Иначе јас мислам дека овој магацин со оружје е погоден со амерички проектил или мини авион управуван со старлинк/сателит. Нема натовци јавно ништо да признаат ама ташак шо може еден дрон од 10кг да направи штета на армиран бетон, башка шо 800км пат со едно мало резервоарче не се врви. Кружи инфо дека мосад ги тракирале иранските проектили (шо Русија негираше дека ги купи ) и тие завршиле во овој магацин. Нејсе Русија сеа треба да се открија шо беше како било , ама по свадба тапани не бива
Русија НЕМА начин да ескалира во војната против Украина освен со употреба на нуклеарно оружје.
Русија НЕМА да нападни ниту една земја на НАТО освен ако не се нападнати од истите.
Русија не може да се справи со Украина, камоли со НАТО или со земји како Полска, која е воено помоќна од Украина
Лесно е да водиш војна, кога некој друг им го полни буџетот за плати ем на администрација ем на војска, кога друг им дава тенкови (преку 1000 парчиња ако не се лажам) хеликоптери и авиони, кога друг им произведува и доставува струја ( една централа немаат останато освен нуклеарните), кога друг им произведува ракети и артилетија и им го чува до граница за кога ќе им затреба ( Русија нема да стрела на Полска во магацини за оружје)
Лесно е кога ги имаш сите сателити на располагање (воените имаат резолуција помала од 1цм) а и понекад некој awacs во црно море/Скандинавија.
Па уште полесно е дури и кога друг ќе ти најдат и војници (колумбици и пољаци на пример имаше многу) или да плати терористи да роваат низ Русија ( како тие во Москва трговски от).
Така и с.кореа ја победи америка, виетнам ја победи америка. Така и Авганистан го победи советскиот сојуз. Во сите три примери победникот давал само луѓе, исто како и украинците сега.
На натовци иначе патем војнава им е добивка без никакви последици. Пример да имаа директна конфронтација со Русија, ќе имаа некакви последици и двете страни, а натовци плус ќе требаше да делат ресурси за Скандинавија, Балтик, Полска итн итн.
Вака никакви последици немаат ( милион загинати украинци не е како милион загинати холанѓани пример) и сите ресурси им се за една држава. Башка, знаат дека Русија нема да им гаѓа авиони бродови сателити, па така можат да се вклучат доволно колку да не сметаат дел од војната ама да уствари војуваат. Дополнително плус им е тоа што Украина се празни ( останати се уште 20 милиони во последни статистики) па натовци си добиваат евтина работна сила шо си е плус за економијата на нато
Така да оваа варијација на војна со Русија е максимумот на Нато, секоја друга алтернатива ќе имаат некаков губиток.
А за Руска ескалација мислиш дека нема вредни мети во Украина? Мислиш дека русија незнае кои и какви мети има во држава што уствари помогнаа да се изгради. Украина пример има х големи морски терминали , у големи аеродроми и z големи центри за сервис и поправка на локомотиви. да не спомнувам електрични централи оти незнам дали им останаа.