- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 4.508
- Поени од реакции
- 8.202
Абе види, не сите реагираат исто на исти работи. Ти може реагираш "детски" на нешто друго, некој на нешто трето. Сите си имаме flaws. Луѓе сме нели.Ако ти сметаат "досетките" тоа се работи што се учат во основно и средно за како да се справиш со вербални силеџии. Ако не си навикната да те закача некој, нормално дека ова ќе го сфаќаш толку трагично. Враќај им со иста мера, и апсолутно не се замарај, не си дете од 10 години за да не можеш сама да се справиш со таквите.
Тебе може ти смета нешто друго што е глупо за мене на пример (ко да речеме има луѓе на кои им
сметаат колеги пушачи и активно влегуваат во конфронтација ради миризбата).
Така да, сакав да те поправам... не значи дека ако човек можеби претерано сфаќа "досетки" или ако реагира емотивно дека треба да се врати у 4то оделение. Едноставно таква си е типката.
И тебе ти смета нешто бејзик што се учи у средно/основно, само што тоа тебе не ти изгледа така, ме разбираш. Сите сме различни и мора многу компромиси за да функционираме у дадена квадратура и време.
На темата - Очигледно девојкава е интроверт, и влага у хиенска средина каде што некои од ликовите се нарцисоидни болесници кои се очигледно under threat. Мој совет би бил, да си кажеш све што РАЦИОНАЛНО ти смета (неможеш на некого да му ги диктираш навиките за ти да достигнеш оптимална функционалност, јеби га, но можете да најдете common ground за некои прашања), - чисто колку да ти е полесно, да им дадеш до знаење и за да не сфатат хиените дека си слабак и да те злоупотребуваат во иднина.
Не за друго, за тебе е подобро, пошо ако не се искажеш, тоа ќе тлее до одреден момент во тебе, ќе го обработуваш, и кога ќе ти дојде преку глава(онака апла, а верувај ќе дојде до таков момент), па после да им се развикаш ептен и ќе си напраиш негативно искуство и со нив и со самата себе(пошо во суштина си претпоставувам мирољубива).