Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    674
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.897
Поени од реакции
7.290
Добро ти со сиот ум мислиш дека ја подржувам моменталната власт и шарената револуција? Ниту пред тоа, а не пак сега после сите дубарии и предавства што ги направија.

Татковината за мене е далеку повеќе од збирштина партии кои единствена цел му е да си ги наполнат џебовите, и да си ја вработат паритската војска, за нишај врата земај плата... Така да ќе те молам да внимаваш какви квалификации ми лепиш...

Тоа што 32 години мајка расплакаа од крадење (со наш амин) не значи дека треба да си ја мразам татковината која ме израснала и со толку крв натопена.
Моја грешка не објаснив на што мислев за другата страна од паричката.
Ванлок на пример 24/7 ни попува за лошите Јенки и нивните злодела, а ниту еден пост за Русите. Вонземјанин да го чита ќе си помисли, Русите цвеќе за мирисање,а имаат солидна лепеза за сторени злодела. Тие свои 50+ милиони си убиле, па за другите.
Ти па, 24/7 ни попуваш за диктаторите на истокот, ама за Западните диктаторски режими ниту еден пост. Вонземјанин да те чита ќе си помисли на запад демократијата цвета, а ни Д нема од демократија. (био тоа некогаш)

По таа логика утре ден може истото албанија да го збори за градовите од западна Македонија ама не иде тоа така
Како тоа не иде... Зашто и да не иде, кога дефакто немаме никаква контрола на тој дел од територијата, а пари се трошат на велико. Да видиш како глатко ќе иде и тоа низ цел западен свет. Во САД веќе е започнат процесот за разнебитување, не па низ светот. На југот кај што врие Мексиканци, без Шпански јазик, ништо не правиш. САД станале број 1, бидејќи од цел свет што доаѓале, се знаело, англиски. Германци се земале со Французи, со Енглези итн нешто што во ЕУ многу тешко се случувало, а сега и таму си ибаа мамата.

Мора да постојат цивилизациски стандарди во светот за да има прогрес. Ако тоа не успеало со Лига на нации, па и со ООН во најголем дел, луѓето треба да бараат начини за решавање на спорови без војна.
Денес барем постојат сите предуслови за тоа.
И за среќа бројот на жртви на војна пер капита е драматично намален од пред само еден век, па о половина век. Значи не сум нешто утопист како што кажуваш, има нешто и во реалноста
Пак тој МОРА. Никој не ти го спори тоа. Но постојат ли во реалноста такви стандарди според кои големите се придржуваат ??? Не постојат пријателе, ние не сме цивилизирани, ние само имаме пософистицирани оружја за убивање и контрола на народот, свеста ни е како на животни. Постоењето на светска империја / светски полицаец е на некој начин и добро, бидејќи тој полицаец регулира да нема општ хаос, туку тој ќе одлучи кој да го јаде стапот :D
За да се решаваат споровите без војни, забрани воена индустрија и тогаш може да збориме. Ти очекуваш секоја година нови воени играчки да произведуваат, а да не си поиграат со нив, секако на туѓа територија.

За намален број жртви, директни да, за индиректни сигурно е х10.
Денес барем постојат сите предуслови за тоа.
Абе постојат и предуслови да нема гладни деца, да има чиста вода за секое дете, арно ама дали тоа е така...

Како ќе се развива светот, зависи од новиот светски полицаец, а тоа ќе биде Кина (од 2032), но не ми мириса на добро, бидејќи тие се со друг менталитет, различен од Англо-Саксонскиот и се ко роботи.

1644100890618.png
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.651
Поени од реакции
5.330
Моја грешка не објаснив на што мислев за другата страна од паричката.
Ванлок на пример 24/7 ни попува за лошите Јенки и нивните злодела, а ниту еден пост за Русите. Вонземјанин да го чита ќе си помисли, Русите цвеќе за мирисање,а имаат солидна лепеза за сторени злодела. Тие свои 50+ милиони си убиле, па за другите.
Ти па, 24/7 ни попуваш за диктаторите на истокот, ама за Западните диктаторски режими ниту еден пост. Вонземјанин да те чита ќе си помисли на запад демократијата цвета, а ни Д нема од демократија. (био тоа некогаш)
Јас осудувам секакво мешање во внатрешните работи на секоја држава, во друга држава, независно дали од исток или запад е мешањето.

Никаде не реков дека Западот си нема свои злодела, ги има и тоа прилично многу, особено по Втората Светска војна. Ајде кажи ми кои се тоа Западни диктаторски режими?? Баш ме интересира, каде на запад сите опозиционери се во затвор? Јас не велам дека на запад нема обиди за пропаганда, дека нема обиди за задушување на слободна мисла на говор, и слично, но мора да признаеш дека се светлосни години по не брутални од тие на Исток. Далеку и тоа...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.174
Поени од реакции
16.444
Вистината е дека скоро во сите словенски држави ставот спрема Русите е негативен. Само во Македонија и Србија уште се пишуваат поеми за бабушот. Полјаците не сакаат да ги навидат на пример, исто и Чесите и Словаците.
Реално, Русите се говна. Кој кур имаме ние од Русија?

Нормално, не значи дека треба како штурци да скокаме кај што се мерат големите, како Славјанка. Додуше споредбата на штурец и Славјанка и не е баш соодветна.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Реално, Русите се говна. Кој кур имаме ние од Русија?

Нормално, не значи дека треба како штурци да скокаме кај што се мерат големите, како Славјанка. Додуше споредбата на штурец и Славјанка и не е баш соодветна.
A mislis Slavjanka sama od sebe pocna da skoka? Ne be bate,nekoj pozadi nea í go naredil toa.. I bilo koe ime da bese na mestoto na Slavjanka, ke go kazese istoto zs pozadi im se sugerira..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.758
Поени од реакции
30.421
Ит ис леџит Косово да си ги присвои Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. Немојте после плачки и да кукате вака било, така било.
A демек ако безусловно зборуваме и навиваме за територијалниот интегритет на Украина, без разлика на идиотските надворешнополитички потези кои ги прават... Тоа некако ќе го гарантира нашиот територијален интегритет?
Автоматски споено мислење:

Ти си ми како Ванлок, само другата страна од паричката
Аууу, па ти се вреѓаш сине... :LOL:


Моја грешка не објаснив на што мислев за другата страна од паричката.
Ванлок на пример 24/7 ни попува за лошите Јенки и нивните злодела, а ниту еден пост за Русите. Вонземјанин да го чита ќе си помисли, Русите цвеќе за мирисање,а имаат солидна лепеза за сторени злодела. Тие свои 50+ милиони си убиле, па за другите.
Ти па, 24/7 ни попуваш за диктаторите на истокот, ама за Западните диктаторски режими ниту еден пост. Вонземјанин да те чита ќе си помисли на запад демократијата цвета, а ни Д нема од демократија. (био тоа некогаш)
Јас одбирам за што јас ќе зборувам. Зборувам за тоа што ми мене ми смета, а ми смета САД. Не ми смета Русија. Ми смета државата која најмногу го кочи човештвото. Една е таква.

Јас кога одбирам за што ќе зборувам не пазам за тоа дали ти или некој друг ќе ме рачунате за пример на политичка коректност. Од друга страна тоа што имам заземен став (и bias) не значи дека било чии аргументи не можам да ги прифатам ако се издржани.

А ти демек си совршено објективен, точно на средина поставен и сметаш дека си достигнал нирвана? :D
Проблемот за кој зборуваш поназад не е во bias-от или во наклонетоста по нашки. Проблемот е во објективност наспроти необјективност: Можност да увидиш што е реалноста без разлика за кој и за што навиваш. Ете ти (наводно) за никој не навиваш ама пак многу што не ти е јасно. А тој со кој ме споредуваш, ај што навива за другата страна тоа не е проблем, туку проблем е што малку знае, уште помалку разбира а згора на се не е кадарен да анализира посочени факти. Пошто не мора никој со никој овде да ги усогласи мислењата, ама да не можеме да се согласиме дека утврдените факти се факти - е тоа е глупаво. Пошто никој не може толку да објасни колку што друг може намерно да се прави дека не слуша.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.651
Поени од реакции
5.330
Ихааа... Кај најдов и јас да пишувам, Америка го кочела човештвото, Лукашенко бил напредокот.. Гасете интернет, струја, гас, бојлери, нека пукнат нуклеарки, доста беше...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Постоењето на четници, т.е. огромносто мнозинство на лица кои се декларираат како срби е факт. Тажен факт, како постоењето на сидата пример, но сепак факт.
Сведувањето на фактите на наводен личен анимозитет е дно. Оваа година ќе одам Нови Сад, никогаш сум немал лошо искуство со лица кои се декларираат како срби ИРЛ.
Тоа што русите во 1/4 поминат 21.век употребуваат стари четнички фори е исто така несоборлив факт.
Во Украјина направија две парадржави за да имаат причина да ги "бранат", но разликата е во тоа што Путин сериозно мисли да интервенира додека Слобо 1995 ги остави да висат како усрани голуби за време на Олуја и Блијесак.
Исто така, факт е и тоа дека тие четници 1912 ти ја ослободиле државата од османлиите, односно да не биле тие сега вероватно ке се клањаш во некоја џаамијаа, ти посакувам добар провод во Нови Сад и ако имаш муда овие ставови кажувај ги таму, у што чисто сумњам.
Автоматски споено мислење:

Нема детски или не знам какви наивни правдини, не може и не смее насекаде да има кризи и милиони жртви по свет, цивилизациски човештвото е над тоа одамна, освен во Русија, Србија, Косово и некои други, претежно тажни места. Замисли сите да започнат војни, од Ирска до Конго-Киншаса, од Кореја до Колумбија, од Квебек до Индонезија, па светот ќе се претвори во кланица.
Звучиш како некоја мис лепотица, која посакува мир , љубов и искоренување наа сиромааштијата на планетава.
 
Последно уредено:
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.897
Поени од реакции
7.290
Јас одбирам за што јас ќе зборувам. Зборувам за тоа што ми мене ми смета, а ми смета САД. Не ми смета Русија. Ми смета државата која најмногу го кочи човештвото. Една е таква.
Слободно де пишувај си што сакаш, кој ти брани :toe:. Напротив и пожелно е да пишуваш што повеќе, како инаку ќе добиеме претстава за луѓето.

Еве мене на пример никогаш немаше ни да ми текне на фактот дека САД го кочеле човештвото. Ќе си живеев во заблуда дека англо-саксонскиот систем допринел за развојот на западот. Сигурно Русите да беа светскиот полицаец ќе имаше мир на светов и немаше да има гладни деца. А зашто не се тие светскиот полицаец, зашто не се ни во топ5 држави, сигурно клетите јенки се виновни :свиркам:. Слободно продолжи со ваквите факти, јас пред вакви факти немам друг избор освен да молчам.
Од една страна споделуваш изјави дека социјализмот не чини, трае додека не се потрошат парите од другите, а од друга страна си за Русија. Не знам дал воопшто си свесен колку си контрадикторен, ама нели факти се факти.

Најпосле бар отворено си кажа за кого си, тоа сепак е за пофалба и одличен факт за понатамошни дискусии :D.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.030
Поени од реакции
10.725
Моја грешка не објаснив на што мислев за другата страна од паричката.
Ванлок на пример 24/7 ни попува за лошите Јенки и нивните злодела, а ниту еден пост за Русите. Вонземјанин да го чита ќе си помисли, Русите цвеќе за мирисање,а имаат солидна лепеза за сторени злодела. Тие свои 50+ милиони си убиле, па за другите.
Ти па, 24/7 ни попуваш за диктаторите на истокот, ама за Западните диктаторски режими ниту еден пост. Вонземјанин да те чита ќе си помисли на запад демократијата цвета, а ни Д нема од демократија. (био тоа некогаш)



Како тоа не иде... Зашто и да не иде, кога дефакто немаме никаква контрола на тој дел од територијата, а пари се трошат на велико. Да видиш како глатко ќе иде и тоа низ цел западен свет. Во САД веќе е започнат процесот за разнебитување, не па низ светот. На југот кај што врие Мексиканци, без Шпански јазик, ништо не правиш. САД станале број 1, бидејќи од цел свет што доаѓале, се знаело, англиски. Германци се земале со Французи, со Енглези итн нешто што во ЕУ многу тешко се случувало, а сега и таму си ибаа мамата.


Пак тој МОРА. Никој не ти го спори тоа. Но постојат ли во реалноста такви стандарди според кои големите се придржуваат ??? Не постојат пријателе, ние не сме цивилизирани, ние само имаме пософистицирани оружја за убивање и контрола на народот, свеста ни е како на животни. Постоењето на светска империја / светски полицаец е на некој начин и добро, бидејќи тој полицаец регулира да нема општ хаос, туку тој ќе одлучи кој да го јаде стапот :D
За да се решаваат споровите без војни, забрани воена индустрија и тогаш може да збориме. Ти очекуваш секоја година нови воени играчки да произведуваат, а да не си поиграат со нив, секако на туѓа територија.

За намален број жртви, директни да, за индиректни сигурно е х10.

Абе постојат и предуслови да нема гладни деца, да има чиста вода за секое дете, арно ама дали тоа е така...

Како ќе се развива светот, зависи од новиот светски полицаец, а тоа ќе биде Кина (од 2032), но не ми мириса на добро, бидејќи тие се со друг менталитет, различен од Англо-Саксонскиот и се ко роботи.

Прегледај го приврзокот 321325
Немаме контрола ради политички причини, утре да сакаме ке воспоставиме контрола додека Украина мора да влезе во војна со Русија за истото


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.758
Поени од реакции
30.421
Еве мене на пример никогаш немаше ни да ми текне на фактот дека САД го кочеле човештвото. Ќе си живеев во заблуда дека англо-саксонскиот систем допринел за развојот на западот. Сигурно Русите да беа светскиот полицаец ќе имаше мир на светов и немаше да има гладни деца. А зашто не се тие светскиот полицаец, зашто не се ни во топ5 држави, сигурно клетите јенки се виновни :свиркам:. Слободно продолжи со ваквите факти, јас пред вакви факти немам друг избор освен да молчам.
Русија никогаш не биле „светски полицаец“, и не можам да коментирам нивни замислени постапки како таков светски полицаец.
САД, односно извини - Пакс Американа - веќе долго време се таков светски полицаец и гледаме многу работи од кои можат да се заклучи гореспомнатото: дека го кочат развојот на човештовото.


Претендираш на широк светоглед, зарем е можно да не ги разбираш работите и начините/методите со кои Пакс Американа ја спореведува својата доминација?

Сам дојди до заклучок (и ти и било кој друг), еве со следниве неколку моменти кои би требало да послужат како отварачи на очи:
- кој ја контролира светската петровалута
- чија е светската фиат валута на државни резерерви?
- кој прави огромен и континуиран финансиски бенефит на грбот на луѓето од целата планета, а преку манипулација на вредноста и кванитетот на спомнатата светска фиат валута, преку принтање нови пари и преку методи како инфлација?
- таа „заработка“ (украдени пари) за што се користат, дали се користат за добробит на човештовото (ете на пример за колонизација на свемирот, одосно колонизација на сончевиот систем) или се користат за лично профитирање на горната класа/елитата, за водење на безброј војни, за призводство на разно оружје за уништување, и за воена контрола и доминација на планетата?
- кој измислува непријатели и таму каде ги нема, само за нивниот military industrial complex (MIC) да има постојана заработка?
- кој измислува причини за бомбардирање и напаѓање на цели држави како Југославија, Ирак, Либија, и многу други?
(измислено хемиско оружје, измислени закани, разни фолс флагови, режирани напади, сето за искористување како касус бели за нови војни)
- кој направи државен удар, обоена револуција во Украина и многу други (сега бивши) дружави?


Дали одговорот на горните прашања е Русија?
Епа како сакаш да пишувам за Русија а не за САД?

Бонус:
- кој наместо полека да го расформира НАТО, од Русија направи непријател кога Советскиот Сојуз се расформира и Русија го смени политичкото уредување па дури и побара да влезе во НАТО?




Од една страна споделуваш изјави дека социјализмот не чини, трае додека не се потрошат парите од другите, а од друга страна си за Русија. Не знам дал воопшто си свесен колку си контрадикторен, ама нели факти се факти.
За социјализмот никогаш не сум рекол дека сам по себе не чини како идеја. Но факт е дека во секоја негова практична изведба, во форма на било која постоечка држава која практикува социјализам - социјализмот е злоупотребуван.

Владеачката класа со социјализмот практикува раздели и владеј меѓу средната и ниската класа. Промовираат вредности кои водат кон девијации како наркоманија и бескуќништво, ствараат паразити кои не прават ништо и паразитираат од социјална помош. Сето тоа го плаќа работната средна класа, која е утепана со даноци и разни давачки и се држи во покорност со ретардирани закони.
Истите тенденции, истата пракса ја гледаме во сите држави но никаде толку како во САД. Наркоманија и бескуќништво насекаде, огромен дел од популацијата бездомници и наркомани, голем дел од популацијата во затвори... Измислување на се повеќе права за паразитите и бездомниците. Сето тоа на грб на средната класа - нормалните луѓе кои работат и заработуваат и за себе и за паразитите. Додека најбогатите најмалку плаќаат даноци и го контролираат и манупилираат системот во нивна корист.

Ете тоа е накратко социјализмот денес, и во историјата.
Toa што ти тука гледаш контрадикторност, тоа е заради нецелосноста на твојот светоглед и знаење.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.897
Поени од реакции
7.290
Немаме контрола ради политички причини, утре да сакаме ке воспоставиме контрола додека Украина мора да влезе во војна со Русија за истото


Sent from my iPhone using Tapatalk
Точно така. Е сега ние со децении оставаме некој процес да се развива, па кога ќе дојде до заокружување на тој процес, ќе плачеме или ќе војуваме. Не за џабе се рекло, подобро спречи, него ли лечи. Штом сме оставиле таквиот процес беспречено да си тече, сами сме виновни, не шќиптарите. Егејска Македонија со раселување на народот, носење на други, се гледаат резултатите сега.

Така и со Украинците, јбг, со векови си патат и страдаат од Русите (оние цвеќињата за мирисање). Големите одамна не се тепаат меѓусебе. Штом во тие области населението доминантно се Руси и немаат проблем да се припојат кон Русија, на Царот Путин :D да му плаќаат даноци и Русија да има корист од нивната продуктивност, јбг, мора да се прифати.

Русија никогаш не биле „светски полицаец“, и не можам да коментирам нивни замислени постапки како таков светски полицаец.
Е така е, никогаш не биле светски полицаец, ниту можеле, ниту ќе можат, а една од главните причини е прифаќањето на комунизмот, иако ги имале сите предуслови тие да се бр.1.

Не се замислени постапки, доволно е да видиш што се направиле во последните 100тина години и јасно е што ќе било.

Западот почна на големо да применува истата нивна марксистичка утопија и се гледа распадот.

Целиот универзум функционира според правилото малите се вртат околу големите, така да јбг, мора да постојат господари и слуги. Е какви ќе се господарите, од тоа зависи каква ќе е благосостојбата на сите други.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.748
Поени од реакции
8.245
Грешка си. Чистките нанесоа огромна штета на Советскиот Сојуз и беа едни од главните причини за најкатастрофалниот пораз во историјата (кој за среќа не доведе и до пораз во војната).

Тука зборувам исклучиво за чистките во армијата ('37-'39).
Најкатастрофалниот пораз во втора светска војна ( ако не го рачунаме поразот на Манчуриската Квантунг армија ) ти е операцијата Багратион.

Еве ако може дај ми неколку примери за тие убер-талентирани кадри кои недостасувале на Црвената Армија? Впрочем и генералите преостанати од првата светска војна за време на целата втора светска војна кај сите страни кои војуваат се имаат покажано како комплетни неуспеси. Ако има една гранка која била навистина тешко погодена од чистките тоа била културната и посебно писателите и филозофите каде што има катастрофален пад во квалитетот пред и после чистките.

Црвената Армија немала висок офицерски проблем, мислам сулудо е да кажеш со офицери како Рокосовски, Конев, Батов, Жуков, Тимошенко, Чујков, Кузнетсов дека Црвената Армија била оставена без водство пред втората светска војна.

Проблемот на Црвената Армија бил далеку посериозен и покомплициран а тоа е дека ја немале ниту опремата ниту персоналот за да војуваат како што планирале. Они сакале да направат скок од аспект на технологија и пристап од 30-40 години за 5-10. Сакале директно да скокнат од војска тренирана за статичка војна(ПСВ)/револуционерна војна во мобилна војна од 20ти век, што е сулудо. И сето тоа веќе било откриено за време на војната со Финска каде што увиделе дека:

  1. Опремата дизајнирана и оценувана чисто од аспект на бројки на хартија испаднала дека е катастрофална на терен и морала комплетно да се редизајнира.
  2. Дека обичните војници и помлади офицери се катстрофално неспремни и неистренирани за масовни маневри и не знаат да се координираат, ниту пак имаат опрема ( радиа) за истото.
  3. Дека логистичкиот синџир им е катастрофален и дека не можеш да водиш битки во 20век без масивен логистички синџир и подготовки.Во 1941 веќе бил доставен и план за Црвената Армија во рок од 2 години да ја реизгради комплетната инфраструктура во Европскиот дел од Советскиот Сојуз за истата да може да подржи движење на масовни механизирани армии.
  4. Дека немаат никаква координација со авијацијата, ниту пак знаат воопшто што да прават со истата. Комплетно неефективно бомбардирање поради лошо бирање на цели.
Тоа биле главните проблеми кои они ги увиделе веќе после војната со Финска и пробале да ги исправат само едноставно биле фатени со панталоните околу колена директно на сред реорганизација и реопремување на армијата. Веќе во 1942, две години после војната со Финска стигнале од да не можат да координираат неколку десетици илјади војници до да може да организираат и изведуваат операции како Уранус.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.351
Воглавно не ти е точно ова и можам до утре да ти пишувам што и зошто, али не е темава тоа.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.748
Поени од реакции
8.245
Грешка си. Чистките нанесоа огромна штета на Советскиот Сојуз и беа едни од главните причини за најкатастрофалниот пораз во историјата (кој за среќа не доведе и до пораз во војната).

Тука зборувам исклучиво за чистките во армијата ('37-'39).
Воглавно не ти е точно ова и можам до утре да ти пишувам што и зошто, али не е темава тоа.
Нема што да пишуваш до утре што и зошто, пиши ги само имињата на тие убер-квалитетни кадри и доволно ќе биде. Еве наброј десет може, за тоа ќе ти бидат потребни едно 5 минути.

Еве ќе ти дадам јас еден гратис од мене:
  1. Тукашевски, човекот кој користел Хемиско оружје за да задушува селски буни (Тамбов) и претворил развиен регион во рушевини поради неспособност и човекот кој ја изгубил војната против Полска во 1920.
Баш сакам да видам кој се другите девет брилијантни офицери кои ете ќе биле подобри од Жуков, Рокосовски, Конев, Батов, Кузнењеств, Василиј, , Тимошенко, Ворошилов, итн ... . Ако немаш што да кажеш не се расфрлај со тврдења од никаде и потоа ајмо назад во безбедното засолниште на "Се што кажа е погрешно али јас неможам да се замарам да ти објаснам зошто".
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.824
Поени од реакции
80.351
шо викаш, може неам аргументи, па затоа така
 

Kajgana Shop

На врв Bottom