Претседателски избори втор круг: Ѓорѓе Иванов е новиот претседател на Македонија!

Кој ќе биде новиот претседател на Македонија?

  • Ѓорѓе Иванов - ВМРО ДПМНЕ

    Гласови: 207 48,3%
  • Љубомир Фрчковски - СДСМ

    Гласови: 143 33,3%
  • Нема да гласам / сеуште не определен

    Гласови: 40 9,3%
  • Ќе го поништам ливчето, не сакам да гласам за ниту еден од кандидатите.

    Гласови: 39 9,1%

  • Вкупно гласачи
    429
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Супер тоа ми се допаѓа зашто искрено јас сум неутрален и во прв круг гласав за кандидат кој не влезе во вториот па сега сеуште не сум се одлучил за кого ќе гласам па сакам да видам кој што програма има ставов и размислувања па за да можам да се одлучам.
Па ако сакаш да го дознаеш кој е Иванов еве ти гледај го ова

http://video.google.com/videoplay?docid=7474406453990066154

И емисијата кај Јанко.

Прво пушти си ја таа со Фрчко, а после таа со Иванов.:toe:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
ИВАНОВ ОД АЕРОДРОМ ЈА ПОЧНА КАМПАЊАТА ЗА ВТОРИОТ КРУГ ИЗБОРИ
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи оваа партија Ѓорге Иванов денеска ја почна кампањата за вториот круг од изборите што ќе се одржи на 5 април во скопската општина Аеродром.

Иванов рече дека ја почнува кампањата за вториот круг токму од оваа општина бидејќи таму освоил најмногу гласови. Тој денеска им се заблагодари на сите граѓани што го поддржаа на неделните избори и рече дека сега во преден план на кампањата ќе биде неговата програма.

Запрашан за тоа дали очекува поддршка од ДУИ, Иванов одговори оти очекува поддршка од сите и оти исто така верува дека ќе биде достигнат цензусот на излезност на граѓаните од 40 отсто, што е потребно за претседателските избори да бидат успешни.

- Во вториот круг ќе дојдат до израз нашите програми, сега доаѓаат на површина нашите визии, проекти и стратегии, рече Иванов.

Одговорајќи на новинарско прашање тој потврди дека прифаќа ТВ-дуел со неговиот противкандидат од СДСМ Љубомир Фрчкоски, но додаде оти вообичаено е сега да има само еден ТВ-дуел меѓу двајцата противкандидати.

Иванов исто така рече дека тој нема директно да преговара со другите политички партии за гласовите на нивните членови и симпатизери и оти тоа треба да го стори партијата и коалицијата што стои зад него.

- Јас сум тој што излегува и се соочува со народот. Ја водам кампањата. Ќе ги покриеме сите места, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Сител
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Штета што народот гласа за партија, а не за човек.

Се знае дека Иванов ќе победи, само не можам да сфатам како ќе води држава еден човек што не знае „А“ да гугни.
Заборајв бе, тој е една марионета на Гвујо беее.

http://video.google.com/videoplay?docid=7474406453990066154

Еве ти и на тебе едно видео.:smir:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
јас ја гледав оваа емисија и предлагам да ја погледнат сите, па после да донесат заклучок дали човеков знае или не знае да каже А, а не да донесуваат заклучоци и слепо да ги пратат убедувањата и тврдењата на ривалите на професорот Иванов
 
Член од
3 декември 2008
Мислења
321
Поени од реакции
8
Фрчко дефинитивно. Иако не го сака многу, барем ми е поасален од Ѓорѓе Иванов, кој, со извинување до сите негови поддржувачи, ми делува на човек извлечен од нива кој не може асално да склопи две реченици. Додатна негативна работа беше што се уплаши да дојде во петокот на дуел и дојде на 20 минути пред крај. Претседателот треба да е репрезентативен, да се бори за своите ставови, а не да се плаши да се соочи со конкурентите. Не сум партиски определена и гласав за сосема трет човек, ама кога би бирала, а треба да бирам помеѓу овие двајца, дефинитивно ќе гласам за Фрчко.



Еве го човекот од нива:tapp:
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42


Еве го човекот од нива:tapp:
Со таа реторика на СДСМ и нивниот квазиелитизам само му донесоа на Иванов 50 - 80 000 гласа од селското население во Македонија.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223

Сакаш да ти дам дупло повеќе видеа каде што Фрчковски зборува многу послаткоречиво од Иванов?

Ова е едно видео, а имал многу митинзи каде јас го гледав, и каде што не знае да гугни.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Овие видеава треба да ми докажат дека Иванов е речит и способен за претседател? Напротив, самата интонација, поставеноста на телото, гестикулациите, гримасите, па дури и “р“-то не се соодветни за човек кој треба да претставува една цела држава. Би се трудел и понатаму да се објаснувам, ама кој курац, коа и онака никој не го интересира зашо типов не е за претседател.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Сакаш да ти дам дупло повеќе видеа каде што Фрчковски зборува многу послаткоречиво од Иванов?
Ишалаааааааа...дај мор да ги видиме тие видеа на кој Фрле толку слатко зборува...:vozbud:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Овие видеава треба да ми докажат дека Иванов е речит и способен за претседател? Напротив, самата интонација, поставеноста на телото, гестикулациите, гримасите, па дури и “р“-то не се соодветни за човек кој треба да претставува една цела држава. Би се трудел и понатаму да се објаснувам, ама кој курац, коа и онака никој не го интересира зашо типов не е за претседател.
Да го пишеше Тамарче, или Јована смајли овој пост...макар и самоутепаниот, да разберам. Ама Викторе, од кога тоа некоја личност се оценува според неговиот изглед и говор?

Дај да збориме за дела ако не?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Да го пишеше Тамарче, или Јована смајли овој пост...макар и самоутепаниот, да разберам. Ама Викторе, од кога тоа некоја личност се оценува според неговиот изглед и говор?

Дај да збориме за дела ако не?
Па не бираме најдобра личност на Македонија. Не е ова мистер world, па да треба да смисли реченица од типот “Сакам да ги спасам гладните во Африка“ за да излаже колку добра личност е. Ни треба претседател. Некој кој е силен, одлучен, брз, па дури и нападен. Некој кој знае психологија, политика, филозофија и добро изгледа во исто време. Некој кој знае да манипулира и некој кој има пријатели помеѓу политичарите низ светот. Некој кој ја има Македонија во срцето (е тука веќе можам да се сложам дека е прифатлив), некој кој ќе ме претстави мене како македонец, во најдобро можно светло, а во исто време ќе успее да ја најде идеалната дипломатија да му укаже дека сепак треба да дојде во Македонија и да помогне да имам 1250 место 250 евра плата.

Од друга страна, бидејќи се сведе битката на Фрчко против Иванов... го имаш другиов кој е далеку по интелигентен од Иванов, што е очигледно, но кој го пратат афера до афера, и за кој има силни докази дека се продал на Грција, што секако ме одвлекува да го гласам. И тоа е единствената причина. Доколку името му беше чисто, со две раце ќе го заокружев Фрчко, вака... само ќе мрчам дека плавиот е самоубиство, помаранџестиот е марионета.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ни треба претседател. Некој кој е силен, одлучен, брз, па дури и нападен. Некој кој знае психологија, политика, филозофија и добро изгледа во исто време. Некој кој знае да манипулира и некој кој има пријатели помеѓу политичарите низ светот. Некој кој ја има Македонија во срцето (е тука веќе можам да се сложам дека е прифатлив), некој кој ќе ме претстави мене како македонец, во најдобро можно светло, а во исто време ќе успее да ја најде идеалната дипломатија да му укаже дека сепак треба да дојде во Македонија и да помогне да имам 1250 место 250 евра плата.
Одлично го опиша Иванов. :bravo:
помаранџестиот е марионета.
Претпоставките не мора да значи дека се и вистина. Почекај бе Викторе...времето ќе ги даде одговорите дали бил марионета.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Чудесен си :icon_lol:

п.с. Немој повеќе да ми вадиш реченици од контекст.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Koj i da pobedi isto ni se faka, i taka drug resava za nas. Pointeresno bi bilo Frcko da stane predsednik :tv:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.101
Поени од реакции
23
ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА најдобар наслов на А2 имаа
изјава на грујо ТОЈ КЕ РАЗГОВАРАЛ СО ПАРТИИТЕ ,А ФРЧКО КЕ МОЛЕЛ АХХАХАХА ЕЕЕ ГРУЈО ПАК КЕ СЕ ПАЗАРИШ И ТИ И ФРЧКО ,ПАЗАРОТ КЕ БИДЕ САМО НЕЗНАМ КОМУ КЕ МУ ИЗЛЕЗЕ ЕСАПОТ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom