Пријател е оној што знае се за тебе и покрај тоа се уште те почитува

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Минус еден на мојата листа... Ја сметав девојката за вистинска пријателка, ама изгледа бев во заблуда... Not anymore.
 

Izr0d

Била сам дете...=)
Член од
9 мај 2008
Мислења
593
Поени од реакции
29
Зар уште постојат ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛИ?!:toe:
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Јас си имам една што си ја нарекувам вистинска, се дружиме 7 години, ама многу не се гледаме од друг град е :) Ама сепак, најмногу се познаваме и разбираме и почитуваме. Си ја кажуваме вистината в лице се радувам што е така:back:
 

АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Имам неколку вистински пријатели кои во многу ситуации се докажале како вистински луѓе, не ме изневериле т.е. не ги изневериле моите очекувања и секогаш биле и се покрај мене кога ми е тешко и кога сум среќна. Пријател не значи дека мора да биде личност која перманентно ќе биде со мене, туку едноставно да знам во себе дека е тука , дека ме сака, почитува и разбира без разлика какви одлуки ќе донесам (нормално и да ми даде некоја позитивна сугестија) и што и да направам.
Среќна сум што ги имам тие неколку покрај мене, затоа што никогаш не се чувствувам осамена, непотребна , безполезна или отфрлена и исклучена од било какви облици на социјално општење.
Сепак за да имаме вистински пријатели, првично мораме и ние да бидеме добри луѓе и добри пријатели, да ги препознаеме вистинките квалитети кај луѓето и да еволуираме во личности свесни за сопствените дела и зборови.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Охи! Пријатели да, ама вистински, "мало-сутра"...
 

FlOwEr gIrL

ҳҲҳlove my sunshineҳҲҳ
Член од
8 август 2008
Мислења
344
Поени од реакции
13
Вистински пријатели? Ретка појава во денешницава. Пред кратко време раскинав една таква "верна" пријателска врска.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Вистински пријатели? Да имам и тоа доста добри,вчера малку посериозно се дружевме, и денес сеуште ги чувствувам последиците од таа дружба :).
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
За жал, се помалку има вистински луѓе и вистински пријатели.
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Имам неколку луѓе на кои им се доверувам и кои секогаш биле тука за мене..исто како и јас за нив.. верувам дека сеуште постојат вистински пријатели..:toe:
 

Malata

(:
Член од
15 декември 2008
Мислења
136
Поени од реакции
2
Ja se druzev so edni devojcinja mn dolgo vreme, i na kraj mi svrtea grb a toa ne e vistinski prijatel i od togas ne veruvam deka postojat vistinski prijateli:S:smir:
Pozz
 
А

Александра Д.

Гостин
Има такви другарства.... кои не се од корист.... јас имам 3 подобри другарки од кои само 1 би издвоила за вистинска.... За себе можам да кажам дека кој и да ми побара помош ќе помогнам.. едноставно таква сум без разлика дали вчера сме се карале и слично... секогаш сум отворена за нови пријателства, но постојат и такви луѓе кои го искористуваат тоа и некако ми се одбивни..

Со мојата вистинска другарка се дружиме веќе 1 година... доволен беше само 1 месец за да знам дека таа секогаш ќе биде тука за мене, а и јас за неа.... Си помагаме колку можеме во се’....и знам дека тоа е тоа... дека тоа е Вистинското...
 

buba18

God is a DJ
Член од
8 јануари 2009
Мислења
358
Поени од реакции
10
јас имам неколку другарки на кои можам да им се доверувам,но сепак мислам дека вистинските пријатели се ретки во сегашноста:toe:
 

Valerija

I'm like an Angel
Член од
23 октомври 2008
Мислења
211
Поени од реакции
5
ма не се ретки..ги има..но тешко е да ги најдеш..сепак сметам дека пријателите што се околу мене,..што ме сакаат и поддржуваат..мислам дека се вистински пријатели или сепак јас ги доживувам така, горда сум на тоа! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom