Здраво ми треба совет од вас пошто немам со кој друг да зборувам
Имам една пријателка која денес бара се и сешто од мене се дружиме и се е ок. Утре ми е љута не ми зборува ме откачува не се дружи со мене. А да ја прашаш зошто не ми зборува ни таа не знае да ми одговори. Проблем ми е пошто не можам да ја откачам пошто е со мене во друштво то ест во друштво сме 6 пријателки и само она е таква од сите денес ова она се дружи со тебе се е ок а утре ти е љута те откача и не ти зборува. Не знам што да правам како да ја откачам. Пошто е со мене у друштво кога не ми зборува се дружи со другите и прави сите само неа да пазат и да не се дружат со мене. Еве мојата најдобра пријателка секогаш ја држи за рака додека одиме и и зборува свашта и се прави демек мојата најдобра пријателка ја сакала нејзе повеќе од мене (таа пријателка што не ми зборува ја држи за рака мојата најдобра пријателка да не ме свативте погрешно) И кога мојата најдобра пријателка ќе се сврти да ми каже нешто таа веднаш ќе не прекине и ќе и каже на неа друго нешто само за да не зборуваме ние двете едноставно тоа не може да го трпи. Не знам навистина што да правам. Ми се смачи од неа. Не знае да го цени тоа што го имам направено за неа колку домашна сум и праќала колку лектири и сум раскажувала и многу други работи но таа не го цени тоа и ми враќа со тоа што ме игнорира и не ми зборува. Кога ќе нема со кој да се дружи веднаш кај мене а кога има бега кај нив и мене ме остава како да не се познаваме. Навистина многу ми е тешко кога ми прави вака пошто со сите се дружи а само мене ме избегнува и не знам зошто. Нема никаква причина. Ве молам кажете што да направам многу ми е тешко. Едно не можам да трпам тоа што кога некоја другарка ќе ми каже нешто она веднаш не прекинува и прави сите само неа да ја гледаат, а мене да ме избегнуваат. Она се прави демек најдобра од сите и најпаметна. Кога и треба нешто помош за домашна и за лектири а претходно не ми зборувала ќе почне на месен ер да ми пишува 300 пораки. Што правиш, како си, еве јас се мачам со домашните и учењето, па може ли да ми го пратиш домашното, може ли лектирата утре да ми ја дадеш... Она го прави тоа само оти ја сум добра ученичка а она не знае ништо и кога ќе и треба нешто за у школо веднаш трча кај мене а кога не и треба ништо само ќе ме игнорира и толку. ЕПА СРЦКА МНОГУ САКАМ ДА ТЕ СНЕМА ОД ПЛАНЕТАВА И ДА НЕ ПОСТОИШ ВЕЌЕ. И ЛУЃЕТО КАКО ТЕБЕ ДА ГИ СНЕМА......
Ве молам за совет