Да пробаш да отстраниш вокали од комплетно измиксана песна е исто како да пробаш да го изолираш само јајцето од веќе смесеното тесто за леб.
Мој предлог е да ги побараш мастер траките на интернет, т.е. пробар да ги бараш овие зборови: multitrack, mogg, master tracks, karaoke, studio stems, backing track for vocalists итн итн. Само што изборот на песни чиишто мастер траки се достапни на нет е лимитиран и тоа 90% на странски песни и песни од Rock Band и Guitar Hero игрите. Доколку ги сакаш оригиналните инструменталки.
Ако се задоволуваш со кавер (cover) верзии, тогаш на јутуб и гугл имаш доста голем избор на странски песни инструменталки/караоке. Единствено треба да знаеш да бараш...
Ако пак бараш македонски песни, или по надимакот - народни егејски, тогаш верувам дека лекот е само во програмите кои погоре ти ги предложија колегите софорумци.
Еве пример за оригинална инструменталка од бендот Кензас (чиишто мастертраки се достапни од кракованите гореспоменати игри), измиксана со audacity со едноставно недодавање на вокал траката.