- Член од
- 29 март 2013
- Мислења
- 4.510
- Поени од реакции
- 4.332
Ова убаво го предочи.
Во различни фази од животот ке имаш потреба од различни видови пријателство. Дур идеш у школо ти требаат другари за одмор, за скитање наваму натаму а обично се то лица шо имаат ист вкус за музика или слични оцени. Шо не мора да значи. После средно веќе факаш некое посалам друштво и најбитно е да се има иста маршрута за локали пошто ноќниот живот е во полн ек. Мешаш тука и таму ако си на факс, и од провинција, па и во дом ако седиш седиш, чорба каша. И најнакрај, може а и не мора да значи, настапува период кога излегуваш од адолесцентна криза, имаш веќе изграден идентитет и бираш пријатели по душа. Јас сум тип шо сменувал повеќе друштва. Шо никогаш не правел лице. Шо губел пријателства кои очито не биле тоа. Денес имам две најдобри другарки кои заменуваат 20 просечни. Сасвим доволно. Се друго е овде само за да го острам социјалниот живот, ништо повеќе.
Ако имаш некое хоби, супер. Тоа е идеален начин да запознаеш луѓе од иста крвна група. Трчкај, вози точак, иди у читална, излези на кајгана собиранките.. И правило број 1, насмевката е магнет. Луѓето се како програмирани да им се допаѓа се што е насмевнато така да шири само позитив вајб и биди трпелив. Не секој може да ти биде другар, тоа е ми се чини тешка титула на денешно.
Би бил пресреќен доколку зборов "пријателство" не го цепкаме и делиме на милиони парчиња со различно значење и употреба (пријатество за на школо, за излегување, пријателство од КОРИСТ и слично).
Кога на пријателството би се гледало како на нешто свето и вредно, се би било поинаку, ама јбг, само многу ми е жал што и ние кои знаеме да го цениме мораме да го газиме од самоодбрана, мораме да бидиме и ние валкани играчи.