Припадник на полицијата претепал момче до смрт! - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ПОЛИЦИСКАТА БРУТАЛНОСТ

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Сега треба еден протест пред суд за да се избричи дотичниов, оти очигледно нема да го стори тоа, а судијава го заболе, и да прекине мвр да снима во судница и да ги заплашува сведоците, оти вака никаде нема да се стигне. На крај изгледа сепак ќе спаси глава овој.

Ц, ц, ц,... во која држава живеам јас... у пм. Подобро сам да му пресудиш на тој што ти згрешил, отколку да чекаш од посранава држава.
Law Abiding Citizen
 
G

Gray Foxx

Гостин
Епа кога викаше велија ,,ја јача диктатурата,,ние сеир му мававме:)Ова е само почеток,и се полошо ќе биде.Кој смее да се чепка со припадници на власта(тука спаѓаат и загарите од агенциите кои ја штитат власта)па сега мислете му ја,да не се сопнете и вие 16 пати на некој кабел.Во нормална држава министерството се оградува од убиецот/злосторникот го лиши од чинови/обележја т.е.го прави обичен граѓанин и го гони како обичен граѓанин.Кај нас од друга страна министерството е соучесник и наместо да се огради тоа заплашува сведоци,прикрива и лажира докази и т.н.што е срамота но не и чудно бидеќи одамна кај нас припадниците на полицијата се шерифи и не смееш да се замериш со нив дури ни на лична основа бидеќи народски кажано ќе ти е**т матер.Во Грција пред две години кога беше убиен 15 годишниот Александрос од страна на полицијата,Атина гореше а набрзо падна тогашната гарнитура на власт ама тоа за нас е science fiction.Не викам дека толку екстремни треба да бидеме ама па и олку седење со скрстени раце не го бива,незнам што младина сме....
Младина шо знае само воа да го напише, очигледно...
И дај ве молам прекинете со жалнопојкиве оти очајно станува. Сите знаеме кој е единствениот начин и самата историја ни го има докажано тоа.
Ако сакаш да им ја прекинеш смеата во фотељите треба да кршиш, да маваш, да бидеш бесен.
YOU NEED TO GET MAD, GOD DAMN IT!!!
 
Член од
30 август 2011
Мислења
1.106
Поени од реакции
1.364
Младина шо знае само воа да го напише, очигледно...
И дај ве молам прекинете со жалнопојкиве оти очајно станува. Сите знаеме кој е единствениот начин и самата историја ни го има докажано тоа.
Ако сакаш да им ја прекинеш смеата во фотељите треба да кршиш, да маваш, да бидеш бесен.
YOU NEED TO GET MAD, GOD DAMN IT!!!
Абе јас сум за пријателе ама јас и кој?Башка што најверојатно ќе се сопнам на лице место и ќе ја удрам главата од тротоар 20 пати....
 

Phone_girl

Barbika
Член од
15 октомври 2011
Мислења
22
Поени од реакции
7
Prvo zalno za momceto sto si zamina tolku mlado a site znaeme deka pravdata nema da bide zadovolena kako i mnogu pati do sega, prvo e obezbeduvanje na Grujo i sugurno ima podrska i od Grujo pa taka sega ke se dosudi vo korist na Spasov i tolku ke bide pak na sloboda i pak ke tepa kaj stigne
 
G

Gray Foxx

Гостин
^^
И јас сум за, еве и некој друг ќе се најде. Полека полека, може ќе се собереме 1000 души, доволно е еден споменик да се оштети, ќе дојдат комитите, чкембарите ќе ги фане љубомора оти само комитите кршат и они ќе дојдат :), потоа повеќе луѓе ќе соберат храброст... Иако изгледа сценарио од иднината, мора да ни скурчи на сите некогаш. Мора...
Лошо е што во склопот на секој македонец е да го боли кур за се, се додека он не е засегнат од тоа. Што сепак не значи дека нема да се измениме во блиска иднина.
Барем се надевам....
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381
Зошто комитите и чкембарите да дојдат?Кога требаат за кршење и тепање сите ги сакаат а во обичен разговор сите ги пцујат!Не ги мешајте нив во ова!И што ти е крив некој споменик?Зошто да оштетиш споменик на некој македонски борец или светец?Сами извадете се од гомната во кои западнавте!
 
G

Gray Foxx

Гостин
Зошто комитите и чкембарите да дојдат?Кога требаат за кршење и тепање сите ги сакаат а во обичен разговор сите ги пцујат!Не ги мешајте нив во ова!И што ти е крив некој споменик?Зошто да оштетиш споменик на некој македонски борец или светец?Сами извадете се од гомната во кои западнавте!
Кажав само пример, бидејќи е факт дека ако не спукаат Комити или Чкембари нема шанси нешо посериозно да се случи бидејќи сите сме прилично путенца во душа.
Башка никогаш неам пцуено некој шо неам ни сретнато а ми нема ни згрешено, така да ваљда други ве пцујат, ја не.
Споменикот е исто само збор, пример и како сакаш наречи го. Ајде нека биде столчиња на стадион или во сала. Одговара повеќе? :)
А за гомненца сите сме во нив, испадни од заблудата дека и ти не тонеш со нас...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.177
Подобро сам да му пресудиш на тој што ти згрешил, отколку да чекаш од посранава држава.
Кога се вакви случаи во прашање, земањето на правдата во свои раце е единствената исправна одлука.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.047
Поени од реакции
45.764
Имаше на првиот протест членови од Комити, FA и CPB ( нивни член беше Мартин ), последниве дека ги препознав они беа у први редови со џандарите кај МВР ( пред фискултурно ) и инситираа да се спукаме али оние кои го организираа протестот беа против тоа и веднаш се тргнаа на страна а кој покољ ќе беше тоа со оглед на тесното место у пм, кој знае како е таму свесен е што све можеше да се издеси, класичен покољ .

После тој протест не забележав апла луѓе од навивачките групи а и сите се оградија потоа и со официјални соопштенија со тоа што ми сметаше едно од истите бидејќи имаа напишано дека тоа е протест со политичка позадина што беше далеку од вистинито али ај, нека е ...
Чат пат доаѓаа пак луѓе кои беа членови на навивачките групи али она главното кога они се во прашање беше во Вторникот, ден откако се дозна за убиството на плоштад, 2 дена по изборите.

До некаде и ги разбирам како и да е што не се појавуваа, малку се свесни од тука кој притисок се прави врз нив во тек на цела година ама тоа не е достапно за јавноста па вака лесно е да се збори на форум без притоа да се знае низ што поминуваат одредени луѓе од нив низ цела година, во голем број од случаите ни криви ни дужни под дифолт поминувале време во станици.

Јебига, демократијата у оваа земја владее само на Сител, Мтв и остали медиумски мегафони. А пуштам Сител, незнам дали цитираат делови од Утопијата на Томас Мор или за Македонија прават муабет.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.295
Поени од реакции
18.298
Не само тоа..имаше многу членови од навивачките групи,впрочем тие се единствената поглема група која не размислува под директна палка на партиите..На големиот протест,оној главниот самите водачи на протестот си кажаа дека нејкат инциденти и навивачите да протестираат посебно ако го сакаат тоа.Протест не се води со молење...ми изгледаше како организаторите побитно да им беше да изгледаа фацки и коловоџи него вистински да борат за тоа за што протестираат,па макар и јаделе кривична..
 
M

Moon Child

Гостин
Случајот Мартин Нешковски: Контрадикторностите продолжуваат


Понеделник, 14 Ноември 2011 14:03

Д
енешното судско рочиште во процесот кој се води против Игор Спасов кој е осомничен за убиството на Мартин Нешковски имаше низа контрадикторни искази на сведоците кои создадоа дополнителна забуна во судницата. Некои од сведоците тврдат дека на телото на Мартин немало никакви видлив траги на повреди додека пак другите го тврдат сосема спротивното.

На денешното рочиште прв се појави Драган Димиќ, преставник од Увидната екипа при МВР, кој заедно со неговиот колега, Илија Каранфиловски ја вршеле истрагата на местото на настанот.

Кога пристигнавме на плоштадот, таму беа двајца униформирани полицајци и колегите од крвни деликти. Добивме извештај од истражниот судија дека тој нема да излезе на терен и нареди телото на починатото момче да се носи во Судска медицина.

Претходно утврдивме дека кај момчето, кое беше легнато на тревата пред МЕПСО, потпрено на бетонска шахта имаше повреди на горниот дел од носот, црвенило под десната носница, а имаше и гребаници на левата рака и десното колено. Кај клупата за која посочија дека се случил настанот, немаше никакви траги. Кога ние дојдовме имаше колеги полицајци кои ги смениле колегите од претходната смена, па затоа немаа многу информации за настанот – изјави Димиќ.
Седат Исмани, виш инспектор во полиција, во Секторот за крвни деликти се појави како втор сведок. Тој во сведочењето кажа дека кога пристигнале со колегата, двајцата новодојдени полицајци ги известиле дека на момчето му се слошило. Исмани потврди дека додека анкетирале дел од насобраните на плоштадот, две момчиња, сведоците Александар Митевски и Мартин Денковски сами им се обратиле за да им раскажат што виделе.
Неговиот колега за крвни деликти, Живко Стојменов даде поинаква изјава за разлика од Исмани. Тој изјави пред судот дека кога тие пристигнале, двајцата полицајци (Перо Колевски и Зоран Јакимовски) им рекле дека на момчето му се слошило. Неговиот колега истакна во исказот дека полицајците од другата смена биле покрај телото кога пристигнале.
- Имаше ситни гребаници на левата рака и коленото и крв под носот. Полицајците не известија дека на момчето му се слошило и група граѓани го донеле на тревникот – изјави Стојменов.
Најголеми реакции во салата за судење предизвика сведочењето на Лидија Куцуловска дежурен лекар од Брза помош кој што пристигнал на местото на убиството
- Со тилот детето беше потпрено на бетонска шахта. Прашував „што е, што се случило“. Едниот полицаец не зборуваше, другиот се поттргна, а третиот кој го забележав се држеше за глава и зборуваше со мобилен најверојатно со неговите колеги од увидната екипа. Го фатив детето со голи раце, без ракавици, беше ладно и мокро. Зениците му беа раширени, беше бледо како креч. Беше подзинато, со отворени очи и вкочанет поглед, детето беше безживотно – изјави сведокот доктор Куцуловска пред судот.

Незнам дали се обидуваат да ни докажат дека можат се и против народот, ама ова веќе нема смисла :mad:
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
31
JA sum lucno za promena na imeto na ova zemja kako i samoto raspagjanje n azemjava i da padneme pod druga vlast........vakov PEDERSKI,POTKUPLIV,DVOLICEN,ZELEN ZA VLAST so drugi zborovi NIKAKOV narod nigde nema.......kaj nas partiite se sve I RABOTODAVAC i SIDUJA i mn drugi ulogi ..........BAR MALCE DA BEA LUGJE OVIE OD VLADAVA OD CISTA ....zal i covecnost kon deteto ke napraea nesto ...

patem u sekoja rabot vo drzavava se zamesani PARTIITE SEKOJA !!!
 
П

Паспарту

Гостин
Судење Нешковски: Од МЕПСО и од „Телекабел“ ни рекоа дека камерите во тој момент не функционирале


Низата контрадикторни сведочења денеска внесоа дополнителна забуна во судницата каде продолжи судењето за убиството на Мартин Нешкоски против полицискиот специјалец, Игор Спасов. Дел од сведоците тврдат дека немало видливи повреди врз безживотното тело на Мартин, а дел од нив сведочеа дека тој имал гребаници по рацете и нозете, расекотина над носот и крв по него.

На денешното судско рочиште, во претесната судска сала во која на четириесетина квадратни метри се собраа околу педесетина граѓани, најголем број роднини на убиениот и обвинетиот, за да го следат процесот, свој исказ пред судот даваа преставници од увидната екипа и од Секторот за крвни деликти при МВР, како и докторката која ја констатирала смртта на Нешкоски.

Прв пред судот се појави сведокот Драган Димиќ, преставник од Увидната екипа при МВР, кој заедно со неговиот колега, Илија Каранфиловски ја вршеле истрагата на местото на настанот.

- Кога пристигнавме на плоштадот, таму беа двајца униформирани полицајци и колегите од крвни деликти. Добивме извештај од истражниот судија дека тој нема да излезе на терен и нареди телото на починатото момче да се носи во Судска медицина. Претходно утврдивме дека кај момчето, кое беше легнато на тревата пред МЕПСО, потпрено на бетонска шахта имаше повреди на горниот дел од носот, црвенило под десната носница, а имаше и гребаници на левата рака и десното колено. Кај клупата за која посочија дека се случил настанот, немаше никакви траги. Кога ние дојдовме имаше колеги полицајци кои ги смениле колегите од претходната смена, па затоа немаа многу информации за настанот – сведочеше Димиќ.

Тој потенцираше дека полицајците кои ги затекнале околу телото на Мартин немале задржано ниту еден сведок, а не биле ниту добро информирани од колегите од претходната смена што точно се случило.

По Димиќ, беше сослушан сведокот Седат Исмани, виш инспектор во полиција, во Секторот за крвни деликти. Тој во сведочењето кажа дека кога пристигнале со колегата, двајцата новодојдени полицајци ги известиле дека на момчето му се слошило. Исмани потврди дека додека анкетирале дел од насобраните на плоштадот, две момчиња, сведоците Александар Митевски и Мартин Денковски сами им се обратиле за да им раскажат што виделе.

Неговиот колега за крвни деликти, Живко Стојменов имаше малку поразлична изјава за разлика од Исмани. Тој изјави пред судот дека кога тие пристигнале, двајцата полицајци (Перо Колевски и Зоран Јакимовски) им рекле дека на момчето му се слошило. Неговиот колега истакна во исказот дека полицајците од другата смена биле покрај телото кога пристигнале.

- Имаше ситни гребаници на левата рака и коленото и крв под носот. Полицајците не известија дека на момчето му се слошило и група граѓани го донеле на тревникот – изјави Стојменов.

Тој на прашање на адвокатот на оштетеното семејство Нешкоски, Сашко Дукоски дали ги провериле камерите на плоштадот, рече дека од МЕПСО им кажале дека камерите подолго време не биле во функција. Стојменов не се сеќаваше дали побарале да им бидат предадени снимките од камерата на „Телекабел“, поставена на Трговскиот центар „Сити галери“, преку која граѓаните секојдневно го гледаат тој дел од плоштадот.

- Камерите на плоштадот ни рекоа дека се дел од проектот „Безбеден град“ и тие се уште не се во функција – изјави Стојменов.

Најмногу внимание, посебно за семејството на Мартин, предизвика сведочењето на сведокот Лидија Куцуловска, доктор во Брза помош која ја констатирала смртта кај Мартин. Таа раскажа дека околу дваесетина минути по полноќ, во Брза помош бил добиен повик за на плоштадот во Скопје и докторката наведе дека за десетина минути тие веќе биле покрај момчето кое не давало знаци на живот.

- Со тилот детето беше потпрено на бетонска шахта. Прашував „што е, што се случило“. Едниот полицаец не зборуваше, другиот се поттргна, а третиот кој го забележав се држеше за глава и зборуваше со мобилен најверојатно со неговите колеги од увидната екипа. Го фатив детето со голи раце, без ракавици, беше ладно и мокро. Зениците му беа раширени, беше бледо како креч. Беше подзинато, со отворени очи и вкочанет поглед, детето беше безживотно – изјави сведокот доктор Куцуловска пред судот.

Таа напомена дека срцето не му работело, му ставила инекција за реанимација, но безуспешно. Видела дека на рацете нема никави убоди, а иако другите денешни сведоци тврдеа дека Мартин имал гребаници и крв по телото, Куцуловска изјави дека немал никави повреди.

Следното судско рочиште е закажано за во среда.

http://www.plusinfo.mk/vest/22628/Sudenje-Neshkovski-Od-MEPSO-i-od-Telekabel-ni-rekoa-deka-kamerite-vo-toj-moment-ne-funkcionirale
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Ќе го осудат на две години, ќе падне на Апелација, ќе оди на поновно судење и ќе си излезе чист човек за година дена.
This whole country is their playground.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom