Природата сепак се раководи по Божјите Устројства(Закони)

Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Сложеноста на нашата планета покажува на разумен Створител кој не само што го створил нашиот свет туку и до ден денес води грижа за него и непрекидно го одржува.
Има многу примери за да ова се потврди а еве еден од нив а се надевам дека и вие ќе допринесете да тие примери за присуството на Бога ги обогатите.
Првиот пример е нашата планета-Мајката Земја.
Мора да се сложите дека незината големина е совршена.
Големината на Земјата со својата совршена гравитација е зачудувачка која се состои од танок слој на гасови азот и кислород,кој се наоѓа или е распространет само на 80км над површината над земјата. Земјата да е само малку помала,тоа постоење на атмосверата би било неможно,како што е примерот со планетата Меркур.
А ако Земјата е поголема тогаш би имало друг проблем,тогаш во тој случај би бил зголемен процентот на водорот како кај Јупитер. Во двата случаи за нас и за се живо на планетава би било кобно.
Земјата за сега е единствената позната планета која е опремена со таква атмосфера која се состои од вистински мешовини на гасови кои се со прецизен размер како би се овозможил нормален живот на растенијата,животните и луѓето.
Нашата земја се наоѓа на вистинската далечина од Сонцето. Самите да го ставиме прстот на глава и да размислиме за температурните промени со кои се соочуваме кои разлики се од прилика од -35 до +50степени. Ако земјата е само малку подалеку ние би се сите смрзнале.А ако е само малку поблиску сите би биле испржени или во пепел претворени.
Дури кога би се можело да се направи само малку поинаков сразмер на растојание од Сонцето Животот на Земјава би бил невозможен. Земјата ја одржува својата совршена одалеченост од Сонцето притоа ротирајќи Земјата околу Сонцето приближно со брзина од 108,000км на час. Таа, Земјата исто така се врти околу околу својата оска, овозможувајќи и на целата земјина површина да доволно се загрее и олади секој ден.
А и Месечината наша Некој се погрижил да ја направи со совршена големина,токму како створена за нас, со прецизна одалеченост од нас заради гравитоционото привлекување. Месечината прави важни океански промени и движења да океанските води не би се устоиле и засмрделе,а повторно водите океански кои се огромни тие се со некој закон воздржани да не бисе прелеале преку континентите.... Премногу случајности би рекле умните глави. А ние пак ќе речеме како Давид:
Господи се си створил премудро!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Ја гледаш целата слика само од една страна.
Како прво, гравитацијата е далеку од совршена, да имавме гравитационо поле како Месечината, ќе живеевме три пати подолго.
Земјата е премногу мала. Наскоро ќе имаме огромен проблем со немање доволно простор, па огромен број на шуми и животински видови ќе мораат да бидат уништени.
Прашај го господа зошто само 2.5% од сите води на планетава е слатка вода, а пак само 25% од таа слатка вода може да се пие без преработување? Испаѓа дека едвај 1% од водата на оваа ланета може да се пие. Зошто имаме толку лимитиран износ на природни ресурси? И зошто, ооо господе, си го направил универзумот премногу широк, па уште и си направил да се шири се повеќе и повеќе, а ние кутрите уште илјада години нема да измислиме технологија доволно софистицирана за да не изнесе барем надвор од нашиот сончев систем, не па да ги прошетаме милијардите други системи и галаксии.

И зошто ооооо господе, си ги измислил религиите, со векови го држеа човештвото во тотален научен мрак, каде ќе ни беше крајот ако наместо Црни времиња на војни и Христијанство во Средниот Век, ние се концентриравме на наука и спознание на Вистината, а таа е далеку од Библијата и Куранот.
Што се однесува до (скоро) идеалните временски услови на планетата, не заборавај дека планетата е 4.6 милијарди години стара, и дека немало отсекогаш живот на неа. Не биле отсекогаш овие услови и што е најважно, нема засекогаш да бидат. Било време кога на оваа планета живот не бил возможен, ќе дојде време кога пак живот на оваа планета нема да биде возможен.
Иако попрво тоа ќе се случи поради самите луѓе, а не временските промени.

Да постоеше омнипотентно суштество, тогаш навистина лошо зи ја извршил работата, премногу искомплицирал и усрал. Премудро и се чини само на простата раја.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Оооооо, Севишен, зашто има и вакви поединци на Земјава, кои во сето свое духовно слепило, не можат да го видат ниту очигледното!???
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Верник оди по линија на помал отпор. Тој не се занимава со мислење и размислување за причини и последици. Ако некој злосторник умре на 96 години ќе рече “го стигна божјата казна“ ако некое невино дете од 14 години почоне “бог го зел при себе“ ако му се запали шталата и му изгори се “бог така сакал“ ако му биде родна годината “бог така сакал“ ако е сушна и ќе гладува “бог така сакал“ ако добие премија на лото, “бог му дал“ ако му дијагностицираат рак “бог сакал“ ако цел ден ништо не се случи и помине во монотонија “бог сакал така“
И добро и лошо и неодредено.... “бог сакал“
Не треба како останатите да бараат анализираат размислуваат и заклучуваат за настаните зошто или како. Ние на пример се трудиме да направиме згради кои ќе издржат земјотреси, верник не , то е за него дело на бог и ако бог решил да не срамни со земјотрес, не треба да се противиме, исто верник е против узбуни за цунами, то е дело на бог и ние не треба да му се спротивставуваме на неговата желба да удави некоја иљадарка луѓе, за еден верник докторите и пожарникарите се деца на сатаната оти се мешаат во неговите, божјите дела, кога сака некого да земе при себе или го казни со болест или уништи со оган.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.068
Поени од реакции
4.716
Природата не се раководи по ништо друго освен по законите во физиката!
Ако Земјава беше 10 милиони километри подалеку или поблиску од Сонцето, животот ќе се адаптираше на тие услови, и денес можеби би изгледале малку поинакви (побели или поцрни).
Гравитацијата, ако Земјата беше колку Марс, пак ќе постоеше танка атмосфера, а животот би се прилагодил и на тоа. Под земја, животните со поголеми бели дробови итн...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Тоа е саде едно материјалистичко, натуралистичко и физикално толкување на Природата. Дај сеа кажи ми/ни, од кај дошле то физичките закони? Создадени се сами од себе или Некој ги создал и нив?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Природата не се раководи по ништо друго освен по законите во физиката!
Ако Земјава беше 10 милиони километри подалеку или поблиску од Сонцето, животот ќе се адаптираше на тие услови, и денес можеби би изгледале малку поинакви (побели или поцрни).
Гравитацијата, ако Земјата беше колку Марс, пак ќе постоеше танка атмосфера, а животот би се прилагодил и на тоа. Под земја, животните со поголеми бели дробови итн...
Would you be kind enough да ја нацрташ Елена Ристевска доколку би доаѓала од таа планета?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
И покрај некое скромно знаење до кое стигнале научниците од разни области, како и физички закони, точното устројство на светот (од микро до макро ниво) е голема непознаница.А штом не се знае, тогаш се нижат претпоставки...кои и покрај што се врз основа на некои математички модели, сепак се само претпоставки.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.068
Поени од реакции
4.716
Тоа е саде едно материјалистичко, натуралистичко и физикално толкување на Природата. Дај сеа кажи ми/ни, од кај дошле то физичките закони? Создадени се сами од себе или Некој ги создал и нив?
Настаните во природата се случуваат според определени дејства, кои човекот ги дефинирал со закони.
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Верниците се задоволни со животот кој го имаат овде на земјата и им е доволен. Но,затоа пак да живеат и 100год.повеќе не им значи ништо.
Важна им е вечнеста,спасот на бесмртната душа. Проблем со просторот на оваа планета немаме уште а како ќе биде по 1000год само Господ знае. Тој нема согурно да не остави туку така, се разбира ако не Му свртиме грб целосно.
2,Водата-е универзален разредувач. Ова значи дека неколку стотици хемикалии има во незе,има минерали и хранливи материи а тие се разнесуваат низ нашето тело и можат да достигнат и во најситните крвни садови.
97% проценти од водата се наоѓа во океаните. Арно ама на нашава Земја,постои добро замислен систем кој ја филтрира солта од солената вода и после таа вода се разнесува широко по светот. Со ипарувањето се зема водата од океаните,оставајќи ја солта, оформувајќи облаци,тогаш се појавува ветерот и со леснотија ги помрднува и распрснува над Земјата, која е неоходна за вегетацијата,животните и човештвото. Тоа е системот на прочистување и снабдувањето кој систем го одржува животот на Земјата. Систем кој се рециклира и поново се користи.

Можеби 70% од жителите се религиозни а тоа прости, тие го толкуваат премногу малограѓански и чекаат извинување.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Настаните во природата се случуваат според определени дејства, кои човекот ги дефинирал со закони.
Некако не си ми доволно убедлив.

Физичките закони, кои се досега и засега познати во било која од науките, обликувани во математички равенки и/или дефиниции, се само приближни објаснувања за истите тие физички закони. Затоа, секогаш постои „луфта„ меѓу природниот закон и човечкото толкување на истиот тој закон.

А законите од материјалниот Свет, претставуваат Божји заповеди кон неживата/несвесната материја, аналогно на Божјите Заповеди кон човечкиот род.
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Верниците се задоволни со животот кој го имаат овде на земјата и им е доволен. Но,затоа пак да живеат и 100год.повеќе не им значи ништо.
Важна им е вечнеста,спасот на бесмртната душа. Проблем со просторот на оваа планета немаме уште а како ќе биде по 1000год само Господ знае. Тој нема согурно да не остави туку така, се разбира ако не Му свртиме грб целосно.
2,Водата-е универзален разредувач. Ова значи дека неколку стотици хемикалии има во незе,има минерали и хранливи материи а тие се разнесуваат низ нашето тело и можат да достигнат и во најситните крвни садови.
97% проценти од водата се наоѓа во океаните. Арно ама на нашава Земја,постои добро замислен систем кој ја филтрира солта од солената вода и после таа вода се разнесува широко по светот. Со ипарувањето се зема водата од океаните,оставајќи ја солта, оформувајќи облаци,тогаш се појавува ветерот и со леснотија ги помрднува и распрснува над Земјата, која е неоходна за вегетацијата,животните и човештвото. Тоа е системот на прочистување и снабдувањето кој систем го одржува животот на Земјата. Систем кој се рециклира и поново се користи.

Можеби 70% од жителите се религиозни а тоа прости, тие го толкуваат премногу малограѓански и чекаат извинување.
Ovoj komentar bese kako odgovor na Igorchete.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
А законите од материјалниот Свет, претставуваат Божји заповеди кон неживата/несвесната материја, аналогно на Божјите Заповеди кон човечкиот род.
Истиот закон за гравитација важи и за жива и за нежива материја.
И тула и човек фрлени од 12 сти кат ќе паднат по исти закони. Не знам дали камен кој ќе прекрши божи закон иди во пеколта?

е сега кој закон и по која формула на пример Исус и апостолите одеа по водата а другите луѓе потонуваат??

Или на пример секоја ракета за да ја достигне вселена треба да постигне одредена брзина. Дали православна ракета тоа го прави подобро и со помала брзина од на пример католичка ракета? или будистичка? Дали бог ги наградува верничките а казнува неверничките ракети ?
Дали законот за акција и реакција или за истиснување на водата од страна на некое тело важи исто и за објекти кои се благословени од црквата и оние кои не се благословени? дали во православието брзината на светлината е побрза од кај муслиманите???
 
S

smart ass

Гостин
Муда за бубрези-значи да знаете на планетава ете има живот и така ете има и Бог.(Иако има мнооогуу планети со конфигурација налик нашата).
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Верниците се задоволни со животот кој го имаат овде на земјата и им е доволен. Но,затоа пак да живеат и 100год.повеќе не им значи ништо.
Важна им е вечнеста,спасот на бесмртната душа. Проблем со просторот на оваа планета немаме уште а како ќе биде по 1000год само Господ знае. Тој нема согурно да не остави туку така, се разбира ако не Му свртиме грб целосно.
2,Водата-е универзален разредувач. Ова значи дека неколку стотици хемикалии има во незе,има минерали и хранливи материи а тие се разнесуваат низ нашето тело и можат да достигнат и во најситните крвни садови.
97% проценти од водата се наоѓа во океаните. Арно ама на нашава Земја,постои добро замислен систем кој ја филтрира солта од солената вода и после таа вода се разнесува широко по светот. Со ипарувањето се зема водата од океаните,оставајќи ја солта, оформувајќи облаци,тогаш се појавува ветерот и со леснотија ги помрднува и распрснува над Земјата, која е неоходна за вегетацијата,животните и човештвото. Тоа е системот на прочистување и снабдувањето кој систем го одржува животот на Земјата. Систем кој се рециклира и поново се користи.

Можеби 70% од жителите се религиозни а тоа прости, тие го толкуваат премногу малограѓански и чекаат извинување.
Проблемот со немањето простор, храна и ресурси ќе дојдо мноооогу порано него што ти мислиш, не се размножуваме линеарно, за жал, а не помагаат ни религиите со нивните хипер-продукциски политики за полесно владеење и ширење на авторитет.

Како на пример, во Унгарија ќе се разгради водата кога најблиското море или океан е десетици илјади километри оддалечено? Ист случај се и мнооогу други држави на чело со Африканските, па и Македонија, со оглед дека нашите врнежи претежно доаѓаат од север.
Патем, Истанбул излегува на 3 мориња, па нема ич природна вода за пиење. Ист случај се и повеќето главни градови во Европа, а претпоставувам и пошироко.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom