P
Princ
Гостин
Премиерот Никола Груевски не му дозволи на Ѓорге Иванов да биде ѕвезда на своето прво патување надвор од земјата како претседател на Република Македонија. Првиот ден од првото патување во странство на новиот претседател мина во знакот на премиерот Груевски. Тој прв пристигна во Брисел и напладне, во присуство на вицепремиерот Ивица Боцевски, се сретна со комесарот за проширување Оли Рен. Груевски потоа имаше средби со премиерот на Белгија Херман ван Ромпеј и со шефот на европската дипломатија Хавиер Солана. Беше најавено дека на овие две последни средби од вчерашната агенда „ќе присуствува и Неговата екселенција Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија“, што е преседан во дипломатскиот протокол. „Наместо средби на претседателот на државата, кој инаку ја претставува државата во странство, на кои присуствува премиерот, во Македонија сега се воведува нова логика, цинично коментираа вчера дипломатски кругови во Скопје.
Претседателот Иванов синоќа во Брисел не беше главен ни на вечерата со неколкумина НАТО-амбасадори, која ја организира холандскиот претставник во алијансата. И уште еден интересен детаљ за таа вечера - не беше планирано присуство на американскиот амбасадор Курт Вокер зашто по само неколку месеци работење во Брисел е повлечен од функцијата. Администрацијата на Барак Обама планира на негово место да испрати дипломат поблизок со демократите. Ѓорге Иванов, кој при пристигнувањето во Брисел изгледаше збунето, своите пет минути конечно ќе ги има денеска, кога ќе оствари куса протоколарна средба со кралот на Белгија Алберт Втори, во неговата резиденција во Брисел. За тоа време Никола Груевски ќе биде во Париз. Во Брисел за Македонија остана недостапен претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо. Новиот македонски претседател не успеа да договори средба со него, а објаснувањето беше дека шефот на извршното европско тело е во Шпанија.
Дневник