На никој не му текнало од почеток да почни
ебаго!!!
Прилеп, е град со 73 925 жители, зафаќа површина од 1 675 km2 лоциран во северниот дел на
Пелагониската котлина, во јужниот дел на
Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М5/Е65. Се наоѓа на 128 km (воздушна линија) од главниот град
Скопје.
Прилеп е познат како “градот под
Марковите Кули“ поради неговата близина до Кулите на легендарниот херој
Крали Марко (во Прилеп нарекуван како Крале Марко).
Прилеп е одликуван со
орден на народен херој на Југославија на
7 мај 1975, и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и прилепско.
Прилеп е седиште на истоимената
Општина Прилеп.
Најпознати фудбалски клубови од Прилеп се
ФК ПОБЕДА и помалиот брат ФК 11 Октомври (и двата клуба носат црвено бели дресови и играат на Градскиот стадион "Гоце Делчев")
РК Златен Даб е наследник на
РК Тутунски Комбинат и настапува во салата позната како "Универзална".
Прилеп е познат по скарата:Балче, Боге, Кумата, Цеца-Точила....и ред други од кај шо можиш за дома да си земиш и Порта, Лидер, Мак. Куќа, Чардак, Стара Чаршија и многу други кај шо можиш ко господин да си седниш!!! (Во Прилеп има кафани само за мажи и кафани кај шо се оди и со жени)
Има премноооогу кафичи. ако сите вела нема кај да се оди и сите се полни ако сите вела дека се нема пари...
ПИВОФЕСТ, ТЕАТАРСКИ ИГРИ, 11 Октомври, Прочка, Голем Петок на Варош...и многу други работи шо не сме да се пропушта!!!
За Велигден секој кај сите познати си шета по јајца, за имина се оди кај сите а се заседнува на последното место (последен најблискио се остава стално)!!!
Варош го средуваа со туристичка патека до сите цркви, плоштадче со амфитеатар а многу убо е и на Маркукуле шо че пра плоштадче кај Слоно и туристичка патека, само уште да му текни на некој ко во Охрид да се обнови тврдината (една од 5-те најголеми на балканов- тука умрел Цар Самоил)...Инаку Прилеп после Охрид е град со најголема концентрација на Цркви и Манастири. Само во Варош легендата вели дека имало на времето 70-тина Цркви...Манастирчето на Варош е ЗАКОН, а исто и малку подалечниот Трескавец!!!
Центаро на градо е среден до перфекција (сите можа вода да ни носа), старата чаршија има посебен шмек и за разлика од другиве градој (СК и БТ другите и немаа стара чарчија) е мнооогу жива!!!
Могилата е средена перфектно, осветлена, со тревници, фонтани, игралишта за сите можни спортови (дури и одбојка на песок), рампа за ролери и сл. сега на Могила пра и Фудбалски стадион каков шо немаа 79 % од прволигашиве!!!
Има еден олимписки базен со два помали, два-три други базени,
Се чека изградбата на затворенио базен, има мнооогу тениски терени, 3 големи сали и т.н.
Економијата не е на завидно ниво ама да се надеваме дека че се опрај оти сите младиве избегаја по бродојне или ко калџии во Црна Гора...
На кратко то е Прилеп...