NaughtyByNature
Y Child
- Член од
- 1 декември 2010
- Мислења
- 423
- Поени од реакции
- 427
Точно, истото го слушнав, ама мислам дека важи само за тие што повикуваат на насилство, а не на протест. Сеедно, само обид за заплашување, не дека нема да ти наместат нешто ако сакаат, ама не смее тоа да не' плаши.Се јави портпаролот на МВР И.Котевски, Ги прателе социјалните мрежи и за организаторите на протестите доколку имало елементи и потреба за поднесување пријави истите ќе се процесирале (не е цитат, парафразирам, најдете си јас гледав на канал 5). И како да не пишам сега ЃУБРЕ СКАПАНО, башка шо се мирни протести, млади луѓе сме пред се, се двоумиме дали да излеземе надвор ради вакви с*ања, плус се бидна релативно спонтано, без било какви организатори(политички/квазополитички), они пак да те дупат во паметот
Туку кој к** сеа бара протестот пред зграда кај Груевски? Сеа на Сител на вести кажаа дека меѓу протестантите имало функционери на СДСМ. И нормално, не пуштија ни една снимка од истите.
Ќе не' збудалат... Во оваа држава изгледа единствен начин да искажеш револт, е да се самозапалиш. Па и тогаш ќе те намачкаат со партиски бои. Не знам веќе што да кажам.
Немој да реплицирате во корист на едните или другите, пишав само од бес и за да пренесам информација.