Прилеп и Мариово

Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
52
Ми треба мала помош од Прилепчани.......треба да одам на гости, но не можам да ја најдам улицата Димо хаџи Димов, ке можи некој да ми помогне.

Поз.
Да бе синко! Влези в такЦи и кажи му на таксисто кај кого одиш, и гарант до дома че те однеси, од 5-6 бона фазла неможи да ти земи, така да ич не се секирај кај нас лесно можиш да се снајдиш!:vozbud:
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
На никој не му текнало од почеток да почни ебаго!!!

Прилеп, е град со 73 925 жители, зафаќа површина од 1 675 km2 лоциран во северниот дел на Пелагониската котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М5/Е65. Се наоѓа на 128 km (воздушна линија) од главниот град Скопје.
Прилеп е познат како “градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до Кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван како Крале Марко).
Прилеп е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975, и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и прилепско.
Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп.

Најпознати фудбалски клубови од Прилеп се ФК ПОБЕДА и помалиот брат ФК 11 Октомври (и двата клуба носат црвено бели дресови и играат на Градскиот стадион "Гоце Делчев")

РК Златен Даб е наследник на РК Тутунски Комбинат и настапува во салата позната како "Универзална".

Прилеп е познат по скарата:Балче, Боге, Кумата, Цеца-Точила....и ред други од кај шо можиш за дома да си земиш и Порта, Лидер, Мак. Куќа, Чардак, Стара Чаршија и многу други кај шо можиш ко господин да си седниш!!! (Во Прилеп има кафани само за мажи и кафани кај шо се оди и со жени)

Има премноооогу кафичи. ако сите вела нема кај да се оди и сите се полни ако сите вела дека се нема пари...:toe:

ПИВОФЕСТ, ТЕАТАРСКИ ИГРИ, 11 Октомври, Прочка, Голем Петок на Варош...и многу други работи шо не сме да се пропушта!!!

За Велигден секој кај сите познати си шета по јајца, за имина се оди кај сите а се заседнува на последното место (последен најблискио се остава стално)!!!

Варош го средуваа со туристичка патека до сите цркви, плоштадче со амфитеатар а многу убо е и на Маркукуле шо че пра плоштадче кај Слоно и туристичка патека, само уште да му текни на некој ко во Охрид да се обнови тврдината (една од 5-те најголеми на балканов- тука умрел Цар Самоил)...Инаку Прилеп после Охрид е град со најголема концентрација на Цркви и Манастири. Само во Варош легендата вели дека имало на времето 70-тина Цркви...Манастирчето на Варош е ЗАКОН, а исто и малку подалечниот Трескавец!!!

Центаро на градо е среден до перфекција (сите можа вода да ни носа), старата чаршија има посебен шмек и за разлика од другиве градој (СК и БТ другите и немаа стара чарчија) е мнооогу жива!!!

Могилата е средена перфектно, осветлена, со тревници, фонтани, игралишта за сите можни спортови (дури и одбојка на песок), рампа за ролери и сл. сега на Могила пра и Фудбалски стадион каков шо немаа 79 % од прволигашиве!!!:vozbud:

Има еден олимписки базен со два помали, два-три други базени,
Се чека изградбата на затворенио базен, има мнооогу тениски терени, 3 големи сали и т.н.

Економијата не е на завидно ниво ама да се надеваме дека че се опрај оти сите младиве избегаја по бродојне или ко калџии во Црна Гора...


На кратко то е Прилеп...
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Еве уште нешто...


Потекло на името
Според Марко Цепенков до престолнината на Кралe Марко Варош почнале да се доселуваат луѓе и да градат куќи кои биле прилепени до ѕидините на Варош. Новиот град изгледал како ПРИЛЕПен на Варош па оттаму го добил името Прилеп.

Историја

Градот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово. Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самуиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самиул починал од срцев удар. По смртта на Самуил 4 века подоцна, во 1371 година, Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел Крале Марко (познат по своите надприродни сили и моќи, во народните преданија и приказни), кој и по доаѓањето на Турците се до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и југо-западна Македонија. Со доаѓањето на Турците, Прилеп од високоразвиен трговски град, се преориентира кон селското производство особено на тутун. Во Прилеп во 1564/65 година ќе се случи и првиот поголем бунт на македонскиот народ кон неподносливата турска власт, кога незадоволните Мариовци, ќе направат голем протест, проследен со нереди пред судот во Прилеп. Во XIX век, во Прилеп учителствувал големиот македонски преродбеник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифов и токму во овој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков (роден прилепчанец) ќе ја прифати идејата на преродбеникот за собирање на македонското народно творештво. Илинденското востание ќе има силен одглас во прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски војводи Петар Ацев и Крсто Гермов-Шаќир војвода. По Балканските војни и поделбата на Македонија, Прилеп крајно разурнат и разорен ќе влезе во рамките на кралството Југославија. Во Втората светска војна, токму во Прилеп на 11.10.1941 година со нападот на бугарската полициска станица ќе започне антифашистичкото народно востание против окупаторската власт. Поради големиот број на борци и жртви, кои Прилеп ги дал во Втората светска војна, градот по војната го добил епитетот „град херој“.

Население

Градот Прилеп има поволна демографска слика, бидејќи бројот на неговото население бележи константен прираст од околу 1000 жители на секој попис. Според пописот од 2002 година, во Прилеп живеат :
Македонци92,56%Роми6,60%Срби0,22%Турци0,18%Албанци0,03%Власи0,02%Бошњаци0,02%останати0,34%

Стопанство

Прилеп е центар на производство на високо квалитетен тутун и цигари, метало преработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехрамбена и мермерна индустрија (рудникот “Сивец“).
Тутунот е еден од Прилепските традиционални култури што успева во Македонската клима. Многу од големите светски производители на цигари го користат Прилепскиот тутун откако ќе се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за Тутун за креирање на нови видови тутун, тоа било прв пример за примена на генетиката во земјоделството на Балканот. Повеќето жители на Прилеп опстојуваат со производство на тутун, кој потоа се откупува од Тутунски Комбинат АД Прилеп во Прилеп.
Покрај тутуно-производството во Прилеп, од големите индустриски претпријатија работат и Прилепската пиварница, мермерниот комбинат, индустријата за висока технологија „Микросам“ кој е позната во светот по големиот број произведени роботи и разни технолошки изуми, повеќе фабрики за мебел, градежни материјали и воена опрема.


Високо образование

Економски факултет - Прилеп


Средни училишта

Основни училишта

 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Култура
  • Институт за Старословенска Култура - ИСК генерално се занимава со етногенезета на старите Словени, преку истражувањата на археолозите, историчарите на уметност, етнолозите, лингвистичарите и други помошни историски науки. Формиран е како Центар за истражување на Старословенската Култура при Музејот на град Прилеп, а во 1980 година се осамостојува како Институција од научен карактер. Негов основач е тогашниот директор на Музејот на град Прилеп - Проф. д-р. Бошко Бабиќ, а подоцна и негов директор од 1980 година.
  • Центар за Современа Ликовна Уметност (ЦСЛУ) - Уметничка Колонија, којашто секоја година (во летниот период во месеците Јули и Август) се одржува во центарот на градот Прилеп, за време на Прилепското Културно Лето. Основана е во 1957 година, од страна на историчарот на уметност и археолог - Проф. д-р. Бошко Бабиќ (директор на ЦСЛУ до 1981 година, а потоа и нејзин доживотен почесен претседател), по негова иницијатива и исто така по иницијатива на неговиот пријател и долгогодишен соработник на ЦСЛУ - академскиот сликар Ристо Лозановски. Уметничката Колонија е една од најстарите во Југоисточна Европа, а е најстара на Балканот. Секоја година, се одржуваат, редовни четири работилници: Интернационалната Сликарска Колонија (започната 1957 год.), Интернационален Скулпторски Симпозиум "Мермер" (1963 год.), Интернационално Студио за Пластика во Дрво (1971) и Интернационално Ателје за Скулптура во Метал (1984). Периодично се одржуваат и други работилници, како: Уметничка Фотографија, Керамика, Витраж, Мозаик,Графика, а од 2005 година и Студиото за Пластика во Пластика, основано по инцијатива на директорот на ЦСЛУ Диме Јанески (на функција од 1981 година па се' до денес) и академскиот скулптор - Предраг Јаневски.
  • Македонски Театарски Фестивал "Војдан Чернодрински" - кој се одржува во чест на првиот модерен македонски автор на драми, Војдан Чернодрински, кој бил роден во село Селци, Струшко во 1875 год. Основан е во 1965 година, од страна на познати македонски актери, кои ја дале целата нивна поддршка, како што се: Нада Гешоска, Димче Гешоски, режисерот Мирко Стефаноски и други. Овој Театарски Фестивал е најголемиот и најзначајниот за македонската театарска дејност, како и пошироко на Балканот, чии признанија се од голема важност во животот на актерите. Се одржува секоја година, во првата недела од месецот Јуни.
  • Манастирот во Зрзе и манастирот “Св. Архангел Михаил“, кои имаат фрески од XII и XIV век, се значајни знаменитости на културата во Прилеп.
  • Исто така е важен манастирот “Трескавец“, кој се наоѓа на падините под врвот Златоврв и каде се снимени дел од сцените на филмот “Пред дождот“ на Милчо Манчевски.
Уметност и архитектура

Постојат неколку антички знаменитости во Прилеп, вклучувајќи една кај Маркови Кули, црквата “Св.Никола“ од XIII век, црквата “Св. Успение Богородично“ (“Трескавец“), црквата “Св. Преображение“ и “Могилата на Непобедените“, споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голем римски некрополис и каде се најдени голем број на ѕидини. Римски рушевини се наоѓаат и блиску до Варошкиот Манастир, изграден во стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем број на рано римски гробници, некои со скулптурни релјефи на починатите или од “тракијскиот јавач“ и други споменици од официјална природа, се наоѓаат во двориштето на црквата под јужната падина на Варош. Некои од најголемите споменици биле изградени во ѕидовите на црквата.
Најважниот антички споменик е стариот град Стибера ситуриран во ридот Бедем близу Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.
Манастирот Трескавец, е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон. Старата тврдина била користена од Римјаните, а подоцна Византијците. Во средновековието, Крале Марко ја обновил цитаделата, правејќи ја важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година.

Населби

Варош, Центар, Бончејца, Али Чаир, Багеска Ограда, Марино Маало, Рид, Сточен пазар, Точила, Тризла, Џогдере, Шарена Чешма, Под-кули, Чачорица.

 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Личности од Прилеп и околината
Види исто така Категорија:Родени во Прилепско, Категорија:Починати во Прилепско
Занимливости

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Личности од Прилеп и околината
Види исто така Категорија:Родени во Прилепско, Категорија:Починати во Прилепско
Акиндин, филозоф 14 в.
Крум Тошев, лингвист
Волче Наумчески, писател
Ристо Зердески Зерде, актер
Илија Милчин, актер
Илија Џувалекоски, актер
Дарко Дамески, актер
Миле Попоски, писател
Благоја Спиркоски Џумерко, актер
Ордан Петлески, уметник
архиепископот Ангелариј
Борка Лазески, уметник
Љубен Лапе, историчар
Вера Циривири Трена, херој од НОБ
 

Dr.Zizou

Extra-Maximum
Член од
27 октомври 2008
Мислења
60
Поени од реакции
2
Знаете како се вика патот од Прилеп накај Битола???
Пат накај Цивилизацијата :smir:
 

Neporazen

Time Lord
Член од
25 јануари 2009
Мислења
545
Поени од реакции
22
Abe jas sum od Prilep ama iskreno ne me bendisuva gradot.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
2.164
Поени од реакции
134
Гревота е темава да остани вака.

Шо мислите за новион парк кај судон? Многу добро напраено според мене, убо го средиле, само та кујчата ми е малку несигурнa а и вејче ја скршил некој мамата.

Полека полека цел град че се напрај убајни :).
 

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Гревота е темава да остани вака.

Шо мислите за новион парк кај судон? Многу добро напраено според мене, убо го средиле, само та кујчата ми е малку несигурнa а и вејче ја скршил некој мамата.

Полека полека цел град че се напрај убајни :).

Јас одамна викам дека ако се продолжи со вакво темпо Прилеп че биди НАЈ во Македонија, а центаро и сега е најубав во цела Македонија.Мислам дека поголемо внимание треба да се обрни на Маркови кули и да се реставрира тврдината.Че биди атракција!!!!
 
Член од
6 август 2006
Мислења
201
Поени од реакции
29
Пиво фест 2009

Ај повелете народе, од денеска почнува Пиво фест во Прилеп. Северина, Електрични Оргазам, Гоце Арнаудов, итн итн... :smir:
 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Пресс за седмиот фестивал на пивото

Рекордна посетеност, испиени тони пиво и изедени огромни количини скараза време на четирите фестивалски вечери. За четирите денови додека траеше Фестивалот на пивото Прилеп го посетија повеќе од 200.000 посетители кои испија околу 110 тони пиво и изедоа околу 60 тони скара, а само на третата вечер, кога настапи хрватската ѕвезда Северина, градот собра повеќе од 100.000 посетители.

На денешниот прес со новинарите градоначалникот Ристески истакна дека овој настан многу значи за нашиот град. Во однос на посетеноста на истиот како пример за големината на настанот и посетеноста на истиот ги посочи следниве примери: најголемата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо на неговата презентација во Реал Мадрид на стадионот Сантјаго Бернабеу успеа да собере 70.000 посетители како и светската музичка атракција која е број еден U2 на својот концерт на Ноу камп успеа да собере 100.000 посетители. Оваа споредба може да даде една слика колку во нашата држава и за нашиот град е важен овој настан, кој исто така овозможува една туристичка промоција на нашиот град, истакна градоначалникот Ристески.Исто така Локалната самоуправа испрати апел до Министерството за култура од идната година, стратешки да го поддржат Фестивалот на пивото кој е број еден во нашава земја и на кој присуствувала досега невидена бројка на посетители. Овој апел се однесува во насока на збогатување на програмата, и туристичка промоција на истиот настан.Воедно тука е и економскиот аспект кој го има овој настан.Покрај Општината во организацијата на овој настан помогна и Фондацијата за поддршка на невладини организации.Исто така од Локалната самоуправа упатија голема благодарност до спонзорите, Лозар Пелистерка, Витаминка, Еуро линк, Мермерен Комбинат, Космофон, Комфи Ангел, Штрабак, Хотел Салида, Хотел Кристал Палас, Хотел Сонце, Козметичко Студио Менхетн, Фото студио Лозиго, Сити медија.Како и до учесниците пред се до Прилепска Пиварница, Скопска Пивара, Лашко пиво, Ердингер- Компрад Давина, ремонирани ресторани и овластени дистрибутери. Медиумски покровители Сител Телевизија, BACK STAGE, Канал 77 радио, канал Визија, неделен весник Зенит, Радио Холидеј, Телевизија Орбис.Исто така голема благодарност до ЈП Водовод и Канализација и ЈКП Комуналец, Територијална противпожарна единица – Прилеп, Службата за итна медицинска помош, беспрекорното функционирање на електричните инсталации, како и до Полициската станица и агенцијата за обезбедување кои на масимално високо ниво ги извршија своите активности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom