како дел од разговорниот јазик). Е сега, дали една тенденција се наметнува како правило или е само тренд, треба времето само да одлучи - дали јазикот ќе ја прими во своето ткиво, или не... На пример, кога излегоа компјутерите, кај нас се рашири зборот „маус“, и денес тој се користи почесто од глушец, кога се однесува на компјутерското „глувче“ - ама, кога дома ќе видиме „глушец“, ние не викаме „маус“, туку „глушец“. Ова е еден од најпростите примери за развојот на јазикот.
 
Се согласувам. Инаку темава ја отворив за новите синтактички структури (фрази, реченици) кои навлегуваат во стандардниот јазик. Ваквите промени (во сите јазици) се поспори и поретки. На лексичко поле, промените се далеку помногубројни.
 
..тогаш следува: „Имајте пријатен ручек!“, или „Имајте добра ноќ!“..
колку што се сеќавам по граматика, ова е наредба..ИМАЈТЕ..ДОЈДЕТЕ..НАПРАВЕТЕ..не може некој да ми нареди да имам пријатен ден, не затоа што не сакам :) ама верувам ја сваќате поентата..ВИ ПОСАКУВАМ ПРИЈАТЕН ДЕН ми звучи и мислам дека е најправилно..
поз
 
Така е. Глаголот „има“ многу ретко се употребува во македонскиот во императив (заповеден начин). Од историска перспектива, конвенционалните фрази како „добар ден“, „добра ноќ“, „пријатна вечера“, итн. никогаш не вклучувале „имајте“. Но, минатото на еден јазик е една работа а сегашноста и иднината, друга. Патем, според мене „Ви посакувам...“ е дури излишно -- „Пријатен ден!“ е сосем доволно. Можеби би било интересно да се направи анкета колку (особено млади, образовани луѓе) ги прифаќаат и употребуваат изразите „Имајте пријатен ден!“, “Имајте добар викенд!“, итн. Таквата анкета можеби ќе покаже каде се движат работите.
 
се разбравме, ама изгледа недоволно, "Имајте пријатен ручек" и "пријатен ручек" не е исто, јас "имајте пријатен ручек" го зедов за споредба со "ви посакувам пријатен ручек", а мислам дека е правилно и само, "пријатен ручек".. :) верувам дека ме разбравте..

Потполно се разбравме и го делам Вашето мислење за посочените примери! Поздрав и благодарам!:)
 
А сосема разговорно, доволно е „пријатен ден“, „пријатен ручек“, „убав ден“ - овие се користат најнормално.
 
А сосема разговорно, доволно е „пријатен ден“, „пријатен ручек“, „убав ден“ - овие се користат најнормално.

„Пријатен ден“, „пријатен ручек“, „убав ден“ според мене се и стандардни а не само разговорни варијанти. И доволни се, и секако се користат. „Ви посакувам пријатен ден“ е, се разбира, прифатлива во поформални ситуации.
„Имајте пријатен ден/викенд, итн“ се калкирани фрази кои се` почесто се употребуваат во медиумите и јавните форуми. Мене лично не ми се допаѓаат (поради непотребно пресликаната англиска синтакса) и не ги користам. Но, којзнае, за неколу години можеби ќе фатат корен и ќе бидат општо прифатени од новите генерации.
 
Се гледаме, наместо Ќе се видиме.
 
Во последно време особено ме боде во очи претераната употреба на „ќе биде“. На пример: Утре во 20ч. ќе биде отворена изложбата X. Сметам дека е подобро, поекономично и дефинитивно потипично за нашиот јазик да се користи конструкцијата „ќе се“, односно, „ќе се отвори изложбата“. Не дека првата опција е граматички неточна, ама некако делува вештачки и присилено. Причината за оваа се' почеста употреба се должи на буквалниот превод на „will be/ is going to be“ во медиумите.
 
Maлите јазици како нашиот и останатите балкански јазици неминовно подлежат на промени. Низ изторија со турцизите а сега со англицизните, јас не гледам тука што треба да не загрижува;)

Па и светскиот јазик како што е англискиот има влијанија од други јазица, како на пример францускиот. Свршеник, кафе бар, мустаќи и мн. други
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom