Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Претепан сопственикот на „Канал 77“
Двајца маскирани ноќеска околу полноќ брутално го претепале сопственикот на радио „Канал 77“, штипјанецот Горан Гаврилов, кога тој со својата сопруга се враќал дома.
Напаѓачите најверојатно го следеле, па откако сопругата Емилија влегла во куќата, а Гаврилов останал да го паркира автомобилот, го нападнале прво со вербални закани, потоа пукале со пиштол кон него, но не го погодиле.
На крајот двајцата маскирани насилници го удирале со метални шипки по целото тело. Од ударите Гаврилов добил скршеници на прстите на раката, скршеница на коленото и расекотини по главата.
Во штипската болница денеска никој не сакаше да даде изјава за неговата состојба. Болничката соба на Гаврилов ја чува полицијата.
Сопругата Емилија не сака да шпекулира околу можните причини за нападот. Таа вели дека Горан ниту некому нешто должел ниту, пак, со некого се скарал.
„Не станува збор за нерасчистени должничко-доверителски односи или лични конфликти. Сметам дека извршен е напад врз Горан како личност која 16 години работи за имплементација на законските одредби во сферата на медиумите“, рече Емилија Гаврилова, сопруга на Горан.
Горан Гаврилов е сопственик на првото приватно национално радио во земјава „Канал 77“. Тој е еден од основачите на Асоцијацијата на електронски медиуми на Македонија, која во моментов води спор со некои кабелски оператори околу заштитата на авторските права.
Штипската чаршија веќе почна да шпекулира дека е можно токму тоа да е еден од мотивите за претепувањето на Гаврилов. Полицијата засега не го знае идентитетот на напаѓачите.
МВР: Нападот врз Гаврилов е обид за убиство
Обид за убиство, вака полицијата го оквалификува нападот врз сопственикот на радио „Канал 77“ Горан Гаврилов. Од МВР велат дека веднаш по увидот било јасно оти станува збор за обид да се ликвидира Гаврилов.
„МВР интензивно продолжува да работи на утврдување на идентитетот на сторителите, понатаму нивно пронаоѓање и лишување од слобода, така што откако ќе биде целосно документиран настанот ќе следи и поднесување на соодветна кривична пријава“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР.
Напаѓачите на Гаврилов се уште се непознати за полицијата, затоа ќе биде поднесена кривична пријава против непознат сторител.
Од МВР велат дека работат на експертиза на пронајдената чаура и металните палки со кои е удиран Гаврилов. Ветуваат брзо расветлување на случајот.
Осуди за нападот стигнуваат и денеска. Од Советот за радиодифузија сметаат дека тоа е напад на слободата и независноста на електронските медиуми во Македонија.
Американската амбасада потенцира, дека не смее да се дозволи насилството, заканите и застрашувањата да го прекинат, или да го намалат слободниот проток на информации.
Во меѓувреме, повредениот Гаврилов е пуштен од болница. Се чувствува добро и закрепнува од повредите на рацете, главата и коленото, откако пред два дена, двајца маскирани го претепаа пред неговиот дом и испукаа еден куршум кон него.
Амбасадата на САД го осуди нападот врз Гаврилов
Амбасадата на САД го осудува нападот врз новинарот и сопственик на „Канал 77“ Горан Гаврилов и очекува сторителите да бидат откриени и уапсени, а македонските власти да направат се што е во нивна моќ да ја заштитат слободата на говорот.
„На господинот Гаврилов му посакуваме брзо заздравување и очекуваме дека ќе бидат уапсени одговорните лица за овој акт, кој заслужува секаква осуда и дека против нив ќе се поведе кривична постапка. Медиумите се многу важен дел во секоја демократија. Овој напад, во контекст на другите неодамнешни обиди да се попречи известувањето, вклучувајќи го не само нападот на еден новинар во Собранието, тепањето на новинари и оштетувањето на опремата на наплатната рампа, како и оштетувањето на телевизиските предаватели, ја зголемува загриженоста за континуирано добра состојба на демократската транзиција на Македонија. Не смее да се дозволи насилството, заканите и застрашувањата да го прекинат или да го намалат слободниот проток на информации“, се вели во соопштението од Американската амбасада.
Напаѓачите сакале да го убијат Гаврилов
Двајцата маскирани, кои вчера крвнички го претепаа Горан Гаврилов, всушност сакаа да го ликвидираат. Ова денеска го тврди Емилија Гаврилова, сопругата на сопственикот на радио „Канал 77“.
Напаѓачите прво испукале еден куршум кон Горан, кој поминал близу неговата глава. Само чудо го спасило да не заврши фатално. Потоа му наредиле да легне на земја со закана оти ќе го убијат и почнале да го тепаат со метални палки.
„Немилата случка јас не би ја третирала толку како немила. Ова е обид за убиство, некој сака да го ликвидира Горан. Очигледно некому му пречи“, рече Емилија Гаврилова, сопруга на Горан.
Полицијата ги пронашла палките со кои Горан е тепан. Напаѓачите ги фрлиле во близина на местото на настанот, семејната куќа на Гаврилови. Засега тоа е единствениот доказ кој на полицијата треба да и помогне во откривањето на сторителите.
Горан Гаврилов е сопственик на првото приватно национално радио во Македонија и е еден од главните поборници за почитување на законите во медиумската сфера.
Неговата сопруга ги препознава напаѓачите помеѓу оние кои не сакаат ред во медиумскиот бизнис. Повтори дека ниту имаат непријатели, ниту некому нешто должат.
Семејството Гаврилови беше цел на напад и пред десетина години, кога нивниот автомобил беше кренат во воздух. Сторителите на тој чин до ден денес се непознати.
„Надлежните институции максимално ќе дадат се од себе да се разоткрие во најкраток временски период. Во спротивно, ќе сметам дека не сакаат да го разоткријат случајот“, изјави Гаврилова.
Нападот над Гаврилов денеска го осуди Асоцијацијата на електронски медиуми, оценувајќи го како директен напад врз медиумската демократија и борбата за владеење на правото и законите во медиумската сфера.
Еден ден откако беше брутално претепан пред својот дом, Гаврилов закрепнува во штипската болница. Скршениците на коленото, прстите на рацете и повредите на главата не се опасни по неговиот живот.
Извор