Моја грешка не објаснив на што мислев за другата страна од паричката.Добро ти со сиот ум мислиш дека ја подржувам моменталната власт и шарената револуција? Ниту пред тоа, а не пак сега после сите дубарии и предавства што ги направија.
Татковината за мене е далеку повеќе од збирштина партии кои единствена цел му е да си ги наполнат џебовите, и да си ја вработат паритската војска, за нишај врата земај плата... Така да ќе те молам да внимаваш какви квалификации ми лепиш...
Тоа што 32 години мајка расплакаа од крадење (со наш амин) не значи дека треба да си ја мразам татковината која ме израснала и со толку крв натопена.
Ванлок на пример 24/7 ни попува за лошите Јенки и нивните злодела, а ниту еден пост за Русите. Вонземјанин да го чита ќе си помисли, Русите цвеќе за мирисање,а имаат солидна лепеза за сторени злодела. Тие свои 50+ милиони си убиле, па за другите.
Ти па, 24/7 ни попуваш за диктаторите на истокот, ама за Западните диктаторски режими ниту еден пост. Вонземјанин да те чита ќе си помисли на запад демократијата цвета, а ни Д нема од демократија. (био тоа некогаш)
Како тоа не иде... Зашто и да не иде, кога дефакто немаме никаква контрола на тој дел од територијата, а пари се трошат на велико. Да видиш како глатко ќе иде и тоа низ цел западен свет. Во САД веќе е започнат процесот за разнебитување, не па низ светот. На југот кај што врие Мексиканци, без Шпански јазик, ништо не правиш. САД станале број 1, бидејќи од цел свет што доаѓале, се знаело, англиски. Германци се земале со Французи, со Енглези итн нешто што во ЕУ многу тешко се случувало, а сега и таму си ибаа мамата.По таа логика утре ден може истото албанија да го збори за градовите од западна Македонија ама не иде тоа така
Пак тој МОРА. Никој не ти го спори тоа. Но постојат ли во реалноста такви стандарди според кои големите се придржуваат ??? Не постојат пријателе, ние не сме цивилизирани, ние само имаме пософистицирани оружја за убивање и контрола на народот, свеста ни е како на животни. Постоењето на светска империја / светски полицаец е на некој начин и добро, бидејќи тој полицаец регулира да нема општ хаос, туку тој ќе одлучи кој да го јаде стапотМора да постојат цивилизациски стандарди во светот за да има прогрес. Ако тоа не успеало со Лига на нации, па и со ООН во најголем дел, луѓето треба да бараат начини за решавање на спорови без војна.
Денес барем постојат сите предуслови за тоа.
И за среќа бројот на жртви на војна пер капита е драматично намален од пред само еден век, па о половина век. Значи не сум нешто утопист како што кажуваш, има нешто и во реалноста
За да се решаваат споровите без војни, забрани воена индустрија и тогаш може да збориме. Ти очекуваш секоја година нови воени играчки да произведуваат, а да не си поиграат со нив, секако на туѓа територија.
За намален број жртви, директни да, за индиректни сигурно е х10.
Абе постојат и предуслови да нема гладни деца, да има чиста вода за секое дете, арно ама дали тоа е така...Денес барем постојат сите предуслови за тоа.
Како ќе се развива светот, зависи од новиот светски полицаец, а тоа ќе биде Кина (од 2032), но не ми мириса на добро, бидејќи тие се со друг менталитет, различен од Англо-Саксонскиот и се ко роботи.