Janev
____________
- Член од
- 27 март 2007
- Мислења
- 2.856
- Поени од реакции
- 58
На саемот во Женева, Honda се претстави со новиот Accord, кој е продолжување на успешната приказна на актуелниот модел кога е во прашање европскиот пазар. Новиот модел доаѓа во две изведби, седан и караван.
Новиот Accord ќе ги користи истите мотори од претходната генерација, но овој пат подобрени, со поголема сила и пониска потрошувачка. Најважниот за европскиот пазар, дизелскиот мотор со зафатнина од 2,2 литри во новата подобрена верзија равива 150 КС и 350 Nm. Бензинецот од 2,0 литри сега развива 156 КС, додека за спортската изведба е планиран 2,4 литарскиот мотор кој сега развива 200 КС.
Во сите модели ќе се вградуваат мануелни менувачи со шест степени на пренос, додека со бензинските изведби ќе може да се добие и автоматски менувач со пет брзини, со можност за мануелно менување преку рачките на управувачот.
Новиот Accord ќе биде достапен во месец Јуни. Нејасно е каква ќе биде цената за основниот модел на нашиот пазар, бидејќи актуелниот е многу поевтин отколку на западните пазари, па да се надеваме дека застапникот за возилата на Honda нема да је смени политиката.