Примање пратка од странство

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Дечко,поштарината зависи од пратката и ја знае Американската Пошта.Ако мислеше на царина тогаш сигурно ќе ти закачат пошто се работи за облека,патики и сл.Еден начин да избегниш царина е да ти испратит неколку пакети со вредност под 45 евра.
 
P

Princ

Гостин
Поштарината си е поштарина. Зависи од далечината, од тоа колку брзо сакаш да ја добиеш пратката, колку е тешка (бидејќи зборуваме за облека, релативно тежок ќе биде пакетот, и мора да биде пакет бидејќи незнам дали може да стави патики, блузи и маици во плико)... значи тоа си е башка муабет, и мислам не можеш да штедиш на поштарина многу.

Башка муабет што зборуваме за облека во вредност од 250 долари. Не знам дали се плаќа данок и царина за облека, ама ако се плаќа, ќе ти излезе данок и царина уште 200 долари. И кога ќе видиш, побарај и на сестра ти 500 долари (250 таму што ќе плати за облеката + 50 за поштарина + 200 за данок и царина) и оди купи во некој наш дуќан облека за тие пари :)

Едит: Solid, ама на тој начин ќе треба да плати 6 пати поштарина. (250 поделено со 6 = 42 долари по пакет)... и кога ќе видиш скоро исто му се фаќа. Мојот предлог за "дај пари ваму" мислам дека е најдобар :)
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Па може и еден поголем пакет да му пушти само битно е означената вредност на него да е под 45 евра.А самата поштарина од Америка не е баш евтина.
А да,и уште еден совет.Пакетот да ти го пушта со американската пошта(USPS),а не преку Fedex.Со Федекс ќе ти закачат едно чудо од давачки.Лежарини,складирања и сл. глупости.Ова од искуство и шо сум читал по нетов.:toe:
 
P

Princ

Гостин
Мислиш ќе му веруваат на збор? Пратката се оценува според НАШ ценовник, а не според тамошен. Штом и за подарок се плаќа данок и царина (вредност на пратка = 0), целосно неважно е ти колку декларираш дека вреди пратката.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Абе јас знам дека пред година дена нарачав мајца од америка со вкупна вредност на пратката од 25 долари.Не ме царинеја.Никогаш не сум нарачал нешто над 45 евра(освен книги и двд-а кои се ослободени од царина без разлика на вредноста).
И не знам како би пресметале нашиве ведност на патики и мајци од Америка???По која тарифа?Ако веќе пакетот има означена вредност од 45 евра тогаш толку е вредноста на работите внатре.Нашиве цариници треба да ја гледаат таа цена.Пошто испраќа приватно лице.
Е сега ако купиш од фирма,ќе ти стават и реална цена внатре во пакетот(сметката) и нашиве цариници на проверка ќе ја видат сметката и ако е над 45 евра ќе ти закачат царина.
Абе комотно можам да работам во пошта или на царина.:helou::)
 
P

Princ

Гостин
Јас пред околу 1 година порачав поголем пакет. Имаше вредност од 65 евра ако не се лажам. Значи толку беше платен, имав и фактура од производот. Кога стигна ме викнаа на царинење (во железничка). Отидов, им однесов фактурата на тој износ, и ми бапнаа царина и данок 60 евра. На крај со поштарина комплет ми испадна 150 евра. Ок, производот го нема тука па не ми сметаше баш и толку што испадна, ама сакам да ти речам дека не пазат на твојата сметка, туку се царини според наши услови. Пример, тој производ кај нас би чинел 100 евра, и на тој износ данок и царина.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Како и да е,нека означи на пакетот вредност под 45 евра и никако да испраќа преку Fedex.Па што ќе биде нека биде.:toe:
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Нека не означи вредност поголема од 45 евра и нека не става фактура туку да биде од физичко лице пратена. Мене сестра ми ми прати еден пакет пред некоја година внатре имав работи од околу 500 долари, опрема нешто за ролери + облека + уште други глупости и и наплатија за пратка 45 долари или така нешто слично, а на пакетот имаше ставено дека е во вредност од 250 долари и не ми удрија ни царина ни ништо... Некои ги пуштаат али не се оставај на среќа. Мој совет, нека не става дека е поскапо од 45 долари и нека ги тргне етикетите од облеката, со тоа ќе можеш да се вадиш дека не е нова. Инаку ако те царинат ќе платиш 15% царина + 18% ддв, значи на сума од 250 долари ќе треба да доплатиш уште 82.5 долари што не е малце.
 

PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Вака сега, сестра ми оди во Америка за 2 дена, и таму за еден месец сакам да ми прати гардероба.. (отприлика во вредност од 250 долари - патики,блузи маици итн) и колку би излегла поштарината... ? И дали постои некој начин за помало плаќање на неа?
Значи по новиот закон у старт патики заборави 25% царински данок и 18% ДДВ, на блузите и мајците нека ја тргне етикетата да немаат никаква етикета дека се купени на ново за да пројдеш без царина за нив, на декларацијата што ке ја прави да не ја пишува вистинската вредност на производите и нека наведе дека се подарок да нема повеке од две исти мајци блузи пантолони..., а што се однесува до висината на поштарината ке зависи од тежината на пратката и начинот на која ке биде испорачана (дхл, федекс, упс итн итн).
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
А да,и уше една работа.Секогаш кога сте во можност испраќајте или инсистирајте да ви праќаат препорачани пратки.Поскапа е поштарината,ама барем знаете дека сигурно ќе ви стигне пратката.
Ова пак од искуство.:wink:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не примам веќе пратки од странство. Ми пратија честитки за роденден и дрес од Јуве и одам во пошта нема дрес? Морее крадци !
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
50
Поени од реакции
8
Luge ako mozete da mi kazete kolku bi trebalo da platam carina za psp. Naracano e od Lockerz ke bide imenuvano kako podarok toa sum siguren.
Ne sum informiran kolku e carina za takvi raboti.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom