Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.705
Поени од реакции
33.922
Украинците веќе се здобијаа со капацитет да враќаат на Руските напади со крстосувачки ракети длабоко на Украинска територија, реципрочно. Иако капацитетот е далеку од тоа што го можат крстосувачките ракети, дроновите што ги имаат направено се идеални за меки мети. Гаѓаат воени бази, авиони, складишта, рафинерии и сл.
Или како во случајов на пример, може да бираат каде да нападнат и нападите им поминуваат скоро непречено.

Долго пред војната Украинците веќе работеа на крстосувачки проектили и ракети, до каде им е тој напредок покрај војната не се знае. Но изгледа дека е прашање на време кога ќе почнат да летаат Украински ракети накај Русија.
Што е со политичкава коректност?
Сето оружјена Украина што не е наследено од СССР, е оружје од САД/НАТО со кое САД/НАТО војуваат против Русија.


прашање на време кога ќе почнат да летаат Украински ракети накај Русија.
Прашање на време е кога ќе почне светска војна, или претходно западните ќе си легнат на брашно и ќе признаат пораз.
Еднаш да се запрашаше чуму вакви ескалации од САД/НАТО ако било што им оди добро во војната во Украина.
Автоматски споено мислење:

Нептун ракетите до сега неколку пати успешно ги имаат искористено...
Украинско производство, а @Human ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Pa i 100 i 200 da se, ova e za tesenje? golema zemja e rusija, sig nema 20 sklada. Megjutoa fakt e deka imalo golema kolicina na edno mesto. Ne veruvam iskanderi i tn, ama municija za artilerija i fabovi sigurno.
Не е никаков проблем што им го погодиле складиштето. Тоа е нормално во воени услови. Но друг им е проблемот тука на Русите, а тоа е што успеало со ланчана реакција сите помали складишта да се запалат, првенствено од секундарните експлозии. Ова складиште е градено сегментирано, баш да превентира ланчана реакција. Дали го пренапукале до даска Русите, или чувале нешто и надвор од бункерите(мислам дека ова е најверојатно), тешко е да се каже. Како и да е ова им отвара проблем со другите складишта.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
404
Поени од реакции
809
Јас мислам дека Русија ќе трпи до изборите во САД и ќе чека да се смени власта. Ако дојде Камала на власт, толку ќе биде.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Нептун ракетите до сега неколку пати успешно ги имаат искористено за напади на Крим ама изгледа ги имаат во мал број или производството им оди тешко па затоа тие напади се ретки.

Од друга страна ова е веќе трет напад со преку стотина дронови во еден месец, и ако се земат предвид и дроновите што ги користат на фронт, очигледно Украина има големи капацитети за производство на дронови со краток и долг домет. Капацитети кои Русија не може да ги неутрализира.

Русите во последните напади успеваа да спасат голем дел од авионите, зашто знаат кога ќе влезат дроновите на нивна територија и бидејќи истите се спори, овие ги креваа сите авиони во воздух. Но фиксни мети како магацини за оружје не можат да кренат во воздух па затоа Украинците ги креваат во воздух. Ваквото штитење драстично ќе се смени кога Украинците ќе почнат со користење на крстосувачки ракети за овие мети што се гаѓани од дронови.
Едно тоа, плус и ако добијаат дозвола да ги користат западните крстосувачки ракети врз Руска територија.
Најверојатно дозволата од Западот ќе биде лимитирана, најверојатно на малите и со краток дострел скалп проектили, и тоа само на еден-два региони, но ќе стане проблем за Русите бидејќи Украинците ќе може да напаѓаат логистички центри, воени мети итн, во суштина мети кои вредат многу повеќе и за кои дроновите што ги користат сега не можат да направат штета.

Ако го добијаат JASSM од САД, веќе сериозно ќе можат да им наштетат на логистиката и операциите во иднина на Русите.
Од она што може да се види во последните месеци е дека користат веќе многу наведувани бомби (Hammer, JDSM-ER и сл) врз Руски позиции, достава на нови авиони во комбинација со воздух-воздух ракети (АМРААМ) и антирадијациски ракети (HARM) полека ја претвораат Украина во вистинска воздушна сила.

Украинско производство, а @Human ?
Не е баш класичен крстосувачки проектил, дизајниран е за потопување бродови, му фали мапирање на терен и сл карактеристики за да напаѓа мети на земја.
Прашање на време е кога ќе почне светска војна
Нема светска, нема Русија со што да ескалира, приказната за нив завршува со Украина.
Западот победи некаде пред 2 години, сега се останато за нив е бонус.
Западот (САД) имаат голема контрола кон каква насока сакаат да се движи конфликтот.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.441
Поени од реакции
5.163
Прашање на време е кога ќе почне светска војна, или претходно западните ќе си легнат на брашно и ќе признаат пораз.
Еднаш да се запрашаше чуму вакви ескалации од САД/НАТО ако било што им оди добро во војната во Украина.
Очекување дека некој што има позиција на хегемон самиот се повлече и ќе признае нова реалност е НЕСЕРИОЗНА.
И во првиот дел имаш грешка во чекори, не е прашање кога ќе почне, туку, кога ќе заврши и кои ќе бидат последиците?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.705
Поени од реакции
33.922
Поентата е дека Украинците немаат производство, а САД немаат ни plausible deniability дека не ги напаѓаат РФ. Тоа требаше да го посочиш, не технички карактеристики на Нептун проектилите.


Нема светска, нема Русија со што да ескалира, приказната за нив завршува со Украина.
Русија со што да ескалира??
Сериозно?

Ти навистина го мислиш тоа? Прокси играта само САД може да ја играат? Не виде што се деси завчера со испофалениот Ајрон доум ПВО, и иранскиот хиперсоничен проектил? Пази тоа е иранска ракетна технологија, нешто во што РФ се супериорни наспрема било кого а само Иран.


Русија и тоа како има со што да ескалира, прашањето е дали во моментов тоа е најдобрата насока. Јас лично мислам дека сега им е право време да го зголемат влогот, да покажат дека сечие трпение има крај. Пошто во спротивно ќе почнат да трпат сериозни штети дома.
Автоматски споено мислење:

Очекување дека некој што има позиција на хегемон самиот се повлече и ќе признае нова реалност е НЕСЕРИОЗНА.
И во првиот дел имаш грешка во чекори, не е прашање кога ќе почне, туку, кога ќе заврши и кои ќе бидат последиците?
Во моментот кога од нешто можат само повеќе да изгубат, ќе го направат тоа. Го имат правено тоа, на пример во Виетнам.
Зошто не го прават тоа може да биде заради две причини (или друго што не го гледаме). Едната е затоа што уште имаат неоткриени карти за играње. Втората е затоа што едноставно имаат луди манијаци зад воланот, доволно очајни за да направат глупости... Времето ќе покаже што, а мислам дека нема уште премногу долго да помине додека да го видиме ендгејмот (pun not intended).

не е прашање кога ќе почне, туку, кога ќе заврши и кои ќе бидат последиците?
Реално може и вака да се гледа на работите. Јас мислев на жешка директна војна, која ваљда нема да помине во нуклеарна и која ќе престане после првото „кошкање“ кога ќе се види дека другиве нема да отстапат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Западот победи некаде пред 2 години, сега се останато за нив е бонус.
Во која димензија е ова? Стварно не гледаш дека западот е во слободен пад последните 5 години, а во последните 3 убрзано?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Поентата е дека Украинците немаат производство, а САД немаат ни plausible deniability дека не ги напаѓаат РФ. Тоа требаше да го посочиш, не технички карактеристики на Нептун проектилите.
САД се јасни дека нивни оружја со долг дострел не сакаат да се користат врз Русија... засега.
И на крајот, што е битно, Русија напаѓа од Руска територија, логично е Украинците да напаѓаат на Руска територија, особено сега кога добиваат капацитети за тоа. Па макар биле тоа и Западни оружја.

Русија со што да ескалира??
Сериозно?
Да, со што е прашањето?
Немаат повеќе ништо во арсеналот за ескалација освен оружје за масовно уништување.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.705
Поени од реакции
33.922
Да, со што е прашањето?
Немаат повеќе ништо во арсеналот за ескалација освен оружје за масовно уништување.
Па да, навистина Русите немаат никакво оружје што може да уништи амерички/вазалски асети. Немаат ништо што нивни луѓе може да го употребат од територија на прокси како на пример Јемен. Немаат ни Кинжал, ни Циркон, ниту ништо од десетиците проектили од претходни генерации кои во доволна сатурација може да потопат... Разурнувач на пример, како за почеток. Не мора ни амерички да биде туку брод на некој од ЕУ вазалите.

Нема шанси да се деси тоа, најпосле Русите се премногу разумни и стрпливи.



Русија напаѓа од Руска територија, логично е Украинците да напаѓаат на Руска територија
Да а?
Значи и кога НАТО напаѓа на јеменска територија, логично е и Јемен да ги нападне и потопи бродовите кои го напаѓаат. Можеби и они како Украинците „развиле“ нова воена ракетна технологија. Најпосле види како погодуваат цели во Израел а нивната прочуена ПВО не може да ги спречи.



САД се јасни дека нивни оружја со долг дострел не сакаат да се користат врз Русија... засега.
И на крајот, што е битно, Русија напаѓа од Руска територија, логично е Украинците да напаѓаат на Руска територија, особено сега кога добиваат капацитети за тоа. Па макар биле тоа и Западни оружја.
Ова утрово што беше?
Украински дрон? Со таков домет и со таков payload?? УПМ, aко имаат такво оружје што не се сетиле досега да уништуваат вакви цели туку ден откако Столтенберг изјави дека Путин блефира (или што веќе точно кажа)! Па Русите имаат веројатно десетици можеби и стотици складишта, рафинерии, фабрики, итн, дури и нафтени извори што се во западен пардон во украински домет...
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
242
Поени од реакции
343
Па да, навистина Русите немаат никакво оружје што може да уништи амерички/вазалски асети. Немаат ништо што нивни луѓе може да го употребат од територија на прокси како на пример Јемен. Немаат ни Кинжал, ни Циркон, ниту ништо од десетиците проектили од претходни генерации кои во доволна сатурација може да потопат... Разурнувач на пример, како за почеток. Не мора ни амерички да биде туку брод на некој од ЕУ вазалите.

Нема шанси да се деси тоа, најпосле Русите се премногу разумни и стрпливи.




Да а?
Значи и кога НАТО напаѓа на јеменска територија, логично е и Јемен да ги нападне и потопи бродовите кои го напаѓаат. Можеби и они како Украинците „развиле“ нова воена ракетна технологија. Најпосле види како погодуваат цели во Израел а нивната прочуена ПВО не може да ги спречи.




Ова утрово што беше?
Украински дрон? Со таков домет и со таков payload?? УПМ, aко имаат такво оружје што не се сетиле досега да уништуваат вакви цели туку ден откако Столтенберг изјави дека Путин блефира (или што веќе точно кажа)! Па Русите имаат веројатно десетици можеби и стотици складишта, рафинерии, фабрики, итн, дури и нафтени извори што се во западен пардон во украински домет...
Нема шанси да било дрон / дронови
Иначе ова е со цел да се сопре контрафанзивата во Курск. Имаше напис дека овој склад се користи за северниот фронт,и еве од пред два часа што викаат
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.705
Поени од реакции
33.922
Нема шанси да било дрон / дронови
Иначе ова е со цел да се сопре контрафанзивата во Курск. Имаше напис дека овој склад се користи за северниот фронт,и еве од пред два часа што викаат
Нема да има ова логистичко влијание на фронтот, ама ако се повторат десетици вакви... Ова е причината зошто овојпат мора да има реакција, ама ќе видиме во иднина.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Па да, навистина Русите немаат никакво оружје што може да уништи амерички/вазалски асети. Немаат ништо што нивни луѓе може да го употребат од територија на прокси како на пример Јемен. Немаат ни Кинжал, ни Циркон, ниту ништо од десетиците проектили од претходни генерации кои во доволна сатурација може да потопат... Разурнувач на пример, како за почеток. Не мора ни амерички да биде туку брод на некој од ЕУ вазалите.

Нема шанси да се деси тоа, најпосле Русите се премногу разумни и стрпливи.
Немаат многу корист од тие Цирконите и Кинжалите во Украина, зошто мислиш дека нешто ќе сменат кај останатите асети од НАТО?
И веќе ги користат, без некој посебен успех. Ќе погодат некоја стратешка мета и тука завршува приказната. Украина 2 години потоа продолжува да се бори со исто темпо.

Да а?
Значи и кога НАТО напаѓа на јеменска територија, логично е и Јемен да ги нападне и потопи бродовите кои го напаѓаат. Можеби и они како Украинците „развиле“ нова воена ракетна технологија. Најпосле види како погодуваат цели во Израел а нивната прочуена ПВО не може да ги спречи.
Нека потопуваат, ако можат. Така е во војна

Што погодуваат во Израел? Што неможе Израел да спречи?
Ова утрово што беше?
Украински дрон? Со таков домет и со таков payload??
Смешен си. Целта што ја погодија Украинците е најмалку 700км оддалечена од Украина. Оружјето со најголем домет што го има добиено Украина од Запад е 300км.

Ако имаа западни оружја со толкав домет немаше ништо да остани од Руските поморски бази на Црно Море, Керч мостот и слично за почеток.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.705
Поени од реакции
33.922
Аха, значи според тебе Циркон/Кинжал (за кои патем Америте сеуште немаат пандан) не се оружје кое може да се искористи против САД/НАТО, нормално со параван од некое прокси. И скроз сеедно е ако некој носач на авиони утре стане нуркачка атракција?

Ги користат во Украина, да. Кога има high value target што би рекле Америте... А Украина тоа што уште ја жртвуваат западните, тоа не е некој аргумент против корисноста на Циркон/Кинжал проектилите. Скраја да е ги употребат на некој носач на авиони (скраја пошто не сакам светска војна), ама глупости лупаш кога кажуваш дека Русија немала оружје со кое може да ги загрози САД и вазалите.


Смешен си. Целта што ја погодија Украинците е најмалку 700км оддалечена од Украина. Оружјето со најголем домет што го има добиено Украина од Запад е 300км.
Ако имаа западни оружја со толкав домет немаше ништо да остани од Руските поморски бази на Црно Море, Керч мостот и слично за почеток.
Ти сериозно ќе тврдиш дека Украина сама развила оружје како JASSM?
ОК, тогаш нема да е чудно и Хутите што ќе развијат Циркон/Кинжал фарбани во нивните бои, така?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Аха, значи според тебе Циркон/Кинжал (за кои патем Америте сеуште немаат пандан) не се оружје кое може да се искористи против САД/НАТО, нормално со параван од некое прокси. И скроз сеедно е ако некој носач на авиони утре стане нуркачка атракција?

Ги користат во Украина, да. Кога има high value target што би рекле Америте... А Украина тоа што уште ја жртвуваат западните, тоа не е некој аргумент против корисноста на Циркон/Кинжал проектилите. Скраја да е ги употребат на некој носач на авиони (скраја пошто не сакам светска војна), ама глупости лупаш кога кажуваш дека Русија немала оружје со кое може да ги загрози САД и вазалите.
Постојано верглаш (верглате) некои непостоечки сценарија. Носач ќе потопеле, нуклеарка ќе фрлеле, светска војна ќе почнеле и еден куп други глупости.

Америка низ децениите беше во судир со многу помоќни држави силно поддржани од тогаш можеби и помоќната супер сила. Не изгубија ни еден брод.

Сега Хутите ќе дошле до пристап на нуклеарка од кај Украинците па со Кинжали ќе гаѓале бродови и уште други ретардирани тврдења.
Русија една пушка им нема пратено на Хутите, не може 2 авиони да им достави на Иранците, ќе прателе Кинжали... :ROFLMAO:
2 и пол години, САД водат прокси војна против Русија, скоро година Хутите гаѓаат бродови во Аден. Што чекаат Русите досега, што не им ги дадат тие оружја?

Русија НЕМА начин да ескалира во војната против Украина освен со употреба на нуклеарно оружје.
Русија НЕМА да нападни ниту една земја на НАТО освен ако не се нападнати од истите.
Русија не може да се справи со Украина, камоли со НАТО или со земји како Полска, која е воено помоќна од Украина.

Ти сериозно ќе тврдиш дека Украина сама развила оружје како JASSM?
ОК, тогаш нема да е чудно и Хутите што ќе развијат Циркон/Кинжал фарбани во нивните бои, така?
Ако можат Иранците и Хутите да развиваат хипер-дупер сонични ракети, што им фали на Украинците? :D
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Иначе јас мислам дека овој магацин со оружје е погоден со амерички проектил или мини авион управуван со старлинк/сателит. Нема натовци јавно ништо да признаат ама ташак шо може еден дрон од 10кг да направи штета на армиран бетон, башка шо 800км пат со едно мало резервоарче не се врви. Кружи инфо дека мосад ги тракирале иранските проектили (шо Русија негираше дека ги купи ) и тие завршиле во овој магацин. Нејсе Русија сеа треба да се открија шо беше како било , ама по свадба тапани не бива

Русија НЕМА начин да ескалира во војната против Украина освен со употреба на нуклеарно оружје.
Русија НЕМА да нападни ниту една земја на НАТО освен ако не се нападнати од истите.
Русија не може да се справи со Украина, камоли со НАТО или со земји како Полска, која е воено помоќна од Украина
Лесно е да водиш војна, кога некој друг им го полни буџетот за плати ем на администрација ем на војска, кога друг им дава тенкови (преку 1000 парчиња ако не се лажам) хеликоптери и авиони, кога друг им произведува и доставува струја ( една централа немаат останато освен нуклеарните), кога друг им произведува ракети и артилетија и им го чува до граница за кога ќе им затреба ( Русија нема да стрела на Полска во магацини за оружје)
Лесно е кога ги имаш сите сателити на располагање (воените имаат резолуција помала од 1цм) а и понекад некој awacs во црно море/Скандинавија.
Па уште полесно е дури и кога друг ќе ти најдат и војници (колумбици и пољаци на пример имаше многу) или да плати терористи да роваат низ Русија ( како тие во Москва трговски от).


Така и с.кореа ја победи америка, виетнам ја победи америка. Така и Авганистан го победи советскиот сојуз. Во сите три примери победникот давал само луѓе, исто како и украинците сега.

На натовци иначе патем војнава им е добивка без никакви последици. Пример да имаа директна конфронтација со Русија, ќе имаа некакви последици и двете страни, а натовци плус ќе требаше да делат ресурси за Скандинавија, Балтик, Полска итн итн.
Вака никакви последици немаат ( милион загинати украинци не е како милион загинати холанѓани пример) и сите ресурси им се за една држава. Башка, знаат дека Русија нема да им гаѓа авиони бродови сателити, па така можат да се вклучат доволно колку да не сметаат дел од војната ама да уствари војуваат. Дополнително плус им е тоа што Украина се празни ( останати се уште 20 милиони во последни статистики) па натовци си добиваат евтина работна сила шо си е плус за економијата на нато

Така да оваа варијација на војна со Русија е максимумот на Нато, секоја друга алтернатива ќе имаат некаков губиток.

А за Руска ескалација мислиш дека нема вредни мети во Украина? Мислиш дека русија незнае кои и какви мети има во држава што уствари помогнаа да се изгради. Украина пример има х големи морски терминали , у големи аеродроми и z големи центри за сервис и поправка на локомотиви. да не спомнувам електрични централи оти незнам дали им останаа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom