Прилепчанец почина од студ во опожарениот дом

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789

Шеесетгодишниот прилепчанец Александар Јованоски почина ноќеска од студ, во својот дом кој изгоре минатиот месец. Безжитвотно тело на Јовановски го пронашле утрово соседите во семејната куќа во населбата Рид. Тој живеел потполно сам, а според соседите, од ниту една служба не добивал помош.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=4768

Денеска имаме опшествен систем каде поважни се скулптурите, фонтаните и мостовите, а човечки живот не вреди ниту за мал дел иод нив....
 
Z

Zoza

Гостин
zalno...kolku samo malku vredi coveckiot zivot vo ovaa drzava....ako ubies kuce ides vo zatvor a ako si covek i nemas ni skrsen denar a pritoa i kukata ti otide vo ogan togas nikoj ne te ferma :(
 
Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Тоа е . Ќе умираат се повеќе и повеќе. Болниците ни личат на касапница, деца ќе умираат на пола пат, водата во пола општини слободно може да се стави biohazard, социјалните служби се на норма колку повеќе луѓе да откачат, ништо не функционира. Ама ја имаме портата на сиромаштијата . Општеството поради големата немаштија ни се претвори човек на човека му е волк па и тоа само ќе ги влоши работите .

Никој нема ни да одговара .
А ние ќе си ќутиме како офци сите заедно без оглед на вера, пол и етничност и ќе плаќаме за нечиј мерцедес.

Еве некои постари случаи

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1682&stID=29047&pR=16
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789
Човек кој што го знам живее сам и е социјален случај, социјалната помош му е 1000 денари и таа ја доцнат по дваесеттина дена :tapp:.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Осигурана му била куќата? Од што настанал пожарот, инсталација или оставил цигара?
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Човек кој што го знам живее сам и е социјален случај, социјалната помош му е 1000 денари и таа ја доцнат по дваесеттина дена :tapp:.
само за да купи 4 кубика дрва минимално да помине зимата треба 1година од пензијата денар да не троши....
 
Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Тоа е . Ќе умираат се повеќе и повеќе. Болниците ни личат на касапница, деца ќе умираат на пола пат, водата во пола општини слободно може да се стави biohazard, социјалните служби се на норма колку повеќе луѓе да откачат, ништо не функционира. Ама ја имаме портата на сиромаштијата . Општеството поради големата немаштија ни се претвори човек на човека му е волк па и тоа само ќе ги влоши работите .

Никој нема ни да одговара .
А ние ќе си ќутиме како офци сите заедно без оглед на вера, пол и етничност и ќе плаќаме за нечиј мерцедес.

Еве некои постари случаи

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1682&stID=29047&pR=16

Оти како ??? па слободно речи Овци - тоа што сме...... реално кажано, кој стигна не еба, и Исток и Запад, од сите јадовме стап реално кажано, па и име ќе ни мењаат, и држава и СЕ .... е сеа некои кои се ставени таму за да го ПРЕТСТАВУВААТ народот, епа кој кур фактор е народод па , ќе си вози Мечка и ке лежи.....Народо е овде последно место, ако имаш куќа гледај да ја задржиш оти како така со даноци ова-она ќе ти ја земат, ако немаш куќа - не се надевај дека ќе ти поможи државата........Почнаја со дворовите да си ги купиме, уште малце и сами ќе се откупуваме за да бидиме свои .... Абе жално е ова - жално.... Иначе конкретно за темава да кажам е тоа што ова е секојдневие бе овде, некој му изгори куќата па умрел од студ....СТРАМОТА.....тој старец се вратил таму затоа што копнеел по тоа место што му изгорило, и барал некаква помош од СВОЈАТА држава за да го обнови и да си ги врати сите спомени што му изгореле,Спомени за сите тие негови внуци(претпоставувам имал) кои шетале низ сега изгорената куќа....
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Кај нас државната СЛУЖБА е бог, не е служба.
Сум имал контакти со цариници кои дошле со промена на власт и кои опремувале куќи и викендици, полицајци со нови автомобили, директорка на некоја си агенција која си ја влечка со себе својата секретарка затоа што самата таа не знае да пишува и со нејзиниот личен шофер а дошла на позиција зошто е швалерка на некој битен во партијата.
Луѓе кои ги троѓат нашите пари полошо од најлоѓиот криминалец кој ти влегол дома и те украл.
Ние имаме голема системска грешка, Македонецот си ги плаќа сите давачки кои во овие последни 10 години пораснаа и за над 100% а опозит на тоа не добивме подобра услуга ниту 1%.
Каде го има тоа ?
Секаде каде даваш пари за тие пари добиваш услуга.
Со такви давачки нас државните службениви треба да не служат како богови а не да бидат богови.
Ова е голен пораз прво за опшината, па за неговите комшии и на крај за државата.
 
P

Princ

Гостин
Де де сега, жалам за човеков, ама и ми здосади да читам веќе "Оставен да почине на студ, без покрив над главата и никаква помош од институциите".
Институциите го сместувале во домот за стари лица. Човекот не сакал да биде сместен во домот. Што е следно, присилно затварање? Аман бе, па подобро да умрам на студ и на улица отколку некој против моја волја да ме задржува во било кој таму дом. А институциите не можат да градат домови, ко така на секој втор ќе треба да му градат. Побогу, болници се распаѓаат, на школи со години не им се санираат покриви, и не можам да ја обвинам државата за пропуст во случај кога ете, го сместувале човекот во дом.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Де де сега, жалам за човеков, ама и ми здосади да читам веќе "Оставен да почине на студ, без покрив над главата и никаква помош од институциите".
Институциите го сместувале во домот за стари лица. Човекот не сакал да биде сместен во домот. Што е следно, присилно затварање? Аман бе, па подобро да умрам на студ и на улица отколку некој против моја волја да ме задржува во било кој таму дом. А институциите не можат да градат домови, ко така на секој втор ќе треба да му градат. Побогу, болници се распаѓаат, на школи со години не им се санираат покриви, и не можам да ја обвинам државата за пропуст во случај кога ете, го сместувале човекот во дом.
Абе за се` е државата крива. И мене ми беше тоа поентата ама ајде. Ако му била осигурана куќата ќе му исплателе пари. Немал пари, па немал, така оди светов, сурово е ова не само кај нас, во цел свет. Која влада ти прави куќи по пожар? Исто како бабата со ногата на А1, се понудиле да и ја исечат, нејќела. Па кој е лекот за гангрената друг?
На улицава моја гром удри во домот на едни, исто така сиромашни ама си осигурале луѓето и осигурањето покри се`. Да не беа ќе си седеа со кровот избушен.
 
Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945

Луѓево немаат социјално два месеци примено ( читај сите социјалци) нема да имаат за Нова Година да си купат нешто а камоли да си ги осигураат живеалиштата. Плус нема кој да ти даде на стара куќа сега осигурање, мораш за се да поседуваш услови.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.326
Поени од реакции
7.789
Со социјална помош од 1000 денари неможе да се осигура куќа
Е тоа де ама ај нека ја осигурал....

А бе мислат во светот на бајките се живее, ама не знам дали сеуште се учи на училиште кратката приказна Девојчето со кибритчиња, јас ја паметам како најтажна приказна.
 
P

Princ

Гостин
Добро, остави осигурување на страна.
Бил сместен во дом, нешто што државата најбрзо/најефтино може да го направи. Значи не во хотел Александар Палас, туку во дом, колку да не умре од студ. Овој бегал, пиел, и починал од студ.
Ќе повторам, жалам за случајов, само веќе стварно ме иритира државата да е крива за се и сешто, дури и за работи за кои навистина не може да и се најде вина (под претпоставка дека направила се што е во нејзина моќ - да го смести во дом привремено). Па во Полска мислам дека читав пред некој ден како преку 40 бездомници само годинава починале од студ, а пази, Полска е во ЕУ, итн.
И еве замислете се за момент дека ја имате моќта во земјава. Што би направиле, што е правилна одлука за вас? Само немој бајки да ми продавате па да ми градите куќи и сеете цвеќиња наоколу со пари што ги немате.

И јас не би бил јас ако она што го тврдам не го потврдам со доказ: извор
 
Kajgana Shop

На врв Bottom