- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 1.580
- Поени од реакции
- 39
Американците идната година ќе го бираат новиот председник.... За прв пат сериозни шанси да стане Председателски кандидат имаат една жена Клинтон, и еден црнец Барак Обама.... Во тек се меѓупартиските избори за председателски кандидат.... Ова како мал вовед Натака да ги пишуваме и коментираме резултатите и пред се политиката, на секој од кандидатите за председател, кон македонија.
Сенаторот од Илиноис, Барак Обама, убедливо победи на вчера одржаните предизбори на Демократската партија во американската сојузна држава Јужна Каролина, освојувајќи 55% од гласовите.
Врз основа на 97% од пребројаните гласови, Обама освоил 55%, сенаторката од Њујорк и поранешната прва дама на САД, Хилари Клинтон 27%, а поранешниот сенатор Џон Едвардс 18% до гласовите.
Првичните избори на демократите во Јужна Каролина беа последен голем испит за претседателските кандидати пред „супер вторникот“ на 5 февруари, кога предизбори ќе се одржат во 22 американски сојузни држави.
Пред Јужна Каролина, Обама прво победи на предзиборите во Ајова, а Клинтон двапати последователно, во Њу Хемпшир и во Невада.
А1