Пробиштип

Serengeti

Има само една вистина сето друго е лага
Член од
4 февруари 2009
Мислења
260
Поени од реакции
63
Пропиштип закон !!!!

Е кога ќе се присетам порано кога харавме по Пропиштип многу убаво ми беше...штета имав другари од таму ама јебига се разделивме престанавме да контактираме а живеевме многу добро...памтам идев на 28 авг Голема богородица имасе Рок Концерт мнгу добро си поминувавме...па тоа пиење па тоа се живот па тоа жениии за мерак...Сега имам разбрано дека скоро сите се испооженети нешо деца жени аууу...како и да е да ги поздравам на тие што ми текнува тоа се : Kire zverot, Robi, Belio, Aceto, Piskata голем поздрав до нив и никогаш нема да го заборавам на тоа убаво поминато време кога си живеевме RESPECT !!!еве една песна не знам зашто али многу ме потсеќа на Пробиштип ....
 
Член од
8 јануари 2009
Мислења
169
Поени од реакции
8
Како се оди во пробиштип со автобус?
Кога и колку автобуси има од/за Скопје и од/за Штип ако знае некој?
 
Член од
23 ноември 2009
Мислења
3
Поени од реакции
1
Пробиштип стварно добро градче - има капитал има и народ има и убавина, кај нас у Кратово, Ѕинго запусти градо мамето негово за 10-15 години село ќе станеме:nesvest:
У Пробиштип најтлајф-о е супер има кај да се шета излегува и ебе , бај д уеј имате супер базен 2 години по ред одам од проста причина што нејкам да заболам од некоја болест од кратовската вода , за школите незнам ама нашта гимназија е подобра (ранг 3 на ниво на држава) ,добри сали имате + едната и затворен базен и игралишта за фудбал,кошарка,одбојка,тенис ... имате и паркови каде човек може слободно да седне и да се одморе, за разлика откај нас каде нон стоп се пие,фикса и лета , јебига тој е тој само напред ! :salut:
 
Член од
11 август 2010
Мислења
96
Поени од реакции
33
Ох ох ох! Секој малдинец од поголем град, свесно или несвесно, самата свест или потсвест му наложува да говори со "висок тон" спрема помалите места. Ова на пример му доаѓа како крал на подреден кога дава заповест или кога учителка покорува ученик, мислам дека се разбравме. Меѓутоа драѓи мои содржавјанини никој од вас ја нема добиено титулата со повисок чин, така да тоа не ви дава за право на навредување на град со помалку жители. Провинција да сме сите ние мали места, воопшто не сме! Зашо? Поради тоа што провинција е назив за поднационална единица и провинцијалците всушност претставуваат покорен, неписмен народ (ова накратко). Поголемите градови да се разбереме воопшто не се метрополи, пр. Скопје= метропола, апсолутно НЕ! Ако е, тогаш што праиме со токио со 12 милиони народ или пак со њу јорк со околу 23 милиони народ?!
Ова морав да го пишам како водед. Понатаму, велите дека луѓето, поточно младината од малите места е заостаната со мода и дека воопшто нема вкус. Поаѓам од самата себе си: Воопшто не ме интересира мода, ама ИЧ! Јас сум девојка со искулиран стил, доволно. Културата ни е на ниско ниво и дека нашата гостопримливост е од премногу простоќа??? На ова ќе се насмевнам и ќе дообјаснам: воопшто нашата култура не е на пониско ниво, работата е во тоа што знаеме да почитуваме и да ги цениме најмалите нешта, за потоа да ги достигнеме поголемите. Е сега за Пробиштип:
Јас сум Пробиштипјанка и сум многу горда на тоа! Си го сакам градот, си го сакам народот! Каква сум се изградила како личност, таква ме прифатиле. Исто и вие сограѓани, немојте воопшто да мислите младината кај нас "лета" премногу, мислам дека нашето време помина за "летање". Па замсилете што правевме/ правевте ние/вие како гимназијалци? Убаво ми беше у секој случај!
:pos2:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Ех, писателке, забега малку, ќе забегам и јас ама не можам а да не ти реплицирам.
Дали мислиш дека едно населено место ги добива своите карактеристики само според објективните ресурси како што е географската положба и природно окружување, клима и сл. или пак во тоа имаат улога и луѓето кои во тоа населено место живеат?
Веројатно, како личност која потекнува од едно мало и по значение речиси минорно населено место(тешко дека можам да го наречам град за тоа што нема такви обележја) кое е подигнато како рударска населба за сместување на рударите од некогашните рудници од времето на социјалистичката револуција, не си ги анализирала состојбите доволно објективно.
Ако за споредба земеш две деца на иста возраст, едното од Скопје а другото од местото од кое потекнуваш и им дадеш исти задачи од разни области вклучувајки и модерни и навидум сосема неважни нешта, што мислиш, кое дете ќе има подобри резултати? Ова одговорно го тврдам зашто многу пати споредувајки деца од Скопје и нивни врсници од помали места сум увидел дека скопјанчињата во просек се далеку над своите врсници од другите места во Македонија. Нема да навлегувам во детали зошто е тоа така, но за жал, така е. Значи, стартната основа за градење на една личност во Скопје кое за тебе не е метропола е подобра за разлика од Пробиштип кој исто така според тебе не е провинција.

Во помалите места низ Македонија начинот на живот, секојдневните навики, културата на жителите (зависи кој што и колку подразбира под култура) се многу поразлични одколку во Скопје.
Во помалите места секому е битно и важно што прави и како живее комшијата и сите други кои ги знае и познава, битно му што кој кажал, каков му е приватниот живот, битно му е кој што кажува и зборува за него. Во Скопје речиси никому не му е гајле за тоа кога вчера комшијата се вратил од шетање доколку со своето враќање не предизвикал врева која ќе го разбуди од спиење во ситни саати на пр. Исто така, ич не ми е гајле дали комшиката денес ќе готви за ручек грав или ќе мота сарми. Битно ми е само кога ќе прдат по дома, да не засмрди кај мене! Capiche?

За навиките кои вие ај да не речам провинцијалци бидејки според твоите дословни формулации изразот е неприкладен, ама малограѓани веројатно ќе биде поадекватен во тој случај, ги носите со себе кога ќе дојдете во Скопје мислам дека не е потребен коментар. Доволно е само од страна да се посматра и веднаш ќе се забележи кој е дојденец во градов.
Биди ми поздравена и нека не те боли толку вистината. Придавките и општите именки се сосема небитни, битно во случајов е каква е реалната состојба но не само кога ја гледаме од поубавата идилична страна.
 
Член од
2 март 2011
Мислења
99
Поени од реакции
12
Пробиштип е закон имам неколку пати идено .. Поздрав до Багабонти
 
Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120

Морав да ти реплицирам иако не сум од Пробиштип.
Според твојов исказ, самобендисан и нарцисоиден, ти дечко имаш сериозни проблеми. Прво и основно го омаловажуваш градот Пробиштип и покажуваш основно незнаење за неговата историја. Споредбата за детето скопјанче и детето надвор од Скопје (за вас „провинцијалче“) е не знам, тажна, жална, катастофална. Второ, се чудам на тоа како некој во Македонија размислува вака. Па, добро да го споредеше Њујорк со некое зафрлено село во Аљаска, навистина твојата приказна ќе имаше основа, ама во Македонија се уште не постојат џиновски разлики од тој вид, па во секое село и она најзафрленото покрај основните цивилизациски придобивки има и интернет, колку и чудно да делува тоа. Сите се писмени, сите се компјутерски образовани, сите имаат иста основа во поглед на образованието и културата, стартните позиции им се исти. Дај објасни ми ти во што, колку и како тоа скопјаните се ДАЛЕКУ над своите врсници? Бидејќи искрено јас не знам дека луѓето во Скопје по правило се раѓаат со висок коефицент на интелегенција.
Трета работа, околу комшиските муабети, караници и интересирањето за животот на нашите мили соседи, верувај тоа е македонска, но и балканска „придобивка“. Е сега нормално е дека ако живееш во зграда помалку ќе се замараш со твоите комшии кои не ги ни познаваш отколку ако живееш во куќа (плус поодалечена од градскиот метеж).

За навиките и културата не сакам да коментирам. Секој од нас си одговара за сопствените постапки, без разлика дали е од Скопје, Охрид, Битола или Зрзе, Кривогаштани и Долно Дупени.

Немој да бидеш како некои скопјани (верувам дека поголемиот дел не се такви) кои нивниот град го ставаат над државата, притоа омаловажувајќи ги останатите граѓани од другите места во Македонија кои исто така придонеле и за Скопје и за Македонија. Првин сме Македонци, па потоа локал-патриоти.
 
Мојот исказ воопшто не е самобендисан или нарцисоиден туку е базиран на лични согледувања низ еден подолг период од неколку години. Интернетот е достапен веројатно и во најзафрлените краеви од државава, но кој за што го користи...веќе друга приказна е. А кој за што придонел, не би коментирал но сепак ќе кажам дека и метрополата а и провинцијата живеат во некаква симбиоза која им овозможува заедничко опстојување во една држава. И верувај, ако малку подлабоко ги анализираш нештата со елиминација на пристрастноста која како што гледам неминовно те влече кон твоите корени, ќе дојдеш до истите согледувања како и јас.
 
Личните согледувања не оставаат можност за реална и објективна проценка, дечко. Друга работа, во Македонија не постојат провинции, ниту некогаш постоеле (освен во римско време кога самата Македонија била поделена на две: Македонија Прима и Македонија Салутарис). Оттука секој обид да се дискредитираат и омаловажат луѓето кои не се родени во Скопје е примитивен, некултурен и понижувачки во секоја мера. Знам дека алудираш на внатрешноста, но она што е провинција во денешна Италија, Канада или Ирска го нема кај нас, тоа се територии кои се културно-историски различни од другите делови во една држава. Такви територијални единици со висок степен на самоуправа во Македонија нема.

За пристрасноста само ќе ти цитирам една колумна од еден скопјанец:
„Скопјани се фрустрирани што овие од провинција се поспособни за живот од нив. Па како и не би биле кога уште на 18 години дошле да студираат во големиот град, да се снаоѓаат без мама и тато. Како да не се во предност, кога скопскиве кремчиња и на 30 години сè уште живеат со родителите.

Не дека и овие од внатрешноста не си носат фрустрации. Инаку, не би се труделе толку да го задржат дијалектот од дома (секоја чест на исклучоците), како некој пркос кон градот во кој што живеат. Не знам зошто и со кого се инаетат кога нивните деца веќе во градинка ќе научат скопски и толку од дијалектот. Не им е тешко да учат по два странски јазика, ама скопскиот дијалект им е страшно комплициран...

Премногу енергија во погрешен правец. Државава треба да ја гледаме и сакаме како едно. Политиката во стара Југославија беше погубна за македонските села, за другите градови освен Скопје. Прашањето е зошто централизацијата продолжува? Зошто 20 години не успеавме да ги заживееме селата? Зошто не ја поврзавме државава со современи патишта? Зошто цела администрација е во Скопје? Зошто Битола сè уште нема аеродром? Зошто министерството за земјоделие не е во Струмица, или пак зошто немаме министерство за туризам, со седиште во Охрид? Додека ние се караме кој од каде бил, каде живеел и зошто дошол, другите одат напред...“
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Личните согледувања не оставаат можност за реална и објективна проценка, дечко. Друга работа, во Македонија не постојат провинции, ниту некогаш постоеле (освен во римско време кога самата Македонија била поделена на две: Македонија Прима и Македонија Салутарис). Оттука секој обид да се дискредитираат и омаловажат луѓето кои не се родени во Скопје е примитивен, некултурен и понижувачки во секоја мера. Знам дека алудираш на внатрешноста, но она што е провинција во денешна Италија, Канада или Ирска го нема кај нас, тоа се територии кои се културно-историски различни од другите делови во една држава. Такви територијални единици со висок степен на самоуправа во Македонија нема.

За пристрасноста само ќе ти цитирам една колумна од еден скопјанец:

Ок, во ред е. Кој колку е поспособен за живот не би коментирал. Начинот на кој најчесто селанчињата од внатрешноста се однесуваат и се пробиваат низ животот најчесто не е прифатлив од повеќе аспекти меѓу кои и етичкиот. Зборувам од лично искуство, гледано и анализирано низ еден подолг период од моето битисување. Во мојата професионална кариера која е подолга од 20 години сретнав секакви луѓе. Работев со колеги кои имаат разкичен менталитет, национална припадност и религија. Неетичко и неколегијално однесување во смисол „копање на гроб“ на колегата, местенки зад грб и слични нискости за во очите на предпоставениот да се прикажат како поголеми, да изцинкаат и да атакуваат на твоето место и позиција во работната хиерархија во Скопје никогаш нема да доживееш од скопјанец по род и потекло! Тоа секогаш ќе дојде од некој што од газот му штрчи стракот праз, опинците му се уште со кило кал на нив и се тушира еднаш во 2 месеци, а селскиот дијалект со години не го сменил како и навиките да пушти вода после користење на wc-то на пр. !
Не ми зборувај жити се за тоа кои се оние кои доаѓаат од внатрешноста во мојот град како и какви се малите места низ Македонија зашто верувај, сум бил речиси секаде, сум видел како изгледа, како се однесуваат луѓето во нив а секојдневно гледам и како се однесуваат истите тие овде, во главниот град на оваа држава. Моето мислење е тоа, формирано како што веќе реков со тек на години и базирано на лични искуства и согледувања и воопшто немам намера повеќе да го образложувам или бранам туку сам о го изложувам.
Доста беше со оф-топикување, админот или модераторот ќе имаат работа :)
 
Морам да ти вратам бидејќи тотално не се сложувам. За работната хиерархија и малите плати, како и конкуренцијата која доаѓа (надвор од Скопје) не ти е крив никој. Секој според заслугите, никој не треба да ти е крив ако ти си завршил факултет со 6,0, а некој од Валандово завршил со 9,8 и се лутиш што тој добил работа. Едноставно човекот учел, завршил и побарал награда. Не се криви луѓето од помалите места што кај нив нема побарувачка за работници (без разлика од која професија) и што немаат толку добри услови како во Скопје, Битола, Куманово и сл. Крива е државата што не овозможила правилен и рамномерен развој на сите градови и на сите села. Спореди ја ситуацијата со една Љубљана на пример.

За „селанството“, колку што знам и во Скопје и околината има голем број на села, па логички е и тие да носат со себе т.н. селски навики. Што ги прави нив поцивилизирани од останатите селани („сељаци“) од другите градови? Или скопските селани се на висок степен на психофизичка развиеност?

Ова со скопјанец по род и потекло е премногу самобендисано богами. По оваа логика охриѓанец никогаш не би добил нож во грб од охриѓанец, битолчанец од друг битолчанец и сл.
А башка тоа што скопјани по род и потекло се малцинство во својот град :)
 
Која ти е целта? Провокација? Каде стана толку умен? Во селендрата од која што си? Ти си веројатно еден од оние малограѓанчиња и селанчиња кои што талкајки низ Скопје се обидуваат удирајки се во гради со постигнатиот просек за време на студиите да се докажуваш ни животот при тоа не одбирајќи средства и начин како тоа ќе го реализираш. Постои нешто кое на ниеден универзитет не можеш да го научиш, се вика етичко однесување во пракса, но за така да се однесуваш треба најпрвин да и припаѓаш на средината во која си дошол да живееш. Тука е разликата „дечко“, но бадијала го правиме муабетов, не можеш тоа да го разбереш заради малограѓанскиот селански ментален склоп кој без да сакаш едноставно го имаш уште од своето раѓање :D

--- надополнето ---

Еве како уште многу одамна пред веројатно да бидеш роден биле перципирани тие како тебе кога ќе дојделе на студии во Скопје:

Значи, ќе мораш уште многу урда и пиперки да изедеш за да ти станат некои нешта јасни :tapp:
 
Со последниот коментар си го покажа вистинското лице. Тоа е права малограѓанска култура: да се навредува различниот од тебе и да се смета за културно инфериорен. Епа, продолжи да се храниш со таквото его, заради таквите како тебе во главниот град имаме искомплексирани луѓе кои лечат комплекси на други, поуспешни од нив и истите им се криви за сопствената нереализираност.

Тоа што си роден во Скопје, не те прави граѓанин и културен човек. Сигурно не си ни излегол од сопственото гето, а дури и ако си излегол со презир гледаш на другите места.
Би ти препорачал да ги прошириш хоризонтите, бидејќи постои можност да се гетоизираш и да живееш во планетата Скопје (од Аеродром до Ѓорче). Постои и друг свет надвор од тоа.

П.С. За песната, не се секирај за тоа како сум јас перцепиран. Потруди се заради личните разочарувања и комплекси да не ти бидат криви „дечките од внатрешноста“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom